АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
12
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСИТЕ ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОНСВЕТAНАЛИЗИ
“Продис“ ќе вработи 160 луѓе
31.10.2012 | 15:28
Извор: Нетпрес
Прочитано: 2145 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Во технолошко-индустриската развојна зона “Скопје 1“ денеска е отворена фабриката “Продис“ на рускиот фармацевтски холдинг “Протек груп“ во која ќе се произведуваат хомеопатски лекови, органски и неоргански производи и чаеви.

Во фабриката со површина од 5.000 метри квадратни првично ќе бидат вработени 45 лица, а до крајот на годинава нивниот број ќе се зголеми на 80. Во втората фаза се очекува да бидат доградени уште 4.000 метри квадратни и да се вработат уште 80 лица со што целосно ќе биде затворено производството на хомеопатски лекови од суровина до финален производ.

Изградбата на објектот досега чинеше 3,8 милиони евра, а до крајот на годинава се очекува да бидат вложени уште 400.000 евра.

Фабриката официјално ја отвори премиерот Никола Груевски заедно со економскиот тим на Владата.

“Октомври 2012. година дефинитивно е месец на инвестиции во Македонија. Отворен е ’Сити мол’, инвестиција од околу 70 милиони евра во која се очекува да бидат вработени околу 2.000 лица, ’Кемет електроникс’, инвестиција од 25 милиони евра со чие заокружување треба да се вработат 500 лица, ’Текнохосе’, инвестиција од 15 милиони евра што ќе овозможи околу 200 вработувања и денеска се отвора фабриката ’Продис’ на руски ’Протек груп’, инвестиција од 8 милиони евра во која по целосното завршување ќе се вработат 160 лица“, рече премиерот.

Новата фабрика, додаде, треба да донесе нови знаења за производство на лекови и покрај директни ќе овозможи и индиректни вработувања на лица пред се од еколошките краеви на Македонија од каде “Продис“ ќе црпи суровини.

“Македонија е лидер во регионот во водење бизнис и е на петтото место во светот. Успешноста на земјава ја потврди и агенцијата Фич со потврдувањето на кредитниот рејтинг со ББ+“, рече Груевски. Додаде дека очекува и се надева оти и во иднина ќе продолжат новите инвестиции во Македонија и дека други руски компании ќе го следат примерот на “Протек груп“.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески нагласи дека отворањето на “Продис“ е резултат на средбите со инвеститорите одржани за време на владините роуд-шоуа.

“Тоа покажува дека првиот фактор за привлекување на странските инвестиции во Македонија се средбите и роуд-шоуата што ги организира Владата. Вториот фактор е рангирањето на земјава на 23. место во ’Дуинг бизнис’, а третиот фактор е македонската дијаспора која ги убедува странците дека Македонија е добро место за инвестирање“, рече Ставрески.

Токму таков пример, додаде, е генералниот директор и кофинансиер на “Продис“ Коста Димов кој го убеди сопственикот на “Протек груп“ Вадим Јакунин Сергеевич да инвестира во Македонија.

“Протек груп“ е еден од најголемите фармацевтски холдинзи во Русија што се занимава со производство, дистрибуција и трговија со лекови и козметика. Вработува 12.000 луѓе и има годишен обрт од четири милијарди долари.

НАЈНОВО ОД МАКЕДОНИЈА  
МАКЕДОНИЈА
Апелација одлучи, Талески останува во домашен притвор
Апелација во среда ја одби жалбата на битолскиот градоначалник Владимир Талески кој бараше да биде ослободен додека трае кривичната постапка за случајот „Транспортер“, со што тој и натаму останува во домашен притвор.
29.06.2016, 20:52


ЕКОНОМИЈА
СДСМ: Регулаторна реално може да ја намали цената на струјата до 30 проценти
СДСМ побара од Регулаторната комисија за енергетика да излезе со реално намалување на цената на струјата до 30 проценти.
29.06.2016, 19:45


СКОПЈЕ
Уставниот суд по третпат не донесе одлука за крстот во Бутел
Уставните судии и на денешната седница не донесоа одлука за иницијативата за оцена на уставноста и на законитоста на одлуката за поставување 55-метарски крст во скопската општина Бутел.
29.06.2016, 16:44


ОХРИД
Муцунски во посета на општина Охрид
Целта на нашите посети е да видиме дали е спремна управата и секако доколку постојат одредени недостатоци и проблеми, да им помогнеме тие да се решат, пред отпочнувањето на примената на Законот, посочи Муцунски.
29.06.2016, 16:23


МАКЕДОНИЈА
Двегодишно дете е најмлад пациент во Македонија што боледува од тироида
Најризична група се повозрасните лица, особено жените, а доминира популацијата од 39 години и нагоре.
29.06.2016, 16:22

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Меркел ја запечати судбината на Британија: Нема повеќе враќање во Европската Унија
Лидерите на Европската Унија, вклучувајќи ја и германската канцеларка Ангела Меркел, рекле во Брисел...
ТУРЦИЈА
Голем терористички напад во Истанбул: Бомбаши-самоубијци се разнесоа на аеродромот „Ататурк"
ИСТАНБУЛ
Страв, солзи и тага: Ова се најпотресните сцени од ужасот во Истанбул
ТУРЦИЈА
Хорор сцени: Ова е моментот кога експлодираше една од бомбите на аеродромот „Ататурк"
ТУРЦИЈА
Реконструкција: Погледнете како терористите го извеле крвавиот напад на аеродромот во Истанбул

ВИДЕО ВЕСТИ

Реконструкција: Погледнете како терористите го извеле крвавиот напад на аеродромот во Истанбул
Бројот на жртви во трикратниот самоубиствен бомбашки напад на истанбулскиот аеродром Ататурк порасна на 41, додека 239 лица се повредени, соопшти денес канцеларијата на гувернерот на Истанбул.
КУБА
По повеќе од половина век: Американците отворија хотел на Куба
ФАЛУЏА
Од надвор обични куќи, внатре брутални мачилишта: Ирачаните откриле тајни затвори во Фалуџа
СВЕТ
Војна со соопштенија: Американците ја обвинуваат руската морнарица, Москва тврди дека е виновен бродот на САД

ФОТО  
Терористички напад на аеродромот во Истанбул, низ фотографии...

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ОРЛАНДО
Последните зборови му биле: „Мамо, ќе умрам” – Ова е најморничавата приказна за масакрот во Орландо
ФИНСКА
Финска во шок: Незапаметено злосторство ја потресе скандинавската земја
АНАЛИЗА
Воислав Шешељ открива: Ова се вистинските причини за хаосот којшто владее во Македонија!
АНТАЛИЈА
Се топи асфалтот на улиците: Во Анталија измерени пеколни, неверојатни 56 степени!
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2016 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: