АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
5
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСПОРТШОУ БИЗНИССТИЛБИЗНИСПОЛИТИКА
Интервју со инженерите во GEO-ING, производно претпријатие за обработка на дрво - Германска школа на Македонски терен
20.12.2016 | 12:38
Извор: Точка
Прочитано: 8866 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Дипломираниот инженер Петар Георгиевски и архитектот Ана Савева ги запознавме при финалната изведбата на дрвена фасада на еден модерен објект, семејна куќа во Скопје. Заедно ја водат компанијата Гео-Инг дрвоградба, http://www.geo-ing.com/производно претпријатие кое се занимава со обработка на дрво и дрвени конструкции како и изведба на монтажни објекти според најсовремена компјутерски поддржана технологија.

Станува збор за двајца професионалци во својата област кои своето инженерско знаење го стекнаа во модерни фабрики за дрвоградба во Германија, и кои успеаја германската технологија на обработка на дрво да ја пренесат во Македонија.

Имаат изработено многу проекти, што е навистина воодушевувачки за млади луѓе, да донесат ново знаење во Македонија. Според нив дрвото дава посебна естетиката и топлина на станбениот објект. Монтажните објекти, дрвените фасади, перголи, настрешници, огради, дрвени подови, детските игралишта, мебел за во градина се дел од производите кои оваа компанија ги изведува.

1. Тоа што го научивте во Германија, дали имате можност да го примените во Македонија?

Секако. Дрвото се почесто се користи во изведбите на најразлични објекти. А првите објекти кои ги проектиравме и изведовме беа најдобра препорака за нас. Сведоци сме дека последниве години со дрво се почесто се проектираат и изведуваат фасади, патеки околу куќата и во градината, влезни скали.


Дрвото дава топлина, претставува материјал кој го збогатува просторот, а истовремено има големи функционални вредности. Не држи влага, не се лизга, стабилен е како материјал, и лесно се одржува. Благодарение на германската технологија за обработка на дрво, со модерни компјутерски програми за конструирање на производите, секако и со познавањето карактеристиките на различните видови дрво имаме можност да креираме трајни објекти кои го облагородуваат просторот. Објектите на кои сме работеле, едноставно ги одземаат воздишките на луѓето.

2. Дали објектите изградени од дрво имаат високи енергетски карактеристики, и колку од овој тренд е застапен кај нас?

Дрвото како конструктивен материјал има одлични технички карактеристики. Се карактеризира со висока густина, одлични јакосни својства, лесно се обработува и има димензиона стабилност, има одлични изолациони карактеристики, со што објектите кои се градат со него добиваат високи енергетски вредности, односно тоа се објекти кои заштедуваат на греење и ладење, кое е оптимализирано во дрвените објекти.


Не треба да се заборави и естетската вредност на дрвото. Тоа дава топлина и убавина на објектите каде се користи. Предрасудите полека ги менуваме, но сеуште треба едукација.

Благодарение на дигиталните медиуми информациите за новите трендови во градежништвото и архитектурата стигаат и кај нас, што придонесува да имаме сопственици на објекти и архитекти кои го користат дрвото во проектирањето и изведбата на објектите. А објектите на кои сме работеле се најдобра препорака за нас. Дефинитивно дрвените фасади и куќи носат нов квалитет и естетика во градежништвото.

3. Дали дрвото е траен материјал, дали нема да скапе со тек на време, и кој вид на дрво е препорачлив за фасада, како конструктивен материјал?

Квалитетот на дрвото како градежен материјал е неоспорен, и доколку дрвото правилно се одржува, животниот век е многу долг. Може да се користи како фасада, за изработка на перголи, настрешници, монтажни куќи, подови, скали итн. Покрај високата естетска вредност со која придонесува во изгледот на одреден објект, дрвото има голема градежна вредност. Дрвото по обработката и поставувањето се третира со водоотпорни премази, ефикасно спречувајќи влага.


Дрвото е совршен градежен материјал во природна смисла, порозно е и дише, т.е. овозможува оптимална влажност и топлина, а температурата на дрвените трупци во внатрешноста секогаш е еднаква на температурата на воздухот во тие простории. Дрвото го спречува статичкиот електрицитет и циркулација на прашината во просториите.

4. Кои производи од дрво најчесто ги изработувате?

Сеуште најчесто се изведуваат настрешници, дрвени куќички, перголи за во градините, но она што не радува во последно време е изведбата на дрвени детски игралишта и дрвени фасади. За разлика од западно европските земји каде тоа е тренд, изведба на дрвени монтажни куќи, кај нас сеуште постојат стереотипи, кои се надеваме полека ќе се сменат.


5. Кај нас постојат предрасуди дека дрвените монтажни куќи се од привремен карактер, дека се за викендици. Тоа не е случај со најразвиените земји, каде изградбата на куќи е токму од квалитетни и избрани дрвени материјали. Кој е бенефитот да се има дрвена куќа?

Во развиените западни земји луѓето преферираат дрвени градби во кои секојдневно живеат. Познато е дека дрвото важи за квалитетен изолатор, овозможувајќи одлична звучна и топлинска изолација. Дрвените куќи можат да одолеат на ветар со брзина од 200 км/час, на пожар, а поради својата еластичност гарантираат постојаност и при силни земјотреси и движење на земјиштето. Привременоста на дрвените куќи е секако предрасуда, која произлегува пред се од квалитетот на досегашните градби со дрво кај нас, и од несоодветниот материјал кој се употребувал.


Како за споредба едни т.н. “зимски” држави како Финска, Норвешка, Русија, Германија многу повеќе градат од дрво, отколку со други градежни материјали, бидејќи се свесни за придобивките на објектите од дрво.Квалитетот на дрвото како градежен материјал е неоспорен, и доколку дрвото правилно се одржува, животниот век е многу долг.

А градењето со дрво е работа на Гео-Инг. е-mail: contact@geo-ing.com Tелефон: (02) 27 34 014

НАЈНОВО ОД БИЗНИС  
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Златко Муцунски: Audi Q5 е нашата нова звезда која уште на прв поглед ќе ве плени со својот импресивен изглед
Максимално прилагоден на потребите на љубителите на Ауди, нашиот нов знаменосец во премиум сегментот ја следи традицијата и нуди многу простор, удобност и безбедност а ќе ве изненади и со изобилството на hi-tech опрема.
21.02.2017, 13:38


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Панче Стоименовски, маркетинг менаџер на Мебел-Ви: Купувањето он-лајн не е табу-тема во Македонија
Мебел-Ви Дооел Виница е компанија за производство и продажба на мебел, која постои од 1997 година. Таа, оваа година ќе го прослави својот јубилеен 20-ти роденден. Како компанија, Мебел-Ви веќе се позиционира на лидерското место на пазарот во Македонија и нуди вработувања на повеќе од 170 високо обучени лица.
08.02.2017, 15:30


ИНТЕРВЈУ
Никола Илиевски, Менаџер во A&Е Груп: Tonino Lamborghini е кафе кое е симбол на италијанската култура и традиција
Прочитајте го интервјуто со Никола Илиевски, Менаџер во A&Е Груп, дистрибутер на ексклузивните кафиња и чаеви Tonino Lamborghini, и дознајте нешто повеќе за овој премиум бренд!
13.01.2017, 15:38


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Нина Ангеловска: Најважната особина на вработениот во новиот технолошки свет е брзото учење и адаптирање
Брзо оди, брзо зборува а уште побрзо типка на тастатурата од телефонот. Има една од најубавите насмевки и остра, но освежувачка, искреност. Често вели „Никогаш не се жали“. Невозможно е да седиш спроти неа а да не те инспирира и плени со својот шарм, ентузијазам, амбиција, ведрина и решителност. На моја радост, на крајот од работниот ден, се сретнавме во „Carpe Diem“, на чаша добро вино затоа што знам дека Нина е љубител и веќе задоволително искусен дегустатор и уживач...
02.12.2016, 11:24


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Славица Биљарска: Релативизираме и генерализираме. Се подведуваме под девизата „сите се исти“
Со Славица се запознавме на AllWeb 2015, се сеќавам носеше кошула со илустрации од Костуранов и беше една од најдинамичните личности во салата. Цела година после тоа, се сретнавме повторно на овогодинешната конференција за дигитален маркетинг „AllWeb“, на која Славица е еден од организаторите.
23.11.2016, 12:57

НАЈЧИТАНИ  

24 часа посветен на спортот: Интервју со Pro тренерот кој воведува нови методи на кошаркарските тренинзи во Македонија
Го запознавме Ивица Јаковлевски, човекот кој се надева дека ќе направи една револуција во кошаркарск...
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Ева Пајковска и Љубица Б.Лазаревска, DUNA Events: Кога организацијата на настани ќе ја ставите во рацете на професионалци
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Елена и Далибор – „Армариум“: Индивидуалноста е новиот дрес код
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Софка Камилоска: Кога готвам и на глас да планираш убиство, нема да те слушнам
ИНТЕРВЈУ
Васил Филипов, управител на Пирин Експорт: Сауната е повеќе од задоволство. Таа е извор на здравје!



 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: