АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
2
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАНАУКАТЕХНОЛОГИЈА
Пластичен отпад и мртви животни: Луѓето го загадиле и едно од најнепристапните места на Земјата
17.02.2017 | 18:00
Извор: Точка
Прочитано: 5833 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Маријанската бразда во северниот Пацифик е најдлабокиот дел од светскиот океан, место толку непристапно што секој би помислил дека е недопрено и имуно на човечка активност. Но, Маријанската бразда е загадена.

Маријанската бразда е едно од најдлабоките и најтемни места на Земјата, за научниците помалку позната од површината на Месечината.

На дното, на длабочина од 11 километри, температурата на водата е премногу ниска, а притисокот е толку голем што би го згмечил човекот како бубачка.


Научниците ја истражиле неодамна. "Мислевме дека се работи за изолирано кралство, безбедно од човечко влијание. За жал, тоа не може да биде подалеку од вистината", напишал водечкиот автор на истражувањето за загаденоста на Маријанската бразда, Алан Џејмисон од универзитетот во Њукасл.

Маријанската бразда е за четвртина подлабока од тоа што е висок Монт Еверест.


Пластичен отпад и мртви животни

Загаденоста до тие длабочини дошла веројатно во облик на пластичен отпад и мртви животни кои потонале на дното, напишале научниците во списанието Nature Ecology & Evolution.

Тие на дното на Маријанската бразда спуштиле посебна подморница опремена со мамци за фаќање амфиподи, ситни суштества налик на ракчиња.


Амфиподите се меѓу ретките суштества кои можат да преживеат во толку негостољубиво окружување со екстремен притисок. Научниците ги тестирале на присуство на хемикалии.

Резултатите покажале високи нивоа на контаминираност, вклучувајќи и "поликлориран бифенил - PBC", кој бил забранет пред речиси 40 години.


Нивото на PBC кај амфиподите во Маријанската бразда е дури 50 пати поголемо од тоа пронајдено меѓу ракчињата во реката Лиаохе, една од најзагадените во Кина.

"Фактот дека пронајдовме големо ниво на загаденост во едно од најизолираните и најнепристапни места на Земјата, покажува колку е долгорочно и разорно влијанието на човештвото на оваа планета", рекол Џејмисон.


Како загадувањето дошло до таму?

Се верува дека 1,3 милиони PBC, кои во екосоставот остануваат со децении, биле произведени помеѓу 30-тите и 70-тите години од минатиот век. Тој хлорид се користел во електричните апарати и во индиго хартијата.

Научниците на амфиподите пронашле и траги од уште еден долговечен загадувач, полибромиран дефенил етер.

"Како дошле до таму? Еднаш кога ќе потонат, тонат подлабоко, подлабоко и подлабоко. Немаат каде на друго место бидејќи немаат механизам што ќе ги врати на површината", објаснил Џејмисон.

НАЈНОВО ОД НАУКА  
НАУКА
Научници од Велика Британија наскоро ќе можат да изведуваат медицински експерименти во вселената на нулта гравитација
Британските научници наскоро ќе летаат во вселената за да спроведуваат медицински експерименти од најсовремена метода на нулта гравитација, благодарение на новите закони кои ќе направат пат за новата ера на научни истражувања.
21.02.2017, 12:14


НАСА
НАСА утре претставува големо откритие "надвор од нашиот Сончев систем"
Американската вселенска агенција НАСА, утре ќе одржи прес конференција на која ќе претстави "откритие надвор од нашиот Сончев систем".
21.02.2017, 11:21


ПЛАНЕТА 9
Потребни сте ѝ на НАСА: Можете ли од фотелја да ја пронајдете Планетата 9?
НАСА финансира веб страна која овозможува јавна потрага по нови неоткриени светови на работ на нашиот соларен систем и во соседниот меѓуѕвезден простор.
17.02.2017, 15:51


ЗЕЛАНДИЈА
Откриен осми континент: Која тајна ја крие Зеландија?
На нашата планета постои уште еден скриен континент кој е прикачен на Нов Зеланд.
16.02.2017, 16:34


НАУКА
Откриено мислењето на Винстон Черчил на тема "вонземјани" од загубен есеј
Новооткриен есеј напишан од Винстон Черчил открива дека тој верувал во можноста за живот на други планети.
16.02.2017, 10:32

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Германски научници измислија течност за заштита на екранот од паметните телефони
Овој пронајдок можеби е најдобрата заштита на екранот на вашиот паметен телефон од гребнатинки.
НАСА
НАСА утре претставува големо откритие "надвор од нашиот Сончев систем"
ТЕХНОЛОГИЈА
Можеби изгледа морничаво, но го нарекуваат робот-поштар на иднината
ТЕХНОЛОГИЈА
Дали меилот кој ви стигна е "фејк"? 5 совети како да ги препознаете и избегнете сајбер-криминалците
НАУКА
Научници од Велика Британија наскоро ќе можат да изведуваат медицински експерименти во вселената на нулта гравитација

ВИДЕО ВЕСТИ

Германски научници измислија течност за заштита на екранот од паметните телефони
Овој пронајдок можеби е најдобрата заштита на екранот на вашиот паметен телефон од гребнатинки.
ТЕХНОЛОГИЈА
Урнебесни реакции: Деца тестираат застарени геџети
ЗЕЛАНДИЈА
Откриен осми континент: Која тајна ја крие Зеландија?
ТЕХНОЛОГИЈА
Кога точно ќе пристигне, што ќе донесе и колку ќе чини новиот Galaxy S8?

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ТЕХНОЛОГИЈА
Порно филмови тајно сокриени на YouTube: Пиратите го надмудрија Google со многу едноставна финта
ПАМЕТНИ ТЕЛЕФОНИ
Nokia P1: 6 GB RAM, Snapdragon 835, моќна и скапа!
НАУКА
Откриена тајната за екстремно долгото опстојување на првата цивилизација на Земјата
ЗЕЛАНДИЈА
Откриен осми континент: Која тајна ја крие Зеландија?
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: