АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
-6
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСПОРТШОУ БИЗНИССТИЛБИЗНИСПОЛИТИКА
Славица Биљарска: Релативизираме и генерализираме. Се подведуваме под девизата „сите се исти“
23.11.2016 | 12:57
Извор: Точка
Прочитано: 2537 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Со Славица се запознавме на AllWeb 2015, се сеќавам носеше кошула со илустрации од Костуранов и беше една од најдинамичните личности во салата. Цела година после тоа, се сретнавме повторно на овогодинешната конференција за дигитален маркетинг „AllWeb“, на која Славица е еден од организаторите.

Колку подобро ја запознавам толку појасно ми станува дека динамичноста која ја забележав пред една година е автентична за неа. Активна е на повеќе полиња и за секое од нив има жар кој претпоставувам ја одржува во долгите работни денови.

Славица е предавач по „Односи со јавност“ на Меѓународниот Балкански Универзитет. Сопственик на „Еволвинг“, консалтинг компанија која се занимава со прашања од областа на животна средина а работи и со граѓански организации на кои им помага да добијат видливост и да ги истакнат своите успеси.

Не сака да се фотографира, но доцното есенско сонце кое го уживавме заедно и доброто светло кое тоа го понуди не можеше да се пропушти.

Со тазе затворената овогодишна AllWeb конференција, што според тебе е најважното што се случи на истата?

Славица: Впечатоците од AllWeb сè уште не се средени, не се легнати, што би се рекло. Нема да биде нескромно ако речам дека се беше супер. Од говорници, одлични луѓе и професионалци, до присутните во публиката. Ама за мене, не само на AllWeb, туку и на секоја конференција па и настан на кој присуствувам, најважно е запознавањето нови луѓе и размената на искуство. Впрочем и за тоа се прават настаните. Знаете, може да седнете пред компјутер и да изгледате куп видеа со говори и презентации, се тоа што се зборува по конференции може да го најдете на интернет. Но, непосредниот контакт и дружењето со луѓето е нешто што може да се случи само на ‘лице место’.

Токму затоа за AllWeb е избран формат кој нуди баланс помеѓу презентации, размена на искуства и можност за дружење и поврзување. Присутните во публиката можат во текот на целиот ден да се дружат и меѓу себе, но и со говорниците, да поставуваат прашања и да разговараат теми од заеднички интерес. И тогаш не ретко се раѓаат идеи и се создаваат врски, кои подоцна може да прераснат и во конкретна соработка.


Заокруживте 5 години со ова издание, претпоставувам почнувате за брзо со подготвување на новата?

Славица: (Се смее) Подготовките за 2017 одамна се почнати, веќе имаме и говорници договорено. Настан од рангот на AllWeb не е нешто што го подготвуваш, го реализираш и после го оставаш на страна за да одмориш пет- шест месеци. Тоа е нешто што се живее, од утро до вечер, секој ден. Не еднаш ни се случило во сред разговор на сосема друга тема, да ни дојде идеја што и како треба да направиме за следната конференција. Дарко, којшто е програмски директор на конференцијата, уште од сега ги знае темите за 2018 година.

Која е твојата желба, или што посакуваш за AllWeb 2017?

Славица: Имам повеќе желби, но би била сосема задоволна и ако само една од нив се исполни. Еве да речеме, би сакала компаниите малку повеќе да ја препознаат потребата за учество и поддршка на вакви настани. Би сакала во периодот што претстои да видам некакво поместување на пазарот, за да може и нивото на конференцијата да го подигнеме, не за едно, туку за две скалила.


Предаваш „Односи со јавноста“... Какви се милениалс како студенти?

Славица: Искрено, не мислам дека има некоја огромна разлика меѓу денешните студенти и времето кога ние бевме студенти. Добро, сегашните имаат повеќе пристап до информации и се малку послободни во искажување на мислењата, па веројатно треба и да си поспремен за да одговориш на сите прашања и предизвици во текот на предавањето. Моментално предавам на две групи, во четврта година. И како и секаде, има такви кои се трудат, работат, пишуваат, прашуваат... но и такви кои доаѓаат на час колку да се рече, да ја земат дипломата. Предизвик ми е да работам со нив и постојано да учам нешто ново од нив.

Успеваме ли да ги одвоиме „Односите со јавноста“ од „Маркетинг“?

Славица: Па не сум најсигурна дека целосно се сфатени и разбрани улогите на односите со јавноста и маркетингот од пошироката јавност. Луѓето кои ги работат и живеат овие професии, секако дека прават дистинкција. Впрочем, предизвикот може лежи и во тоа што со развојот на технологијата, а посебно со социјалните медиуми, се повеќе се стеснува просторот помеѓу односите со јавноста и маркетингот, па не ретко тие се подведуваат под општ назив- комуникација.

„Еволвинг“ е консалтинг фирма за прашања за животна средина. Ненамерно, но ми се наметнува прашањето... Прашува ли некој за животна средина?

Славица: Одговорот би бил и да и не. Според закон, прашањето на заштита на животната средина е опфатено во различни документи коишто компаниите или институциите треба да ги поседуваат. Без да имате документ/ извештај за тоа како проектот ќе влијае на животната средина не може да донесете или промените план, ниту пак може да добиете дозвола за градба или работа, на пример. Ама кога ќе дојде моментот да се имплементираат препораките напишани во овие документи,е тука настанува проблемот.

Само како илустрација, во извештаите или елаборатите кои ги подготвуваме, даваме насоки за селекција на отпадот и негово соодветно складирање. Ама кога ќе дојде камионот за подигање на отпад, сите канти ги истура на едно место и ги носи на една иста депонија. А отпадот сè уште не ни е најголемиот проблем. Во поглед на заштита на животната средина има уште многу да се работи и на подигање на свеста кај јавноста, но и на имплементација и почитување на законите од страна на надлежните.


Каде најмногу ни треба освестување?

Славица: Како општество, но и како луѓе, мислам дека престанавме да ги цениме вредностите. Премногу релативизираме и генерализираме, па почнавме се да подведуваме под девизата ‘сите се исти’.

Заборавивме дека секој е личност сам за себе, со сите доблести и мани, успеси и падови. Како резултат на изместените вредности, нема фер натпревар на идеи и активности, на постигнати резултати. Напротив, идоли стануваат личности со дискутабилен морал и кредибилитет, експертите ни се самопрогласени, а за етички норми и принципи и да не разговараме. Мојот одговор на вашето прашање би бил- евалуација на вредностите, со целосна почиткон различностите на секој поединец.

Каде лежи нашиот потенцијал?

Славица: Нашиот потенцијал лежи во нас самите. Во потиснатите амбиции, заборавените соништа, неискажаната креативност.

Како мислиш дека треба да го развиваме?

Славица: Мислам дека нема групна терапија што може да му помогне на секој еден од нас да го развие својот потенцијал. Напротив, секој поединечно треба да се преиспита каде е и каде сака да биде за одреден период. Да си се потсети на амбициите и да си ги преиспита целите. Критички да направи самопроцена на тоа што го знае, наспрема тоа што би сакал да го работи. Е дури потоа може да зборуваме за инвестиции и развој. И тоа многу инвестиции, во вид на време, едукација, средства, контакти, луѓе.


Консалтинг за животна средина, организирање на AllWeb.mk, работа со невладини организации за нивна промоција и видливост. Прилично „јавни“ професионални активности... Дали воопшто и како ја правиш точката на баланс?

Славица: Скоро сите проекти и активности во кои сум вклучена, посебно периодов, се целосно различни еден од други, а некои меѓусебно немаат ни допирни точки. Мозокот ми е ‘расфрлан’ на различни страни. Не сум човек кој ги прави нештата колку да бидат направени, па вложувам многу и енергија и време за се да успеам да завршам и навремено, но и квалитетно. Згора на тоа, тука е и потребата барем малку време да се посвети на семејството, пријателите, па и на самата себе.

Ако речам дека е лесно и едноставно да направам баланс помеѓу сите активности и обврски од една страна и времето кое ми е на располагање од друга страна, ќе излажам. Не ретко ми фалат уште 24 часа во денот, за да сум по таман. Но сепак, успешно меандрирам, а при тоа не ги запоставувамни нештата и луѓето кои ме развеселуваат.

Автор: Ана Трпеска
Фото: Ивана Дракулевска
Локација: Бистро Бар Барбакан

НАЈНОВО ОД БИЗНИС  
ИНТЕРВЈУ
Никола Илиевски, Менаџер во A&Е Груп: Tonino Lamborghini е кафе кое е симбол на италијанската култура и традиција
Прочитајте го интервјуто со Никола Илиевски, Менаџер во A&Е Груп, дистрибутер на ексклузивните кафиња и чаеви Tonino Lamborghini, и дознајте нешто повеќе за овој премиум бренд!
13.01.2017, 15:38


ИНТЕРВЈУ
Интервју со инженерите во GEO-ING, производно претпријатие за обработка на дрво - Германска школа на Македонски терен
Дипломираниот инженер Петар Георгиевски и архитектот Ана Савева ги запознавме при финалната изведбата на дрвена фасада на еден модерен објект, семејна куќа во Скопје. Заедно ја водат компанијата Гео-Инг дрвоградба, http://www.geo-ing.com/производно претпријатие кое се занимава со обработка на дрво и дрвени конструкции како и изведба на монтажни објекти според најсовремена компјутерски поддржана технологија.
20.12.2016, 12:38


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Нина Ангеловска: Најважната особина на вработениот во новиот технолошки свет е брзото учење и адаптирање
Брзо оди, брзо зборува а уште побрзо типка на тастатурата од телефонот. Има една од најубавите насмевки и остра, но освежувачка, искреност. Често вели „Никогаш не се жали“. Невозможно е да седиш спроти неа а да не те инспирира и плени со својот шарм, ентузијазам, амбиција, ведрина и решителност. На моја радост, на крајот од работниот ден, се сретнавме во „Carpe Diem“, на чаша добро вино затоа што знам дека Нина е љубител и веќе задоволително искусен дегустатор и уживач...
02.12.2016, 11:24


ИНТЕРВЈУ
Интервју со Д-р Соња Петрушевска Доневска стручен медицински соработник за Еуцерин во Македонија
Стареењето на нашиот организам претставува резултат на неговата намалена регенеративна моќ. Знаците на стареење секако ја зафаќаат и кожата, а првите знаци на стареење се брчките, но со годините доаѓа и до постепено намалување на цврстината и волуменот на кожата, се намалува еластичноста, а кај повозрасните како резултат на намалена микроциркулација постепено се намалува и убавиот сјај на кожата.
15.11.2016, 10:23


ИНТЕРВЈУ
М-р Лазе Камчев - Главен Извршен Директор на КД Фондови: Инвестициските фондови обезбедуваат сигурност, профитабилност и ликвидност
Живееме во време кога сме соочени со најразлични предизвици. Тоа честопати нè спречува да размислуваме за својата иднина, за иднината на своите деца, воопшто и да не размислуваме за долгорочно планирање на финансиските текови, независно дали се тоа лични или компаниски.
26.10.2016, 09:30

НАЈЧИТАНИ  

24 часа посветен на спортот: Интервју со Pro тренерот кој воведува нови методи на кошаркарските тренинзи во Македонија
Го запознавме Ивица Јаковлевски, човекот кој се надева дека ќе направи една револуција во кошаркарск...
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Ева Пајковска и Љубица Б.Лазаревска, DUNA Events: Кога организацијата на настани ќе ја ставите во рацете на професионалци
ИНТЕРВЈУ
Интервју со Марија Росоманова, тим лидер на KARMAPIX.com
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Софка Камилоска: Кога готвам и на глас да планираш убиство, нема да те слушнам
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Билјана Серафимовска: Најмладата Македонка која "ги освои" Мон Блан, Елбрус и Килиманџаро



 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: