АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
9
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВА18+ФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАЕУРО 2016ФУДБАЛКОШАРКАРАКОМЕТМОТОСПОРТДРУГИ СПОРТОВИБИЗНИС ЛИГА
ЖРК Вардар го претстави новиот тренер, Дибирова знае како се освојува ЛШ
10.03.2017 | 14:09
Извор: Макфакс
Прочитано: 981 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Ирина Дибирова, во петокот, официјално и беше претставена на спортската јавност како нов тренер на ракометарките на Вардар. Сопругата на ѕвездата на машкиот тим на Вардар, Тимур Дибиров, на кормилото го наследи Давид Дејвис Камара кој се врати машкиот клуб и повторно ќе му биде помошник на Раул Гонзалес.

Ирина Дибирова, зад себе има беспрекорна играчка кариера, во која три пати освојувала златен медал на светските првенства, а со Слагелсе и Звезда била европски првак.

Сопругата на Тимур Дибиров ќе биде третиот тренер на женскиот тим сезонава по Индира Кастратовиќ и Давид Дејвис Камара.

„Драги ние што Ирина Дибирова му се приклучи на тимот и што ќе го сподели со нас своето големо искуство. Му благодариме и на досегашниот тренер Дејвис за серијата добри резултати, со кои ЖРК Вардар беше првиот тим кој избори четвртфинале во Лигата на шампионите. Менување на тренер во оваа фаза од сезоната е крупен потег, ние како менаџмент тоа го знаеме и веруваме дека ова е најдоброто решение. Ирина беше одлична ракометарка, зад себе има успешна кариера и знае како се освојува Лигата на шампионите“, рече на прес конференцијата директорот на тимот Гордана Нацева.

„Ирина е врвен спортист, добро знае што значи дисциплина, посветеност, тренинг. Доколку тоа успее да го пренесе во овој тим тогаш сум сигурна дека ќе имаме успех“, дополни Нацева.

Таа потенцираше дека желбата на претходниот тренер Дејвис да се врати во машкиот тим била пресудна за назначувањето на Дибирова за тренер на ЖРК Вардар.

„Не е поразот од Мец причината за заминувањето на Дејвис, тој сам побара да се врати во машката екипа, каде повторно ќе му биде асистент на Раул Гонзалес и каде ќе може да се фокусира на дуелите кои ракометарите на Вардар ги очекуваат во четвртфиналето во Лигата на шампионите“.

ЖРК Вардар е првиот тим кој во кариерата ќе го предводи Дибирова. На прес конференцијата на која и беше претставена на јавноста таа имаше кусо обраќање.

„Имаме супер тим, составен од квалитетни ракометарки. Не можеме работите да ги менуваме експресно, ќе ни треба поддршка од трибините за да се вратиме во посакуваниот ритам. Имаме план за натпреварот со Турингер, подготвени сме да одиграме добро“.

Дибирова, в сабота од 17:30, ќе дебитира на клупата на ЖРК Вардар на натпреварот со германски Турингер.

НАЈНОВО ОД РАКОМЕТ  
РАКОМЕТ
РК Вардар меѓу најдобрите 4 екипи во Европа
Македонскиот машки ракометен шампион, екипата на Вардар, повторно е на четвртото место во ранкингот на ЕХФ Лигата на шампионите.
22.03.2017, 13:16


РАКОМЕТ
Раул Гонзалез, можна опција за селектор на македонската репрезентација
По заминувањето на Лино Червар, тренерот на машкиот ракометен клуб Вардар, Раул Гонзалез, може да ја преземе селекторската палка во македонската ракометна репрезентација. Најновите информации говорат дека Раул Гонзалес, е опција за РФМ.
21.03.2017, 12:08


РАКОМЕТ
Завршниот турнир во СЕХА ќе се игра во Белорусија
СЕХА лигата потврди дека завршниот турнир во регионалното натпреварување ќе го организира Мешков Брест. Турнирот ќе се игра во Брест, Белорусија од 7-ми до 9-ти април.
20.03.2017, 13:07


РАКОМЕТ
Червар на промоцијата во Загреб: Го прифаќам предизвикот, сакам да се докажувам
Лино Червар, денеска, ја имаше официјалната промоција во нов селектор на ракометната репрезентација на Хрватска. Червар, по седум години се врати во хравстскиот ракомет, а со Ракометниот сојуз на Хрватска потпиша едногодишен договор.
18.03.2017, 18:25


РАКОМЕТ
Признание за репрезентативецот: Талески најдобар лев бек во групите Ц и Д во ЛШ
Македонскиот репрезентативец Филип Талески доби уште едно одлично признание од Европската ракометна федерација (ЕХФ), односно од новинарите беше избран во идеалната седумка за групите Ц и Д во Лигата на шампионите.
18.03.2017, 12:23

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Пике не смее да дојде на свадбата на Меси - причината како од Шпанска серија
Лионел Меси на 24-ти јуни ќе се ожени со својата долгогодишна девојка со која има два сина, Антонела...
ФУДБАЛ
Фергусон откри интересна приказна: Се обидов да го ангажирам Малдини, но наидов на една голема пречка
ФУДБАЛ
Балак испрати совет до Озил за можниот трансфер во Фенербахче
ФУДБАЛ
Трансфер лудило, Сити нуди 150 милиони евра за Донарума
ФУДБАЛ
Ѕвездата на Свонси: Ќе биде сон ако заиграм за една од овие три големи екипи

ВИДЕО ВЕСТИ

Нов рекорд за Голден Стејт
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс изминатата ноќ забележаа победа во Далас 112:87 и се запишаа во историјата на НБА лигата.
КОШАРКА
Казинс сам го победи Мемфис
КОШАРКА
Најдобрите 50 потези во кариерата на Мајкл Џордан
КОШАРКА
Соиграчите спречија тепачка помеѓу Кари и Вестбрук

ФОТО  
Скејт сцената во 70-тите, Јужна Калифорнија преку очите и објективот на Hugh Holland

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ТЕНИС
Српските медиуми објавија шокантни фотографии: Застрашувачката состојба на Ѓоковиќ не ветува ништо добро!
ФУДБАЛ
Талентот на Реал ја остави Холандија во бунило: Теледиригираниот пас на Одегард ја направи смешна цела противничка одбрана
ФУДБАЛ
Ето доби необично роденденско изненадување од соиграчите, па нервозно го напушти тренингот
ФУДБАЛ
Хумелс спаси чист гол со брилијантна реакција и го воодушеви Нојер
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: