АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
-2
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСПОРТШОУ БИЗНИССТИЛБИЗНИСПОЛИТИКА
Саша Гроздановски, „Бриџ Блу Глобал“: Инвестирајте во својата иднина. Образувајте се во Австралија, во институции од светски ранг
26.09.2016 | 10:48
Извор: Точка
Прочитано: 4222 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Сите институции со кои ние соработуваме се акредитирани од страна на австралиската држава. Во принцип, државните институции имаат подобро реноме и долгогодишна традиција, но затоа пак изборот на програми кои го нудат приватни институции е огромен и разнолик.

Можност да студирате и да го надградите своето образование во повеќе од 450 институции во Австралија, да се образувате во една од трите водечки земји во светот, која нуди многу прифатливи цени и да добиете дипломи кои се признати во цел свет.

Подетални информации за сé што е поврзано со образованието во Австралија ќе може да добиете на 9 Октомври во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, од 12.00 до 17.00 часот. Настанот „Саем за образование во Австралија“го организира агенцијата „Бриџ Блу Глобал“. За можностите што ги нуди саемот разговараме со Саша Гроздановски, извршен директор на „Бриџ Блу Глобал“.

Можете ли накусо да ни објасните што ќе се случува на 9 Октомври во хотелот „Александар Палас“ во Скопје?

- Станува збор за настан кој веќе 11 години се одржува во Скопје. Го организираме ние, агенцијата „Бриџ Блу Глобал“. Годинава настанот е насловен како „Саем за образование во Австралија“ и претставува директна комуникација помеѓу претставници на австралиски образовни институции и заинтересираните граѓани од Македонија. Во директен контакт, сите присутни ќе може да добијат информации поврзани со студирањето и животот во Австралија.


Секако, нашите претставници, вработени во канцелариите на „Бриџ Блу“ ширум светот, ќе им дадат дополнително објаснување на присутните за целокупниот процес – од избор на училиште, упис во училиштето, подготовка на потребна документација за австралиска студентска виза, информации околу поддршката која им ја овозможува нашата канцеларија во Сиднеј, на веќе пристигнатите студенти во Австралија.

Колку и кои образовни институции ќе ги претстават своите програми на „Саемот за образование во Австралија“?

- Ќе учествуваат девет интитуции од кои една e државна институција - King's Own Institute,
Kent Institute, TAFE Western Sydney Institute, Education Centre of Australia, Study Group,
Academies Australasia, English Language Company, EduCo and Strathfield College, Southern Cross Education Institute.

Дали се сите приватни установи или има и државни и дали ќе бидат понудени стипендии?

- На семинарот присутни ќе бидат претставници на приватни и на државни институции. Сите заинтересирани ќе можат да добијат темелни одговори и потполни информации за сите детали - како и кога мжат да дојдат до стипендија. Австралиските образовни институции нудат стипендии. Потенцијалните студенти треба само да бидат информирани околу условите кои треба да ги исполнат за да може да аплицираат за стипендија.

г-дин Саша Гроздановски

Какви можности нудат австралиските образовни институции за македонските државјани кои би сакале да се образуваат во Австралија?

- Сите институции со кои ние соработуваме се акредитирани од страна на австралиската држава. Во принцип, државните институции имаат подобро реноме и долгогдишна традиција, но затоа пак изборот на програми кои го нудат приватни институции е огромен и разнолик. За македонските државјани кои сакаат да студираат во Австралија – тие се водат секако како интернационални студенти кои треба да ги следат правилата на финансирање и цените кои се однесуваат за интернационални студенти. Програмите кои се нудат сé од најразлични области и изборот е навистина голем.

Можете ли да ни објасните дел од спецификите на австралискиот образовен систем? Што е карактеристично и различно од останатите што би привлекло некој студент да го продолжи своето образование токму во Австралија?

- Станува збор за интернационално образование кое е признаено во цел свет. Стекнатите дипломи во Австралија Ви ги отвораат вратите ширум светот. Позади секоја образована институција во Австралија стои самата држава Австралија без разлика дали е домашен или интернационален студент. Акредитацијата е иста за сите домашни студенти и за тие од странство. За квалитетот кој го нуди австралискиот образовен систем, може да се нагласи дека тој е релативно евтин. Далеку поевтин од англискиот или американскиот систем, а е еден од трите водечки едукативни центри во светот. Накусо, нуди многу повеќе отколку што чини.


Мултикултурноста е предност, а воедно и една од одликите на овој систем. Без разлика во која австралиска образовна институција да влезете, се чувствувае дека таму припаѓате, не се чувствувате како странец. Тие многу се грижат за интеграцијата на интернационалните студенти како во образовниот систем, така и во самото општество. Австралија е една од ретките земји која на своите студенти им го дава правото легално да работат како студенти додека се на студии и на тој начин да бидат дел од австралиското општество. Наставниот кадар е одлично профилиран, со интернационално искуство, секогаш расположен за директна комуникација и интеракција со своите студенти.

Секако и практичниот дел од образованието е она што го прави австралискиот систем уникатен, современ, а воедно многу едноставен за практикување и изучување.

Ова е 11. „Саем за образование во Австралија“ што се организира во Македонија. Каков беше интересот до сега и за кои професии најмногу се интересираат клиентите од Македонија?

- Интересот секогаш бил огромен, бидејки посетителите секогаш можеле во директна комуникација со претставниците од австралиските образовни институции да ги добијат сите информации за кои се заинтересирани и да самите да се уверат и да создадат слика за квалитетот која тие го нудат.


Можете ли да ни раскажете некоја успешна приказна која почнала токму од овој Саем?

- Пред неколку години Наташа Талевска од Битола ги заврши додипломските студии во Македонија и со поддршка на сопругот одлучиле професионално и едукативно да го надогради нејзиното образование во Австралија. По препорака на нивни пријатели кои претходно успешно соработувале со „Бриџ Блу Македонија“ ми се обратија.

Разговараме, ја советував и ги разгледавме сите опции. Таа го избра Kaplan Business School со кампуси во Сиднеј и Мелбурн и се запиша на програмата Master of Accounting во Мелбурн. За овие 11 години години, низ нашата канцеларија поминале толку многу студенти, чии успешни животни приказни за нас претставуваат само дополнителна мотивација и вистинска сатисвакција.

Што нуди „Бриџ Блу“ за учениците/студентите кои ќе решат да го продолжат своето образование?

- Доколку еднаш станете клиент на „Бриџ Блу,“ Вие останувате со нас до крајот на Вашиот пат. Откако студентот ќе пристигне во Австралија, тој во секое време може да добие информации и поддршка во нашата канцеларија во Сиднеј. Вработените во канцеларијата во Сиднеј се во секојдневна комуникација со сите институции кои ги застапуваме и на тој начин може полесно да се менаџираат сите прашања кои ги засегаат студентите. Секако, со современата технологија, нашата канцеларија во Скопје им е достапна на сите наши студенти, во секое време, за сите информации со кои можеме да ги сервисираме.

Ние навистина се грижиме за нашите клиенти, бидејќи нивниот успех, воедно е и наш успех. Секоја успешна студентска приказна во Австралија е наш нов мотив и дополнителен ентузијазам.


„Бриџ Блу“ има своја канцеларија-база во Сиднеј. Колкав е бројот на универзитети, центри, колеџи, училишта во Австралија кои ги менаџира оваа компанија?

- Нашата компанија има директна соработка со повеќе од 450 институции и со уште 105 установи преку наши партнери.

„Бриџ Блу“ посредува и во процесот на обезбедување визи за Австралија. За што најмногу аплицираат македонските граѓани и колкав е интересот за мигрирање во Австралија?

- Секако. Целокупниот процес за студии во Австралија се заокружува со добиената студентска виза. Вие може да имате одберено прекрасна програма, во институција во Австралија од светски ранг, да имате прекрасен профил на студент, но доколку не го изработите процесот за одобрување на студентска виза, Вие практично немате ништо.

Тоа е жива материја која бара постојано следење и информирање. Со тоа искуство можеме да се пофалиме. Тоа го имаме ние како Агенција. Ние всушност функционираме како едукативен агент, работиме едукација.


Наш приоритет е образованието во Австралија и така ги советуваме нашите млади идни студенти во Австралија. Секако дека во нашата канцаларија во Сиднеј имаме регистрирани миграциони агенти кои работат миграција, но пак ќе нагласам дека ние сме пред се едукативен агент. Образованието ни е она што не прави различни од сите оние кои работат на овие простори. Кога зборуваме за процесот миграција, генерално интересот на македонските граѓани за миграција во Австралија е голем, но и да знаеме и бидеме реални дека критериумите за да се влезе – мигрира во Австралија на работна или миграциона виза, се доста високи. Тоа реално треба да го знаат нашите граѓани.

Најголем е интересот за студентските визи, бидејќи тие носат интернационално признаено образование, светски призната диплома и уште многу други бенефити. Добро е сите да се информирани, а тие информации може да ги добијат од официјалната веб страница на имиграционото биро на Австралија.

НАЈНОВО ОД БИЗНИС  
ИНТЕРВЈУ
Никола Илиевски, Менаџер во A&Е Груп: Tonino Lamborghini е кафе кое е симбол на италијанската култура и традиција
Прочитајте го интервјуто со Никола Илиевски, Менаџер во A&Е Груп, дистрибутер на ексклузивните кафиња и чаеви Tonino Lamborghini, и дознајте нешто повеќе за овој премиум бренд!
13.01.2017, 15:38


ИНТЕРВЈУ
Интервју со инженерите во GEO-ING, производно претпријатие за обработка на дрво - Германска школа на Македонски терен
Дипломираниот инженер Петар Георгиевски и архитектот Ана Савева ги запознавме при финалната изведбата на дрвена фасада на еден модерен објект, семејна куќа во Скопје. Заедно ја водат компанијата Гео-Инг дрвоградба, http://www.geo-ing.com/производно претпријатие кое се занимава со обработка на дрво и дрвени конструкции како и изведба на монтажни објекти според најсовремена компјутерски поддржана технологија.
20.12.2016, 12:38


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Нина Ангеловска: Најважната особина на вработениот во новиот технолошки свет е брзото учење и адаптирање
Брзо оди, брзо зборува а уште побрзо типка на тастатурата од телефонот. Има една од најубавите насмевки и остра, но освежувачка, искреност. Често вели „Никогаш не се жали“. Невозможно е да седиш спроти неа а да не те инспирира и плени со својот шарм, ентузијазам, амбиција, ведрина и решителност. На моја радост, на крајот од работниот ден, се сретнавме во „Carpe Diem“, на чаша добро вино затоа што знам дека Нина е љубител и веќе задоволително искусен дегустатор и уживач...
02.12.2016, 11:24


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Славица Биљарска: Релативизираме и генерализираме. Се подведуваме под девизата „сите се исти“
Со Славица се запознавме на AllWeb 2015, се сеќавам носеше кошула со илустрации од Костуранов и беше една од најдинамичните личности во салата. Цела година после тоа, се сретнавме повторно на овогодинешната конференција за дигитален маркетинг „AllWeb“, на која Славица е еден од организаторите.
23.11.2016, 12:57


ИНТЕРВЈУ
Интервју со Д-р Соња Петрушевска Доневска стручен медицински соработник за Еуцерин во Македонија
Стареењето на нашиот организам претставува резултат на неговата намалена регенеративна моќ. Знаците на стареење секако ја зафаќаат и кожата, а првите знаци на стареење се брчките, но со годините доаѓа и до постепено намалување на цврстината и волуменот на кожата, се намалува еластичноста, а кај повозрасните како резултат на намалена микроциркулација постепено се намалува и убавиот сјај на кожата.
15.11.2016, 10:23

НАЈЧИТАНИ  

24 часа посветен на спортот: Интервју со Pro тренерот кој воведува нови методи на кошаркарските тренинзи во Македонија
Го запознавме Ивица Јаковлевски, човекот кој се надева дека ќе направи една револуција во кошаркарск...
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Ева Пајковска и Љубица Б.Лазаревска, DUNA Events: Кога организацијата на настани ќе ја ставите во рацете на професионалци
ИНТЕРВЈУ
Интервју со Марија Росоманова, тим лидер на KARMAPIX.com
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Софка Камилоска: Кога готвам и на глас да планираш убиство, нема да те слушнам
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Билјана Серафимовска: Најмладата Македонка која "ги освои" Мон Блан, Елбрус и Килиманџаро



 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: