АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
19
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАНАУКАТЕХНОЛОГИЈА
Големо откритие: Научници успеале да преведат комуникација на лилјаци
29.12.2016 | 14:30
Извор: Точка
Прочитано: 6922 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Со помош на напреден алгоритам, научниците успеале да ги преведат звуците кои што ги испуштаат лилјаците и да откријат многу повеќе за нивниот свет и комуникација.

Науката до денес има докажано дека постои основна комуникација помеѓу животните, безразлика на тоа дали таа е во облик на погледи, мириси или звук. Сепак, научниците од универзитетот во Тел Авив во Израел, откриле дека, барем кога се во прашање лилјаците, нивната „сложена“ комуникација е повеќе од јасна.

Истражувањето покажало дека кога ќе се собере една група на лилјаци, тие „разговараат“ за точно одредени проблеми.


Јоси Јовел и неговите колеги научници следеле група од 22 лилаци од видот Rousettus aegyptiacus во период од 75 дена. Со помош на модифициран алгоритам кој што првобитно бил развиен за да препознава човечки глас, научниците внесле повеќе од 15 илјади различни звуци кои што ги испуштаат лилјаците. Аудио податоците потоа научниците ги поврзале со видео снимките од леглата за да утврдат дали има врска меѓу звукот и конкретните ситуации.

Научниците утврдиле дека звуците не само што не се случајни, туку и дека дури 60 проценти од нив можат да се анализираат и да се сместат во четири категории: расправија околу храна, расправа околу позицијата на спиење, повици за парење и расправија поради преголемата близина на една од друга единка.


Тоа што најмногу ги изненадило научниците е тоа што лилјаците на благо поинаков начин им се обраќаат на различни единки во групата, нешто што го прават луѓето. Со оглед на тоа што луѓето и делфините досега беа единствените видови за кои што е познато дека се служат со индивидуално обраќање, откритието објавено во магазинот Scientific Reports може да биде од пресудно значење за понатамошното истражување на „јазикот на лилјаците“.

Јовел и неговиот тим ќе го продолжат истражувањето не само за подетално да ја мапираат комуникацијата помеѓу лилјаците, туку и за да утврдат како тие го учат овој јазик и дали се служат со истата комуникација и кога се надвор од леглото.

НАЈНОВО ОД НАУКА  
БЕРЛИН
Германија тестираше „вештачко сонце“
Германските научници денеска спроведоа експеримент во кој го тестираа „најголемото вештачко сонце“, што треба да доведе до нови начин за производство на чиста енергија, јави дописникот на МИА од Берлин.
23.03.2017, 14:19


РУСИЈА
Сибирскиот воен остров: Мистериозна тврдина за која што научниците и денес немаат објаснување
Целиот комплекс на Сибирското езеро кој што потсетува на тврдина е стар над 1,300 години, а научниците и денес немаат објаснување за што точно станува збор.
22.03.2017, 17:00


НАУКА
Таа го воодушеви научниот свет: Оваа млада кубанка ја нарекуваат "новиот Ајнштајн", а еве зошто
Една од работите кои брилијантните умови од престижниот МИТ (Massachusetts Institute of Technology) ги прават, покрај тоа што размислуваат за природата на вселената и изградба на научно-фантастични уреди, е и анализите на вредноста на воздухот за леталото на владата на САД.
22.03.2017, 11:09


ЗАНИМЛИВОСТИ
Откриле мистериозно виолетово јајце на дното на морето и никој не знае за што станува збор
Националната океанска и атмосферска администрација (NOAA) открила на морското дно мистериозно јајце - а интернетот едноставно пламнал по ова откритие.
21.03.2017, 11:27


НАУКА
Професор Стивен Хокинг вели дека ќе патува во вселената откако му беше понудено место во Вирџин Галактик
Професорот Стивен Хокинг изјави за "Good Morning Britain" дека веќе го поминал тестирањето за летање во нулта гравитација пред возбудливото патување
20.03.2017, 12:59

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Сибирскиот воен остров: Мистериозна тврдина за која што научниците и денес немаат објаснување
Целиот комплекс на Сибирското езеро кој што потсетува на тврдина е стар над 1,300 години, а научници...
НАУКА
Таа го воодушеви научниот свет: Оваа млада кубанка ја нарекуваат "новиот Ајнштајн", а еве зошто
ТЕХНОЛОГИЈА
Google Maps воведува новост која што ќе ви се допадне
ТЕХНОЛОГИЈА
Голем телефон за мали пари: Ова е Sony Xperia L1
ДУБАИ
Робокап стигна и во Дубаи: Роботи полицајци ќе патролираат по улиците на пребогатиот град

ВИДЕО ВЕСТИ

Како во филмовите: Еден од најбогатите луѓе во светот управува џиновски робот
Џеф Безос, милијардер и основач на компанијата "Amazon", оствари еден од детските соништа - да управува со џиновски робот.
НАУКА
Професор Стивен Хокинг вели дека ќе патува во вселената откако му беше понудено место во Вирџин Галактик
ТЕХНОЛОГИЈА
Кога партнери се Levi's и Google, тогаш го добивате ова...
ТЕХНОЛОГИЈА
Бидете внимателни: Клоновите на паметните телефони стануваат сè подобри

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
НАУКА
Откритие кое сите ги изненади: Од кал се појави Рамзес стар 3.000 години!
СИБИР
Џиновската дупка во Сибир се шири - никој не знае зошто
ТЕХНОЛОГИЈА
Најавен е „напад" на Ајфон и Галакси: Наскоро пристигнува најмоќниот телефон на Нокиа
ЗЕЛАНДИЈА
Откриен осми континент: Која тајна ја крие Зеландија?
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: