АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
-2
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСПОРТШОУ БИЗНИССТИЛБИЗНИСПОЛИТИКА
Интервју со Марија Росоманова, тим лидер на KARMAPIX.com
05.08.2016 | 12:52
Извор: Точка
Прочитано: 13727 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

KARMAPIX.com е светски направен македонски производ создаден со многу љубов, труд и посветеност за да биде македонската гордост препознатлива насекаде во светот. Примарен производ со кој започнува KARMAPIX приказната се дизајнирани фото книги за секоја пригода кои секој корисник на еден клик може да ги направи со своите омилени дигитални фотографии, a ги добива испечатени за миг бесплатно на својата адреса.

Започнавте еден интересен проект наречен "карма" за што точно станува збор?

Верувам дека секој е креатор на својата карма (судбина). Притоа, "карма" секаде во светот има исто значење и ја отсликува позитивноста во животот. А, животот ни носи бројни судбински моменти за паметење. Сеќавања кои сликовито ја раскажуваат нашата приказна, лична и деловна, на нам својствен и индивидуален начин. Затоа што секоја слика (pix) има своја магија која мами позитивни емоции секој пат кога ќе ја погледнете.

Токму тоа е KARMAPIX.com веб платформа прва во регионот која овозможува корисниците да ги претворат сите свои сликовити спомени во трајни персонализирани фото производи со непроценлива вредност. Така споделувајќи среќа насекаде околу нив. Во процесот на создавање на овие производи, од почеток до крај, корисникот е креаторот на своето ремек дело, на својата среќна карма.


Примарен производ со кој започнува KARMAPIX приказната се дизајнирани фото книги за секоја пригода кои секој корисник на еден клик може да ги направи со своите омилени дигитални фотографии, a ги добива испечатени за миг бесплатно на својата адреса. Наскоро следат новите печатени и дрвени производи за персонализација во чие креирање корисникот секогаш ја има главната улога.

Она што е исто така интересно е дека каде и да се наоѓате и во кое било време од вашиот мобилен уред, таблет, Facebook или Instagram профил за помалку од 5 минути преку KARMAPIX.com ги претворате сите зачувани мигови среќа во уникатни фото книги и персонализирани фото подароци.

Така денес ја имаме KARMAPIX.com - светски направен македонски производ создаден со многу љубов, труд и посветеност за да биде македонската гордост препознатлива насекаде во светот.


Кој стои за овој производ, и за кого е наменет?

Во текот на мојот престој во Лондон каде што ги завршив додипломските и последипломските студии имав можност да бидам дел од најразлични проекти во рамки на интернационални компании. И преку деловното опкружување, а и тамошното секојдневние да ги согледам актуелните светски трендови од сферата на дигиталното делување и електронската трговија во овозможување на уникатни online потрошувачки искуства.

Оттаму произлезе идејата за создавање на KARMAPIX.com. Веб платформа – наша македонска, достапна за сите, насекаде, а сепак поинаква за секој.

Веднаш по моето враќање во Македонија ги презентирав идејата и бизнис планот на мојот татко, Зоран Росоманов кој е основач и сопственик на компаниите DIVAJN и BATO & DIVAJN. Вклучувањето на KARMAPIX.com како најмлад член во семејството на двете компании кои се веќе меѓународно етаблирани во изминатите 23 години на некој начин беше следниот логичен чекор во дигитализирање на сервисите и производите кои тие ги нудат. Имањето цврста основа како во мојот случај со нашите семејни компании со сопствени производства е несомнено пазарна предност кога станува збор за проект со интернационало присуство каков што е KARMAPIX.com. Целата приказна е зачинета со карактеристичниот отпечаток кој го нуди KARMAPIX.com – создавање на персонализирани искуства за паметење за разубавување на секојдневието.

Склопот на различни искуства и профили на членовите на KARMAPIX тимот дополнително придонесува кон креацијата на иновативни, лично прилагодени производи.

Нашата цел е секогаш да имаме разновидна понуда на производи кои може да се персонализираат, се широко применливи, функционални и пред сé достапни насекаде, за секого, за лична и деловна употреба.


Kакви се првичните реакции на граѓаните?

Понудените фото производи за персонализација на KARMAPIX.com се подготвени во согласност со динамиката на денешнината во која сите живееме. Затоа истите се брзи за изработка, бесплатни за употреба, достапни за секого и наменети за секоја пригода. Притоа имаме организирано експресна бесплатна испорака насекаде во светот. Корисникот преку KARMAPIX.com веб страната може да избере дали ќе ја дизајнира сам содржината на своите фото производи во случајот фото книги или ќе употреби некој од веќе подготвените тематски дизајни и ќе вметне своја уникатна креација во делото што го изработува.

Незаменливо е убавото чуство кога поттикнувате насмевки на лицата на вашите корисници - додека се релаксираат креирајќи ги своите сликовити приказни на веб страната, штом го добијат испечатениот примерок на персонализираната фото книга што ја создале и ги споделат своите убави впечатоци насекаде. Таквите мали мигови задоволство нам ни значат многу и се најголемиот поттик за KARMAPIX.com тимот за создавање на уште многу, многу причини за среќа.

Секојдневните позитивни кориснички искуства постојано нé радуваат. Потврдувајќи ни дека преку фото книгите сме придонеле корисниците одново да ги доживеат сите убави моменти со истите убави емоции, а ние сме им дали инспирација за совршен подарок секогаш кога сакаат да ги изненадат саканите со нешто лично и уникатно.

Она што најмногу позитивно нé изненади е отвореноста и креативноста на корисниците во искористувањето на широката примена за различни намени на фото книгите кои ги нудиме преку веб страната KARMAPIX.com. Така освен тематските фото книги за крајните корисници за свадби, родендени, годишнини, семејни, школски фото книги, итн, имаме многу бизниси кои изработуваат фото книги преку веб страната. Со користењето на KARMAPIX.com сите деловни корисници сега на брз начин можат да креираат свои компаниски претставувања. Почнувајќи од одбележувања на различни достигнувања, продукт брошури, саемски претставувања, портфолија на дизајнери и архитекти, брошури за модни и стајлинг студија, училишни алманаси, до фото книги од училишни претстави и натпревари, книги со рецепти и менија, итн. можностите за креација се неограничени. А, испораката насекаде во светот е бесплатна.


Какви се плановите за во иднина, дали очекувате и регионален успех?

KARMAPIX.com е меѓународно достапна веб платформа и прва од ваков тип на Балканот. Нејзината брза прифатеност за кус период резултира со свои корисници од регионот, западна Европа и САД. Што истовремено го забрзува и спроведувањето на планот за активирање на сопствените KARMAPIX претставници лоцирани насекаде во светот.

Пазарната предност заедно со уникатната конфигурација за интернационално делување од самиот почеток, веруваме дека се добитна комбинација предодредена за долгорочен интернационален успех. Пред сè, предодредени за долгорочно споделување на СРЕЌНА КАРМА за нашите корисници во целиот свет преку KARMAPIX.com.

НАЈНОВО ОД СТИЛ  
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Елена и Далибор – „Армариум“: Индивидуалноста е новиот дрес код
Шармантни и супер дотерани, како за неверојатно снежното попладне во кое се сретнуваме ги запознав Елена Костадиновска и Далибор Добревски. Нивната идеја за уникатност и исполнување на желбите на клиентите ги донесе до создавање „Арамриум“.
18.01.2017, 14:39


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Софка Камилоска: Кога готвам и на глас да планираш убиство, нема да те слушнам
Горда галичанка, вљубена во вкусови, сака пица со лук, растена е на козјо млеко, најстара од три деца. Ја знаете од „Софка за двајца“ на офф.нет или од град. Како и да е, ако ја знаеш, ја сакаш. Едноставно е :)
26.12.2016, 15:49


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Влатко Галевски: Допирањето е врвот на довербата
Еден од луѓето на кои највеќе им се радувам кога ќе ги видам, затоа што приказните кои ги носи и начинот на кои ги раскажува, секој пат ме тера одново да го засакам нашето пријателство. За среќа се сретнуваме често…
28.11.2016, 11:14


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Едуардо Тунзи: Тајните на италијанската кујна ќе ги откријам во „Веро“
Тунзи ќе биде еден од неколкуте професионални готвачи кои што ќе приготвуваат храна и ќе делат совети за готвење на настанот „Италија виа Веро“ што од 25.11 до 27.11 2016 ќе се одржува во Веро Центар и Веро Тафталиџе.
19.11.2016, 11:48


ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Васил Зафирчев: За интуицијата мораме да го слушаме телото
Со широка насмевка и големите бадемасти очи ме пресретна Васил... му ја раскажувам идејата зад нашата средба и тој весело ми вели „Ајде, многу ми се допаѓа... да го направиме интервјуто“.
15.11.2016, 22:05

НАЈЧИТАНИ  

24 часа посветен на спортот: Интервју со Pro тренерот кој воведува нови методи на кошаркарските тренинзи во Македонија
Го запознавме Ивица Јаковлевски, човекот кој се надева дека ќе направи една револуција во кошаркарск...
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Ева Пајковска и Љубица Б.Лазаревска, DUNA Events: Кога организацијата на настани ќе ја ставите во рацете на професионалци
ИНТЕРВЈУ
Интервју со Марија Росоманова, тим лидер на KARMAPIX.com
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Софка Камилоска: Кога готвам и на глас да планираш убиство, нема да те слушнам
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Билјана Серафимовска: Најмладата Македонка која "ги освои" Мон Блан, Елбрус и Килиманџаро



 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: