АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
0
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАНОВИТЕТИТЕХНОЛОГИЈАЗАНИМЛИВОСТИ
Tesla S повторно ги пробива границите: 0-96 km/h за 2.4 секунди!
17.11.2016 | 13:19
Извор: Точка
Прочитано: 9734 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Илон Маск никогаш не мирува! Првиот човек на Tesla Motors најави дека новото софтверско ажурирање ќе овозможи моделот S P100D од 0 до 96 километри на час (0-60 милји на час) да забрза за само 2.4 секунди.

Во меѓувреме поминаа нешто помалку од две години откако Tesla го лансираше Model S P85D со таканаречениот “лудило” режим на работа, којшто на овој автомобил му овозможуваше фантастични перформанси – од состојба на мирување до брзина од 96 километри на час тој стигаше за само 3.2 секунди.

Сите коишто тогаш имаа ексклузивна можност да го искусат ваквото забрзување во тест возење, во најмала рака останаа запрепастени.


Меѓутоа, тоа било само почеток на целата приказна. Само половина година подоцна, кон средината на 2015-та година, Маск претстави уште побрз модел – Model S P90D, којшто постигнуваше брзина од 96 километри на час за само 2.8 секунди. Се чинеше дека врвот е достигнат токму изминатово лето, кога беше лансиран Model S P100D, којшто овој временски интервал го скрати на 2.5 секунди.

Сепак, само три месеци подоцна, Маск на сопствениците на овој модел им приреди ново изненадување.

За месец декември, оваа година, Маск најави ажурирање на софтверот со коешто времето поребно за оваа електрична лимузина да достигне брзина од 96 километри на час ќе биде спуштено на неверојатни 2.4 секунди!

Исто така, ќе биде подобрен и резултатот при забрзување во правец на должина од 400 метри (четврт милја). Тој сега ќе изнесува 10.6 секунди.



Маск изјавил дека овие унапредувања ќе претставуваат специјален подарок и бонус, покрај сите други подобрувања коишто ќе ги искуси возачот на Model S кога софтверот ќе биде имплементиран.

Tesla Model S P100D со претходниот резултат од 2.5 секунди веќе успеа да застане рамо до рамо со најбрзите современи суперспортски автомобили како што се Bugatti Veyron Super Sport, Ferrari LaFerrari или Porsche 918 Spyder, а сега ќе биде и уште поубедлив кога ќе застане на стартната линија покрај овие великани.



Првиот човек на Tesla соопшти и дека истото софтверско подобрување ќе биде применето и на кросовер моделот – Model X P100D, којшто благодарение на направеното ажурирање од 0 до 96 километри на час ќе стига за 2.8 секунди (претходниот резултат изнесуваше 2.9 секунди).

НАЈНОВО ОД ТЕХНОЛОГИЈА  
ТЕСЛА
Новитет од Тесла: Уште еден чекор поблиску кон целосна автономија...
Надградбата на автопилотот на Тесла претставува уште еден чекор понапред кон воведувањето на целосна автономија на нивните автомобили.
04.01.2017, 14:33


ТЕСЛА МОТОРС
Ова е "видовитиот" авто-пилот на "Тесла"
На снимката, авто-пилотот кочи за да избегне судир на автопатот, иако самиот возач сè уште не го гледа
28.12.2016, 15:14


АУДИ
Ауди го претстави автомобилот кој што „комуницира" со семафорите
Со оглед на напредокот на технологијата во автомобилската индустрија, прашање на време е кога автомобилите ќе комуницираат меѓу себе и со останатата инфраструктура со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Последната иновација на ова поле пристигнува од Ауди.
09.12.2016, 15:56


УЛТИМАТИВНИ МОДЕЛИ
Направен да се распадне, а сепак да го сочува животот на возачот
Во текот на вчерашните бркотници во коишто учествувале неколку возила, во Лос Анџелес е уништен еден McLaren 650S Spider, но неговиот возач минал речиси без повреди.
04.11.2016, 11:46


АВТОМОБИЛИ
Сега е вистинското време да заборавите на класичните SUV модели
Изминатиов викенд помина во знакот на Mercedes, којшто најави дека до крајот на оваа деценија ќе започне со сериско производство на моделот EQ, којшто неодамна беше претставен во облик на концепт. Исто така, германскиот бренд подготвил и неколку нови агрегати коишто би требало да го имаат своето деби кај редизајнираната S-Class.
01.11.2016, 12:44

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Корисни совети: Зимска нега на вашето возило – перењето токму сега е најважно!
Секогаш кога времето е лошо, возачите како по автоматизам да престануваат да мислат на тоа дека треб...
ИНТЕРЕСНО
Тоа се нарекува ладен старт: Како стартуваат автомобилите на -40 степени Целзиусови?!
ЗАНИМЛИВОСТИ
Трка „еден на еден": Хрватскиот суперавтомобил го победи и моќниот Bugatti Veyron
ЗАНИМЛИВОСТИ
Кој е појак? Audi Q7 и Toyota Hilux влечат јаже...
НЕСЕКОЈДНЕВНО
Го загревал автомобилот пред својата куќа – сега мора да плати казна од 128 долари

ВИДЕО ВЕСТИ

Каква сила! Погледнете како моќната Lada Niva чисти снег
Добра организација, синхронизација и механизација... Но, кога ќе завее, нема никаква помош од сето тоа, ако не се делува на време. Меѓутоа, сите оние коишто поседуваат автомобил каков што е легендарната Lada Niva, по сè изгледа може да го имаат решението за чистење на снегот – во сопствена режија.
ЗАНИМЛИВОСТИ
Трка „еден на еден": Хрватскиот суперавтомобил го победи и моќниот Bugatti Veyron
ЗАНИМЛИВОСТИ
Кој е појак? Audi Q7 и Toyota Hilux влечат јаже...
ИНТЕРЕСНО
Тоа се нарекува ладен старт: Како стартуваат автомобилите на -40 степени Целзиусови?!

ФОТО  
30 автомобили кои зимата ги претвори во уметнички дела

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ЗАНИМЛИВОСТИ
Корисни совети: Зимска нега на вашето возило – перењето токму сега е најважно!
ИНТЕРЕСНО
Тоа се нарекува ладен старт: Како стартуваат автомобилите на -40 степени Целзиусови?!
ЗАНИМЛИВОСТИ
Трка „еден на еден": Хрватскиот суперавтомобил го победи и моќниот Bugatti Veyron
ЗАНИМЛИВОСТИ
Кој е појак? Audi Q7 и Toyota Hilux влечат јаже...
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: