АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
3
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСИТЕ ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОНСВЕТAНАЛИЗИ
Основан Институт за овластени сметководители
10.11.2012 | 16:35
Извор: Нетпрес
Прочитано: 2750 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Сметководителите во иднина ќе ја организираат својата работа преку Институт. Преку тоа тело ќе се спроведуваат обуки и испити, ќе се издаваат уверенија и лиценци и ќе се контролира нивната работа.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска додели уверенија за сметководители и ги најави идните активности на институтот на сметководители и овластени сметководители по одржувањето на неговото основачко собрание.

Со основањето на Институтот престануваат законските обврски на Министерството за финансии поврзани со професионалното организирање и дејствување на сметководителите.

“Отсега натаму пред вас сметководителите и овластените сметководители престојат сериозни и обемни обврски - регистрирање на Институтот, избор на Управен одбор и комисии, формирање на подружници, воведување регистри, спроведување обуки и испити, издавање уверенија и лиценци, спроведување на контроли и сл.,“ рече на свеченоста во Владата вицепремиерот Ставрески.

Тој ги повика сметководителите активно да се вклучат во работата на Институтот и да придонесат за негово успешно работење и етаблирање во препознатливо професионално здружение.

Министерството за финансии, како што рече, останува отворено за натамошна соработка со цел воспоставување стручно, транспарентно, професионално и одговорно водење на сметководството.

Ставрески информира дека до 6-ти овој месец до Министерството за финансии се поднесени вкупно 2.142 барања за уверенија. Заклучно со денеска Министерството издало 645 уверенија, а се обработени и дополнителни 417 барања за кои се подготвуваат уверенија и во наредните денови ќе бидат доставени до барателите. Тие бројки, според Ставрески, се показател оти интересот за добивање уверенија се зголемува со што се засилува и динамиката за нивно издавање.

На основачкото собрание на Институтот се донесени одлука за основање и статут и се избрани претседател и членови на Надзорниот одбор. Сите одлуки на основачкото собрание биле донесени со акламација.

“Со тоа се потврди дека професионалното здружување и организирање на сметководителите е нивна потреба и интерес“, оцени вицепремиерот Зоран Ставрески.

НАЈНОВО ОД МАКЕДОНИЈА  
ЦРНА ХРОНИКА
Спречен шверц на 12 килограми марихуана на граничниот премин Ќафасан
Царинските службеници од граничниот премин Ќафасан, при спроведување на редовна царинска контрола спречија обид за нелегално внесување на 12 килограми марихуана во Република Македонија.
10.12.2016, 16:24


ИЗБОРИ 2016
ДИК: Гласањето се одвива во најдобар ред, не се пријавени нарушувања
Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои поднеле пријава за гласање во странство се запишани 20.573 гласачи, а своето избирачко право ќе може да го остварат во текот на денешниот ден на 46 избирачки места во странство.
10.12.2016, 14:24


СКОПЈЕ
Скопски тинејџер прободен со нож
На 09.12.2016 година околу 22,35 часот во ЕИК од УЦ-Мајка Тереза било пријавено дека кај нив е донесен С.Д. (18) од Скопје со убодна рана од нож во пределот над срцето.
10.12.2016, 14:22


СТРУГА
Во Струга денеска гласаат 78 стари, болни и изнемоштени лица
Седумдесет и осум болни, стари и изнемоштени лица денеска гласаат во општина Струга на 41 избирачко место во рамките на предвремените Парламентарни избори што ќе се одржат утре во Република Македонија.
10.12.2016, 13:48


ИЗБОРИ 2016
Мирен ден на гласањето на болните во општините на исток
Во Делчево денеска гласаат 107 болни и изнемоштени, а гласањето се одвива мирно и без проблеми информира претстедателот на ОИК, Владимир Петревски.
10.12.2016, 13:47

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Овој човек е најголема мистерија на Студената војна: Тајната за шпионскиот нуркач сè уште не е откриена
Британскиот нуркач Лајонел Краб требало да изврши шпионажа на бродот на Никита Хрушчов во текот на н...
АНАЛИЗА
Доцна е за закани: Еве зошто е невозможно Кина да биде сопрена во Јужното кинеско море
ИСИС
Предупредување на разузнавачите: Пристигнале 1.500 џихадисти! Наредба: Сејте смрт по Европа и Балканот
БИЗАРНО
Свежо од подот! Чистачката сета нечистотија ја фрлала врз зеленчукот на купувачите...
СВЕТ
Каков ден на планетата: Земјотреси, посилни и послаби, имало на сите континенти

ВИДЕО ВЕСТИ

Свежо од подот! Чистачката сета нечистотија ја фрлала врз зеленчукот на купувачите...
Дури стотина вработени од ист малопродажен ланец пред неколку дена се затруле за време на оброкот, и тоа најверојатно од салатата којашто им била послужена...
МИСТЕРИЈА
Овој човек е најголема мистерија на Студената војна: Тајната за шпионскиот нуркач сè уште не е откриена
СВЕТ
Роботи-убијци ѝ се закануваат на нашата планета: Знаат да препознаат мета, да нападнат и ги има сè повеќе
ПЕНСИЛВАНИЈА
Смрт во живо: Тинејџерки се снимале во автомобил, а потоа двете загинале во ужасен судир

ФОТО  
Состојбата во Берлин после Хитлер

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
БРАЗИЛ
Неверојатна причина поради која кобниот авион не полетал на време: Пораката на починатиот директор на фудбалскиот клуб открива зошто авионот доцнел
КОЛУМБИЈА
Ова е причината за падот на авионот со бразилски фудбалери? Протекла содржината на последниот разговор на пилотот со контролорите...
СЛОВЕНИЈА
Бесната Меланија упатила јасна порака до Словенија: “Сите ќе ве тужам, нема да заработувате на мене”
КОЛУМБИЈА
Сè поголема мистерија: Пилотот криел дека нема гориво, мислам дека знам и зошто...
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2016 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: