Сите апели и совети, сите мерки на градење доверба, но и сите стимулации изразени во поглед на повисока каматна стапка, изгледа дека конечно вродија со плод.
Парите кои македонските граѓани ги чуваат во домашните банки успеаја да ја надминат странската валута, односно денарот го надмина еврото, барем кога станува збор за штедење во банка.
Најновите податоци за штедните влогови на нашето граѓанство, кои ги објави Народна банка на Македонија, говорат дека домаќинствата конечно, можеби и за прв пат...