АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
0
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАФИЛММУЗИКАСЕЛЕБРИТИМК СЦЕНА
Подготвени сме за Виенскиот новогодишен концерт 2017!
30.12.2016 | 16:40
Извор: Fashionel.mk
Прочитано: 7480 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Некому можеби звучи неверојатно, но постојат луѓе што се повозбудени околу Виенскиот новогодишен концерт, отколку за дочекот на новата 2017 година.

Оваа културна традиција е нешто што никогаш нема да ја загуби својата вредност, актуелност и почит кај милионската публика ширум светот.

Претстојниот концерт е во фокусот на вниманието поради диригентот Густаво Дудамел, кој всушност ќе биде најмладиот диригент на традиционалниот Виенски новогодишен концерт. Овој 35-годишен Венецуелец ќе биде 16-тиот диригент под чија палка оркестарот на Виенската филхармонија ќе изведе полки, валцери, маршови од музичкото семејство Штраус.


Дудамел стана еден од најбараните диригенти благодарение на неверојатниот талент и енергијата со која ги плени слушателите ширум светот. На диригентскиот пулт застанува првпат со 12 години, со Младинскиот оркестар во родниот град, кога и е откриена неговата дарба за оваа професија. Две години подоцна оди на часови кај Хосе Обреа. Студира на државниот конзерватуриум „Хакинто Лара“ кај Хосе Луис Хименез.


Како млад генијалец, настапува ширум родната земја, а на 18 години е поставен за главен диригент на државниот Младински симфониски оркестар „Симон Боливар“. Со овој ансамбл, Густаво Дудамел остварува голем успех како во земјата, така и во Јужна Америка, а гласот за неговата генијалност се прошири и ширум светот, па воопшто не изненадува што денес е еден од најбараните и најпочитуваните диригенти.

Минатогодишното издание го следеа повеќе од 50 милиони гледачи, бројка што се очекува и годинава.


Традиционално, дел од остварените приходи се издвојуваат во добротворни цели. Во 2015-тата во склад со силната мигрантска криза, одвоените средства беа наменети токму за помош на мигрантите. Каде ќе бидат насочени овој пат останува да видиме.

За потсетување, првиот Виенски новогодишен концерт е одржан на 31-ви декември во 1939 година. Од 1959 година се пренесува телевизиски и тоа во живо. За концертот на 1-ви јануари, како и за претходните две изведби на 30-ти и 31-ви декември, картите се распродадени уште во јануари годинава и тоа по пат на интернет лотарија. На овој начин љубителите на класичната музика од сите страни на светот имаат шанса да дојдат до овие барани карти.


Аплицирањето за картите за следниот новогодишен концерт (2017/8) ќе се одвива од 2-ри јануари па сè до 29-ти февруари 2017 година.

Цената на билетите повторно се движи од 35 до 1090 евра за новогодишниот концерт на 1-ви јануари.

За картите може да се аплицира преку регистрација на страницата тука и може да се аплицира само еднаш за еден концерт.


И како и секоја година 11.15 часот е времето за уживање, за совршен почеток на 2017!

НАЈНОВО ОД МУЗИКА  
КРАЛИЦА НА СОУЛ МУЗИКАТА
Арета Френклин oди во пензија!
“Оваа година ќе се пензионирам”, изјавила во телефонско интервју оваа 74-годишна пејачка.
20.02.2017, 14:15


МУЗИКА
Изненадување за фановите: Повторен собир на бендот NSYNC
Ленс Бас, поранешен член на бој бендот NSYNC изјавил дека е многу тешко да испланираат кога точно ќе се вратат. Тој рекол дека се надева оти тоа ќе се случи околу Божиќ на откривањето на нивните ѕвезди на Булеварот на славните.
18.02.2017, 14:12


НОВИТЕТИ
John Newman на отварањето на овогодинешниот Sea Dance фестивал!
Британската соул ѕвезда и еден од најбараните музичари на денешницата – John Newman, ќе настапи на отворањето на овогодинешниот Sea Dance фестивал.
17.02.2017, 13:55


НАСТАН
МКЦ во звуците на хип-хоп музиката: Се одржа скопската едиција на “Do The Right Thing”
За сите љубители на хип-хоп, соул и фанк класиците, вчера беше одржана Скопската едиција на “Do The Right Thing”, забава која го носи името на легендарниот филм на Спајк Ли.
15.02.2017, 14:27


ФИЛМСКА КОМПИЛАЦИЈА
Тhe Prodigy во продолжението на култниот филм “Trainspotting”
Во очекување на премиерата на продолжението од култниот филм на сите времиња, имавме прилика да го преслушаме официјалниот soundtrack, кој беше објавен на почетокот од годината.
14.02.2017, 16:09

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Децата на Анџелина Џоли пораснаа! Погледнете ги како изгледаат сега во Камбоџа на премиерата на нејзиниот нов филм
Речиси пет месеци откако Анџелина Џоли поднесе барање за развод од Бред Пит, актерката е повторно во...
СЕЛЕБРИТИ
Повеќе од 200 фотографии: Протекле голи фотографии кои Емили Ратајковски му ги испраќала на непознат маж
СЕЛЕБРИТИ
Расизам во Дубровник: Џејми Фокс го навредиле во ресторан
СЕЛЕБРИТИ
Прв пат пред камера: Аџелина Џоли во солзи проговорила за Бред Пит
СЕЛЕБРИТИ
Француските медиуми објавија фотографии од местото на злосторството - грабежот на Ким Кардашијан

ВИДЕО ВЕСТИ

„Основачот“: Како Мекдоналдс всушност станал гигант на денешницата
Ова е приказната за Реј Крок, трговски патник и одличен продавач кого комбинацијата на амбиција, упорност и немилосрдност го направиле вистински џин на денешницата.
МАЛАВИ
Мадона посвоила близнаци: Се јавил нивниот татко, кој тврди дека е измамен и ги бара назад!
КРАЛИЦА НА СОУЛ МУЗИКАТА
Арета Френклин oди во пензија!
СЕЛЕБРИТИ
Француските медиуми објавија фотографии од местото на злосторството - грабежот на Ким Кардашијан

ФОТО  
30 фотографии кои покажуваат колку всушност беше луда и откачена клубската сцена во 90-тите

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ФИЛМ
Ова се најпровокативните секс сцени во филмската историја
ФИЛМ
Немаат поим од глума, но се неверојатно богати! Ова се најнеталентираните холивудски актери
СЕЛЕБРИТИ
Најминијатурното бикини на светот едвај го издржало бујното деколте на оваа убавица
СЕЛЕБРИТИ
Парот кој ги збуни сите: Кој е човекот покрај младата манекенка?
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: