АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
-1
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСИТЕ ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОНСВЕТAНАЛИЗИ
ЕЛЕМ: Снабдувањето со струја e редовно согласно потребите
11.01.2017 | 14:26
Извор: Нетпрес
Прочитано: 149 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Во изминатите 24 часа целосно е одговорено на потребите на конзумот со оптимизација на домашните производни капацитети и преку набавка на електрична енергија во часовни периоди од денот кога се бележи најголема потрошувачка, информира АД ЕЛЕМ.

Снабдувањето со електрична енергија за тарифните потрошувачи – домаќинствата и помалите компании на регулираниот пазар за електрична енергија се одвива редовно и во согласност со потребите. Во изминатите 24 часа целосно е одговорено на потребите на конзумот со оптимизација на домашните производни капацитети и преку набавка на електрична енергија во часовни периоди од денот кога се бележи најголема потрошувачка, информира АД ЕЛЕМ.

Од компанијата посочуваат дека во текот на вчерашниот ден е регистриран преку 30 проценти поголем конзум од вообичаениот за предметниот период, а измерената температура за тој период била 15 степени пониска во однос на просекот за последните пет години.

– Сите расположливи капацитети за производство на АД ЕЛЕМ се ставени во погон, а дел од количините преку редовна постапка за набавка на електрична енергија кои компанијата редовно ги објавува на својата веб страница се обезбедени на слободниот пазар во согласност со постојните правила и процедури усвоени од Регулаторната комисија за енергетика. И понатаму внимателно се следи потрошувачката на електрична енергија и се прилагодува производството од домашните капацитети во согласност со потребите на потрошувачите на регулираниот пазар, соопшти АД ЕЛЕМ.

Оттаму нагласуваат деке временските услови од кои се погодени земјите од Југоисточна и Централна Европа, зголемената побарувачка и потрошувачка, како и застојот на повеќе термоенергетски и нуклеарни капацитети во регионот и во земјите од Централна Европа, директно влијаат и на цените на електричната енергија.

– Во текот на вчерашниот ден Република Грција воведе забрана за физички трансакции и го исклучи далноводот кон Македонија, односно не дозволи транзит на енергија. Истовремено, и соседна Бугарија ги разгледувала опциите за затворање на сопствената интерконекција кон соседните земји, посочуваат од АД ЕЛЕМ.

Повторуваат дека набавката на електрична енергија што се врши во овој период нема да влијае врз цената на електричната енергија за домаќинствата и за малото стопанство кои се на регулираниот пазар за електрична енергија, затоа што негативните финансиски импликации во целост се нивелирани со додадената вредност од продажбата на вишоци на електрична енергија што АД ЕЛЕМ ја реализираше во ноември и декември, како и од вишоците што компанијата ќе ги реализира во наредниот период. Средствата за таа намена АД ЕЛЕМ во целост ги обезбеди од сопственото работење.

НАЈНОВО ОД МАКЕДОНИЈА  
НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА
Јолевски во работна посета на САД, ќе присуствува и на инаугурацијата на Трамп
Министерот за одбрана Зоран Јолевски од петок е во приватна посета на Вашингтон, САД, при што ќе присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп.
20.01.2017, 14:44


СКОПЈЕ
Опожарени три возила во Скопје
Три возила биле опожарени во четвртокот, во Скопје, на улица „Бориас Трајковски“.
20.01.2017, 14:43


ГЕВГЕЛИЈА
За 19 дена во Гевгелија опожарени 18 оџаци
Во изминативе 19 дена гевгелиските пожарникари дури 18 пати интервенирале на гасење запалени оџаци, најчесто на индивидуални станбени објекти, соопштија денеска од ТППЕ Гевгелија.
20.01.2017, 14:26


МАКЕДОНИЈА
ФЗОМ: Зголемена потрошувачката и достапноста на лекови во 2016 година
Потрошувачката на лекови на рецепт на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија преку аптеките бележи континуиран пораст.
20.01.2017, 14:25


СКОПЈЕ
Паланчанец претепал со боксирач Црногорец во Скопје
Маж од Крива Паланка, претепал, најверојатно со боксирач, тинејџер од Црна Гора со привремен престој во Скопје.
20.01.2017, 14:23

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Мистерија стара 30 години: Девојчиња кои биле киднапирани во 1985 година, сега се пронајдени живи и здрави
Полицијата во американската сојузна држава Роуд Ајленд соопштила дека го решила случајот на киднапир...
ИТАЛИЈА
Лавина затрупала луксузен хотел во Италија: Има 30 мртви, а заробените молат за помош
АЛЕПО
Репортажа од Алепо од која ќе ви замрзне крвта во вените: Ова е место каде и децата се молат за смрт!
РУСИЈА
Заглавија на историското патување: Руски бродови останаа заробени во мразот, спасувачката мисија исклучително комплицирана
ШПАНИЈА
Прв пат по 90 години им паднал снег: Веднаш ги затвориле сите училиште

ВИДЕО ВЕСТИ

Чудо во Италија: Осум луѓе пронајдени живи под урнатините на хотелот затрупан од лавина!
Снежната лавина го затрупала во средата навечер малиот хотел, во кој, како што се претпоставува, имало околу 30 гости, меѓу кои и деца.
ВАШИНГТОН
Ни мува да прелета: Вашингтон како тврдина пред инаугурацијата на Трамп
АНАЛИЗА
Што стои зад партнерството на Путин и Ердоган: Русите и Турците станаа „браќа по оружје"
КИНА
Оружје на иднината: Кинески невидлив дрон кој може да понесе два тони бомби

ФОТО  
Дочекот на 2017-та низ светските метрополи

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ЦРНА ХРОНИКА
Снимка од почетокот на масакрот: Првите жртви биле убиени пред клубот!
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ!
Видео запис од утрово, на излезот од Скопје: Погледнете како не треба да се вози на замрзнат автопат!
ИСТАНБУЛ
Оваа убавица ги молела родителите да ја пуштат за Нова година во Истанбул: Прв пат патувала, но и последен
ТЕШКИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ
Блокиран автопатот Скопје-Велес во двата правци, над 200 луѓе заложници на снежното невреме!
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: