АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
0
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСИТЕ ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОНСВЕТAНАЛИЗИ
НБРМ ја намали каматната стапка на благајничките записи
11.01.2017 | 14:49
Извор: Макфакс
Прочитано: 169 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на седница одржана во вторникот, одлучи да ја намали каматната стапка на благајничките записи за дополнителни 0,25 процентни поени и таа да изнесува 3,5%, а понудата на благајнички записи да се зголеми од 23.000 милиони денари на 25.000 милиони денари.

Ваквата реакција на монетарната политика е одраз на понатамошното стабилизирање на очекувањата на економските субјекти и на растот на структурната ликвидност на банкарскиот сектор. Сигналите за стабилизација и понатаму се видливи во двата пункта каде што политичката криза имаше најголеми ефекти – девизниот пазар и депозитите во банкарскиот систем.

НБРМ и во текот на декември интервенира со откуп на девизи, шести месец последователно, со релативно голем износ, со што и за целата година интервенциите се во насока на нето-откуп и имаат позитивен придонес кон промената на девизните резерви.

Воедно, првичните декемвриски податоци упатуваат на натамошен засилен раст на штедењето на населението во банкарскиот систем. Овие податоци покажуваат и изразени преференции на населението за располагање со домашна валута. Поволните остварувања се забележуваат во услови на натамошни позитивни оцени за стабилноста на економските фундаменти.

Во однос на економската активност во македонската економија, бројот на показателите за четвртиот квартал од годината расположливи досега е ограничен, а нивното движење дава различни сигнали, поради што засега тешко можат да се дадат попрецизни оцени.

Последните податоци за инфлацијата за 2016 година покажуваат дека просечната годишна промена на домашните потрошувачки цени останува во негативната зона (-0,2%, во просек), при пониски цени на храната и енергијата. Од друга страна, базичната инфлација бележи позитивни годишни стапки на раст.

Инфлациските остварувања во декември упатуваат на нешто пониска инфлација од проектираната, а очекувањата за увозните цени се ревидирани во различна насока, поради што и ризиците околу проекцијата на инфлацијата за следниот период се оценуваат како урамнотежени. Првичните податоци за фискалниот сектор за 2016 година упатуваат на помал буџетски дефицит во споредба со претходната година, а со тоа и одржување на процесот на фискална консолидација втора година по ред.

На седницата беше констатирано дека во декември ликвидноста во банкарскиот систем забележа релативно висок месечен раст, главно поради интервенциите на Народната банка за откуп на девизи од банките поддржувачи (во износ од 63,45 милиони евра). Имено, банките имаа вишок девизи генериран од поповолните движења во трансакциите со клиентите, пред сѐ со фирмите.

Исто така, зголемена понуда имаше и од менувачниците, како сезонски ефект пред божиќните и новогодишните празници, додека со физичките лица беа регистрирани стабилни движења и нето-откуп на девизи.

Со овие движења во декември, вкупните остварувања на девизниот пазар во последниот квартал од годината се исклучително поволни, при што банките во трансакциите со клиенти остваруваат нето-откуп на девизи втор последователен квартал. Остварувањата на девизниот пазар, како и приспособувањето на високите девизни позиции на банките во услови на зголемено кредитирање со валутна компонента, овозможија Народната банка да откупи вкупно 182,75 милиони евра во втората половина од годината, што е повеќе од продажбите во период на нестабилност на девизниот пазар во вториот квартал.

Со тоа, на збирна основа во 2016 година Народната банка регистрира нето-откуп на девизи во износ од 16,65 милиони евра, со што ја зголеми ликвидноста во банкарскиот систем. Покрај девизните интервенции, во насока на зголемување на ликвидноста на банките во 2016 година влијаеја и трансакциите на државата. Банките главно ја насочуваат високата денарска ликвидност во расположливите депозити кај Народната банка.

Податоците за девизните резерви во декември покажуваат раст, пред сѐ како резултат на интервенциите на НБРМ со откуп на девизи, што упатува на поволни платнобилансни текови. Девизните резерви се повисоки во текот на целата 2016 година, со најизразен ефект врз нивниот раст од трансакциите на државата и девизните депозити на банките кај НБРМ.

Сите показатели на адекватноста на девизните резерви покажуваат дека тие постојано се движат во сигурната зона. Во однос на показателите од надворешниот сектор, засега расположливите податоци за четвртиот квартал покажуваат дека трговскиот дефицит е нешто понизок од очекувањата, а нето-откупот на менувачкиот пазар, како показател за приватните трансфери, е во рамки на очекувањата.

Понатамошното стабилизирање на очекувањата на економските субјекти е видливо и преку промените кај депозитната база на банките. Првичните декадни податоци за декември 2016 година покажуваат месечен раст на вкупните депозити од 4%, што претставува значително забрзување во однос на досегашната динамика на раст. Растот на вкупните депозити во декември во поголем дел произлегуваше од повисоките депозити на претпријатијата, но значителен е придонесот и на штедењето на домаќинствата.

Од аспект на валутната структура на штедењето на населението, наспроти претходните три месеци кога придонесот на денарската и девизната компонента во растот на депозитите беше релативно урамнотежен, во декември 2016 година речиси 90% од прирастот на штедењето на населението е во денари. Растот на вкупната депозитна база на банките во декември изнесува 5,7% на годишна основа, што претставува забрзување на годишниот раст, којшто воедно е повисок од проектираниот.

Податоците за кредитниот пазар во декември исто така се поволни и покажуваат забрзување на месечниот раст на вкупните кредити на приватниот сектор, главно поттикнат од корпоративниот сектор. Кредитните текови во последниот квартал ги надминаа очекувањата, со што и годишната стапка на раст на кредитите од 6,6% е над проектираната.

Во декември, меѓународните финансиски пазари беа под влијание на дивергентната поставеност на монетарната политика на ЕЦБ и на ФЕД, потврдена со одлуките донесени на состаноците на овие централни банки во декември. Во еврозоната беа забележани позитивни ценовни придвижувања на крајот на годината, во услови на повисоки цени на енергентите, што е поврзано со одлуките за ограничување на понудата на нафта од страна на земјите извознички на овој енергент.

На седницата беше оценето дека последните податоци покажуваат постојано стабилизирање на очекувањата на економските субјекти, што придонесува за раст на штедењето на населението и откуп на девизи на НБРМ на девизниот пазар. Ваквите поволни движења укажуваат на услови за постепено приспособување на основната каматна стапка на нивото остварено пред мај 2016 година.

Оцените за стабилноста на економските фундаменти остануваат позитивни. Ризиците од домашните политички случувања се ублажени, но и понатаму присутни. Воедно, и ризиците од глобалното окружување остануваат актуелни.

НБРМ и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата, а идните промени во монетарната политика во голема мера ќе бидат условени од понатамошното стабилизирање на домашниот политички амбиент.

НАЈНОВО ОД МАКЕДОНИЈА  
МАКЕДОНИЈА
Роби Телекабел изјави дека му биле побарани 650.000 марки мито од луѓето на Љубчо Георгиевски во 2001 година
Сопственикот на Телекабел, Роберт Димитров познат како Роби Телекабел, гостуваше во емисијата „Патот на успехот“ на 24 вести. Во продолжение ви пренесуваме дел од емисијата.
17.01.2017, 21:03


ЕКОНОМИЈА
Преземете бесплатни 50 евра и тргувајте со акциите на Алибаба од дома
Од почетокот на минатата година до октомври, цената на акциите на Алибаба се зголеми над 30%.
17.01.2017, 20:31


МАКЕДОНИЈА
Забранет сообраќајот за тешки товарни возила преку Плетвар
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила е воведена во 18:30 часот на патниот правец Кавадарци – Прилеп преку планински превој Плетвар.
17.01.2017, 19:34


МАКЕДОНИЈА
Кардиохирурзите минатата година извршиле 388 операции
Хирурзите во Државната кардиохирургија, во 2016 година извршиле 388 операции од кои 150 се васкуларна хирургија, соопшти вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој заедно со директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани ја посетија Универзитетската клиника за државна кардиохирургија.
17.01.2017, 16:25


МАКЕДОНИЈА
ЈП државни патишта: Институциите останаа на висина на својата задача
Не е точно дека Република Македонија е блокирана од снегот, не е точно дека има отсечени градови. Каде Бочварски и СДСМ ги видоа стотиците сообраќани несреќи или верижните сообраќајни незгоди што ги спомнуваат. Можеби во соседните земји, прашуваат од ЈП државни патишта.
17.01.2017, 16:24

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Тој ги чува богатите и славните: Во секој момент имаме и по 50 закани и мораме да го направиме ова...
„Ние сме единствени. Најголемиот дел од нашите клиенти се богати и познати. Најважна работа е тајнос...
БАЛКАН
Советник во Кремљ: Следната пресметка на Западот и Истокот ќе се одвива на Балканот
БРАЗИЛ
Отровни инсекти, отсечени глави и извадени црева: Бразилските затвори се како пекол на земјата
ТЕКСАС
Наставничка оди 10 години во затвор: Завела 13-годишен ученик и забременила со него
САД
Вака ќе го чуваат Трамп на инаугурацијата: 28 илјади полицајци, снајперисти, детектори...

ВИДЕО ВЕСТИ

Роби Телекабел изјави дека му биле побарани 650.000 марки мито од луѓето на Љубчо Георгиевски во 2001 година
Сопственикот на Телекабел, Роберт Димитров познат како Роби Телекабел, гостуваше во емисијата „Патот на успехот“ на 24 вести. Во продолжение ви пренесуваме дел од емисијата.
ЊУ ДЕЛХИ
Тинејџери правеле селфи на шини и наишол воз – Се случила голема трагедија
ПОЛСКА
Хакери го нападнале "Жагањ": Повик за марш против американските војници во Полска
ИСТАНБУЛ
Уапсен и претепан крвникот од Истанбул: Терористот кој убил 39 луѓе признал дека го извршил масакрот во Реина

ФОТО  
Дочекот на 2017-та низ светските метрополи

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ЦРНА ХРОНИКА
Снимка од почетокот на масакрот: Првите жртви биле убиени пред клубот!
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ!
Видео запис од утрово, на излезот од Скопје: Погледнете како не треба да се вози на замрзнат автопат!
ИСТАНБУЛ
Оваа убавица ги молела родителите да ја пуштат за Нова година во Истанбул: Прв пат патувала, но и последен
ТЕШКИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ
Блокиран автопатот Скопје-Велес во двата правци, над 200 луѓе заложници на снежното невреме!
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: