АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
-6
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСПОРТШОУ БИЗНИССТИЛБИЗНИСПОЛИТИКА
Интервју со Дарко Велковски – член на младата фудбалска репрезентација на Македонија
20.09.2016 | 13:27
Извор: Точка
Прочитано: 9189 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Суперталентираниот Дарко Велковски е дел од најталентираните фудбалери во Македонија, а пред него со сигурност претстои кариера од соништата. Овојпат пред неговиот тим се наоѓа огромен предизвик, натпреварот со Шкотска. Дарко вели дека секако станува збор за тежок натпревар, но вели и дека секако постои можност за да се продолжи и понатаму, токму на европското првенство.

Македонија во својата група е пред репрезентации како Франција, Исланд, Украина, Шкотска, Република Ирска. Какво е чувството да се биде дел од една од најуспешните фудбалски генерации?

Дарко: Чувството се разбира е прекрасно. Сите се надеваме дека ќе останеме први во групата благодарение на квалитетот, колективот и хомогеноста на оваа репрезентација.

Почнувајќи од голманот, па сѐ до напаѓачите, вклучувајќи го и стручниот штаб. Резултатите влијаат позитивно на нашата самодоверба, и тоа што е заедничко за сите нас, е што едвај чекаме да дојде нов натпревар. Убаво е да се победува, и да се остваруваат позитивни резултати. Радоста од тоа е за сите.


Ваква хармонија, компактност и сплотеност не сме забележале кај еден фудбалски колектив досега, која е тајната?

Дарко: Рано е да се откриваат тајните. Да го почекаме прво крајот на квалификациите. Но, секако голема заслуга за ова има нашиот селектор Боби Милевски, со неговата посветеност, енергичност и постојаност.

Обраната е можеби најважниот дел од екипата. Колку е таа постабилна, тимот има поголема самодоверба и шанси за успех. Колку добро фудбалерите се познавате меѓу себе?

Дарко: Се познаваме долго, речиси осум години. Некои од нас заедно играат и клупски фудбал. Со Зајков игравме заедно пет години, а со голманот Игор седум години ги браневме боите на Македонија Ѓорче Петров. На фудбалскиот терен се надополнуваме, се помагаме и тоа дава голема сигурност за целата екипа.


Репрезентацијата со она што го направи досега покажа карактер, победнички менталитет и влеа верба во подобра фудбалска иднина. Доаѓа натпреварот со Шкотска. Со успех имаме загарантирано второ место. Дали ќе биде тежок овој натпревар?

Дарко: Секако дека натпреварот ќе биде тежок. Не смееме никако да ги потцениме. Видовме дека станува збор за квалитетна и цврста репрезентација. Доколку Исланд киксне на еден од двата натпревари што им преостануваат, имаме можност како првопласирани да се квалификуваме на европското првенство. Како и да е, за нас е најважно да победиме дома, на натпреварот со Шкотска. Се надеваме дека ќе има доволно публика која ќе не поддржи. Тажно е да се игра пред празни трибини. А оваа генерација сметаме дека заслужува поддршка од публиката.

Кои се идните планови на Велковски. Ве бара Динамо Загреб, денешниот Вардар е секако сериозен колектив. Што очекувате?

Дарко: Засега немам други планови. Комплетно сум фокусиран на настапите за ФК Вардар и се разбира на репрезентацијата. Секако дека сакам фудбалски да се развивам, и да се подобрувам во сите сегменти на фудбалската игра. Важно е напорно да тернирам, да останам здрав и секако потоа успесите ќе следат.

НАЈНОВО ОД СПОРТ  
КОШАРКА
24 часа посветен на спортот: Интервју со Pro тренерот кој воведува нови методи на кошаркарските тренинзи во Македонија
Го запознавме Ивица Јаковлевски, човекот кој се надева дека ќе направи една револуција во кошаркарските тренинзи во нашата држава.
31.08.2016, 10:00


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Билјана Серафимовска: Најмладата Македонка која "ги освои" Мон Блан, Елбрус и Килиманџаро
Кога за оваа млада дама би ви кажале дека го освоила највисокиот врв на Алпите, Мон Блан и дека станала најмлада Македонка којашто воопшто некогаш стапнала на тој врв, приказната не завршува тука. Таа е и најмладата девојка воопшто од Балканот којашто успеала да стапне на покривот на Европа, Елбрус, а неодамна таа го освои и највисокиот врв во Африка. И нејзината приказна секако не завршува тука...
22.08.2016, 18:46


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Милошевски: Летниот камп на "Вардар" е полн погодок
"Интересот за кампот во Охрид е голем. Организацијата на еден ваков камп ќе им овозможи на младите да научат многу од фудбалските вештини", рече Милошевски.
29.07.2016, 11:21


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
МариоФит Јовановски: Направи време!
За да напредуваш континиурано секогаш треба да се фокусираш на талентот и на она што најдобро го знаеш и што најмногу го сакаш, во спротивно ќе бидеш роб на нешто што ти било наметнато... МариоФит Јовановски зборува за животниот стил и за тоа како треба да се однесуваме кон самите себе, доколку сакаме да бидеме среќни, здрави, фит...
03.06.2016, 12:34


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Барбара Лазовиќ: Ги обожувам македонската трпеза и скопскиот начин на живот
Слатка, пријатна, со прекрасна насмевка, Барбара Лазовиќ го претставува дресот на Вардар веќе 2 сезони. Точка имаше можност да ја запознае и преку искрен разговор да открие една мила и нежна девојка која на теренот е вистински ѕвер. Сепак секоја паричка има две лица, нели?!
15.04.2016, 15:06

НАЈЧИТАНИ  

24 часа посветен на спортот: Интервју со Pro тренерот кој воведува нови методи на кошаркарските тренинзи во Македонија
Го запознавме Ивица Јаковлевски, човекот кој се надева дека ќе направи една револуција во кошаркарск...
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Ева Пајковска и Љубица Б.Лазаревска, DUNA Events: Кога организацијата на настани ќе ја ставите во рацете на професионалци
ИНТЕРВЈУ
Интервју со Марија Росоманова, тим лидер на KARMAPIX.com
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Софка Камилоска: Кога готвам и на глас да планираш убиство, нема да те слушнам
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Билјана Серафимовска: Најмладата Македонка која "ги освои" Мон Блан, Елбрус и Килиманџаро



 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: