АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
2
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСИТЕ ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОНСВЕТAНАЛИЗИ
Жените најчесто не успеваат да стигнат до клучните позиции
17.02.2017 | 16:20
Извор: Макфакс
Прочитано: 630 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Македонија добро котира во однос на родовата еднаквост, нема толку разлики на кој начин се третираат жените, но тие не успеваат да стигнат до клучните позиции во општеството, беше речено на Глобалниот самит на жени лидери што почна во Скопје, а на кој учествуваат повеќе од 300 жени од пет континенти и околу 40 панелисти кои ќе ги споделат своите искуства како да се биде жена лидер.

Според сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова, која е покровител на настанот, смета дека само со љубов, посветеност, залагања и упорност може да се биде успешен и да се постигнат зацртаните планови и цели.

„Улогата на жената лидер, на жената предводник, а уште повеќе на жената која ја има улогата на прва дама во едно општество, ја препознавам како позиција од која може да се поведат многу иницијативи, да се организираат многу акции и кампањи, но и да се бранат обесправените и помалку бројните, тие чиј настап често е незабележлив, ненаметлив, тивок и редок“, рече Иванова.

Таа потсети дека дел од нејзините активности се насочени кон децата со посебни потреби, особено на децата со аутизам, дел на лицата со ретки болести, а дел од ангажманите и на децата и нивното здравје.

„Една од најдрагите активности која се спроведе под мое покровителство е отворањето на воопшто првиот Ургентен центар на детската клиника“, рече Иванова.

За претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска жените на пазарот на трудот се активни насекаде и во последните 20­тина години се надминува јазот во однос на родовата еднаквост.

„Во регионот, Македонија добро котира во однос на родовата еднаквост. Нема толку разлики на кој начин се третираат жените, туку во поглед на тоа дека тие не успеваат да стигнат до клучните позиции во општеството“, рече Арсовска.

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска смета дека застапеноста на жената во политиката не е на задоволително ниво и мора да се поработи на тоа поле.

„Она што е најважно е импутот што жените го даваат кога ги носат одлуките заедно со мажите заради тоа што женската перспектива е сосема различна од машката“, рече Арсовска ­ Томовска.

И за претседателката на Здружението на бизнис жени на Македонија, Валентина Дисоска недостигаат жени на менаџерски позиции и тоа е она на што треба во иднина да се посвети внимание.

„Жените најчесто одат да работат во секторот услуги или го работат она што го знаат бидејки тоа е полесната варијатна, но не инвестираат средства за да развијат сопствен бизнис“, вели Дисоска.

Дводневниот форум го организираат Сојузот на стопански комори во соработка со Здружението на бизнис жени, а на него ќе биде промовирана и Глобалната платформа на жени лидери од јавниот и приватниот сектор.

НАЈНОВО ОД МАКЕДОНИЈА  
ПОЛИТИКА
Заев оптимист по средбата со Ахмети: Се согласивме решенијата за секоја точка да произлезат единствено од Уставот
Претседателот на СДСМ Зоран Заев, по средбата со Али Ахмети во вторник вечер во седиштето на ДУИ во Мала Речица, изрази оптимизам за текот на преговорите.
21.02.2017, 21:07


ПОЛИТИКА
Заев на средба со Ахмети
Претседателот на СДСМ во вторник вечер пристигна во седиштето на ДУИ во Мала Речица, каде што се очекува со Али Ахмети да разговараат околу евентуална идна соработка.
21.02.2017, 20:28


МАКЕДОНИЈА
Спасовски: Очекуваме дека наскоро ќе ги добиеме потписите од партнерите
Очекуваме дека наскоро ќе ги добиеме потписите од партнерите за да може да го земеме мандатот за состав на влада, изјави во вторник вечер, одговарајќи на новинарски прашања, генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски по средбата со претставници на Алијансата на Албанците.
21.02.2017, 18:54


СКОПЈЕ
Прераспределени судии во Кривичниот суд
Повеќе судиите во скопскиот Кривичен суд кои одобрија некое барање на Специјалното јавно обвинителство или пак јавно се жалеа на работата на судот се преместени на нови позиции.
21.02.2017, 16:41


СКОПЈЕ
Со 3,7 милиони евра ќе се поддржуваат иновации
До 3 мај 2017 трае повикот на Фондот за иновации и технолошки развој за поддршка на заинтересираните стартап претпријатија кои може да аплицираат за грантови до 30.000 евра за да развијат иновативно решение со глобална перспектива.
21.02.2017, 16:12

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Објавена фотографија од таткото кој избоде бебиња на Косово: Сакав да ја заплашам сопругата, па ми падна мрак пред очи!
Бебето од 40 дена починало од повредите кои со нож му ги нанел неговиот татко во Штрпце, додека друг...
МЕЛБУРН
Застрашувачка снимка: Моментот на падот на авионот во Австралија забележан со камера
ЕВРОПА
Откриен е радиоактивен облак над Европа: Научниците збунети, не знаат од каде е изворот...
ФРАНЦИЈА
Нема да се покријам со марама: Француската десничарка Ле Пен откажа состанок со познат муфтија
ОЛИМПИСКИ ИГРИ
Целосна пропаст на најголемото спортско светско натпреварување: Зошто никој не сака да биде домаќин на ОИ?

ВИДЕО ВЕСТИ

Чешкиот ветеран не мирува: Прво им го покажал голиот задник на американските војници, сега го запалил Куранот
Мартин Заплетал, ветеран од чешките воени мисии на Косово и во Кувајт, денес активист против НАТО, познат во јавноста поради тоа што го покажал голиот задник пред конвој на НАТО, сега го запалил Куранот на скара, и тоа со колбас, во знак на солидарност со младата девојка од Словачка која поради сквернавење на светата книга на муслиманите завршила во затвор.
БАРСЕЛОНА
Драма во Шпанија: Украл камион полн со гас, па се залетал кон центарот на Барселона
МЕЛБУРН
Застрашувачка снимка: Моментот на падот на авионот во Австралија забележан со камера
КЕЛН
Германците пратиле два борбени авиони по патнички авион

ФОТО  
20 од најмоќните фотографии од изминатата недела според Reuters

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ИТАЛИЈА
Филмска одмазда: Ја одмаздил својата сопруга на неверојатен начин
САД
Паника во Америка: Огромната дупка во највисоката брана во близина на Сан Франциско продолжува да се шири!
СКОПЈЕ
Страшна сообраќајка на Партизанска со Октомвриска во 4 часот изутринава
СФРЈ
ЦИА ги објави информациите за нападот на СФРЈ: Чекале Тито да умре, а потоа Брежњев да почне
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: