АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
0
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСИТЕ ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОНСВЕТAНАЛИЗИ
10 конфликти кои што ќе ја одбележат оваа година: Крвави војни кои што траат и кои што може да избувнат
11.01.2017 | 12:11
Извор: Точка
Прочитано: 2411 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Угледниот магазин Foreign Policy смета дека овие 10 конфликти ќе ја одбележат новата 2017-та година.

1. Ирак и Сирија – И оваа година на врвот на листата се наоѓаат двете земји во срцето на Блискиот исток. Исламската држава и натаму е активна и продолжува да го шокира светот со своите ѕверства, а со оглед на тоа што ирачката војска со месеци крваво го плаќа секој метар освоена земја во Мосул, јасно дека и оваа година ќе има страшни крвопролевања во овие земји.

2. Турција – Новогодишниот масакр беше кулминација на терористичките напади во оваа земја која што може да се каже дека е во нашето соседство. За само неколку години, Турција го обнови деценискиот конфликт со Курдите, се случи државниот удар минатата година, турските сили навлегоа во Сирија и земјата се соочи со страшни терористички напади. После сето тоа, тешко е да се очекува дека работите ќе тргнат кон подобро оваа година во турската држава.


3. Јемен – Еден од „најзаборавените“, но и најкрвави конфликти кој што речиси и никогаш не се наоѓа на насловните страници на најголемите светски медими. Илјадници луѓе умираат, а борбените авиони на Саудиска Арабија дури бомбардираат болници, училишта и градинки. Од 2015-та година Јемен е практично држава која што се распаѓа – формирани се две влади, секоја со свој регионален спонзор. Меѓународните надбљудувачи сметаат дека Саудиска Арабија и Иран мора да ги натераат завојуваните страни да седнат на преговарачка маса – мала е веројатоста дека тоа дека ќе се случи оваа година.

4. Централна Африка – Неколку помали конфликти се случуваат во централна Африка, а истите влијаат на најмалку 4 милиони луѓе кои што се во прогонство. Има неколку радикално исламистички групи во околината на езерото Чад, а најозлогласена е нигериската Боко Харам која што веќе со години не можат да ја поразат нигериските власти.



5. Демократска Република Конго – Католичката црква и африканските држави маестрално диригираа начелен договор за мирна транзиција на власта. Имено, актуелниот тамошен претседател Џозеф Кабила најави дека ќе остане на власт и по истекувањето на мандатот, иако уставот не му го дозволува тоа. Мирни и помалку мирни протести минатата година најавија дека можеби оваа година ќе избие крвава граѓанска војна.

6. Јужен Судан – Една од најмладите држави на светот е разурната од граѓанската војна и големата сиромаштија. Додека сите страни повикуваат на примирје, конфликтот не се смирува. Обединетите нации распоредија неколку илјади миротворци – фамозните сини шлемови, но нивниот мандат се покажа како неуспешен. Аналитичарите сметаат дека единствена надеж да се смири ситуацијата е соработка на Јужен Судан со Судан и Уганда.



7. Авганистан – После повеќе од деценија од американската инвазија и небројните жртви, Авганистан ниту денес нема стабилна влада, ниту пак е блиску до стабилизација на ситуацијата. И додека соседните држави основаат работни групи за борба против тероризмот, официјален Кабул како да спие, а Американците немаат некои конкретни планови, додека Талибанците пак, започнуваат да се будат.

8. Мјанмар – Далеку од очите на јавноста, далеку од очите на светот, под будното око на будистичките свештеници се води прогон и етничко чистење на мјанмарските муслимани. Властите ги предводи Аунг Сун Су Кји која што има добиено Нобелова награда за мир, меѓутоа локалните власти сеедно ги прогонуваат муслиманите кои што за нив не се добредојдени. Десетици илјади луѓе се прогонети, а се појавија и првите мулимански паравоени единици, што значи дека ситуацијата може да пламне и во нестабилната југоисточна Азија.


9. Украина – Три години и десетици илјади загубени животи подоцна, состојбата на истокот на Украина и натаму е напната. Украина и натаму се соочува со големата корупција, а економската ситуација и не е баш најдобра. Се проценува дека државата може да падне во уште поголема криза ако оваа година бидат распишани предвремени избори, а од нив да профитираат проруските партии.

10. Мексико – Откако Доналд Трамп ја најави својата кандидатура за претседател на САД, започнаа најавите за масовна депортација на Мексиканци и изградба на ѕид долж мексиканско-американската граница. Доколку ова се оствари, државата ќе падне во сериозна економска криза, а тоа ќе се обидат да го искористат и нарко картелите. Според некои проценки, во војните на нарко картелите во 2015-та година во централна Америка биле убиени 34 илјади, а само за споредба, во Авганистан биле убиени „само“ 15 илјади лица.

НАЈНОВО ОД СВЕТ  
ГИБРАЛТАР
Малку ќе паузираат од луксузот: Запленета е луксузната јахта на семејството Мељниченко
Јахтата "Sailing Yacht A" која е во сопственост на рускиот милијардер Андреј Мељниченко, е запленета во пристаништето на Гибралтар поради тврдењето на германско бродоградилиште дека бизнисменот им должи 15.3 милиони евра, пишува BBC. Затапникот на Мељниченко изјавил дека забраната за пловење набрзо ќе биде укината.
20.02.2017, 20:54


СВЕТ
Иран изведе нови тестирања на ракети и покрај заканите од САД
Елитната иранска Револуционерна гарда во понеделникот, и покрај американските нови санкции и закани за нивно заострување, извела нови ракетни тестирања во рамките на тридневните воени маневри.
20.02.2017, 20:33


СИРИЈА
Четворица руски офицери загинаа во Сирија
Четворица руски воени советници кои им помагаат на сириските владини сили загинаа а уште двајца се ранети во во експлозија на мина активирана со далечинско управување, соопшти руското министерство за одбрана во понеделникот.
20.02.2017, 20:30


МОСУЛ
"Оваа битка би била тешка за било која војска на светот"
Ирачките сили вчера, со поддршка од коалициските сили предводени од САД, започнале напад на аеродромот во Мосул, прва мета на копнената офанзива која има за цел да го заземе западниот дел на градот, кој е сè уште во рацете на Исламската држава, објавила ирачката војска.
20.02.2017, 19:52


СВЕТ
Шокантно сведочење на робинка на ИСИС: „Џихадист ме силуваше пред децата, а потоа сакаше да се венчаме”
Мети на нападите на Исламската држава често се и муслиманки кои поради некоја причина се замериле со џихадистите, а една од нив го раскажала своето горчливо искуство.
20.02.2017, 19:00

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Го снимила безбедносната камера: Ова е моментот кога е убиен Ким Јонг Нам
Снимките од безбедносните камери наводно го прикажуваат моментот на убиството на полубратот на лидер...
СВЕТ
Морничаво признание на уапсен џихадист: Силував над 200 жени, мажите имаат потреба од тоа...
РУСИЈА
Тајната на огромниот успех на руските хеликоптери: Овие летечки ѕверови ќе се произведуваат насекаде низ светот
МОСКВА
Русите се закануваат со ново оружје: "Американски ракетен штит? Ќе го пробиеме"
ИРАК
Нема предавање: Исламската држава има нова тактика

ВИДЕО ВЕСТИ

Трамп одговорил на прозивките: За нападите во Шведска за кои зборував видов на телевизија
Американскиот претседател Доналд Трамп се обидел да објасни што мислел кога зборувал за големиот инцидент кој наводно се случил во Шведска, велејќи дека неговата изјава се однесувала на нешто што го видел на телевизија.
ИРАК
Нема предавање: Исламската држава има нова тактика
ПОЛИТИКА
СДСМ: Само со инвестиции во МЖ ќе има рентабилно работење на претпријатието
КАИРО
Египетскиот суд ги потврди смртните казни за трагедијата во Порт Саид

ФОТО  
20 од најмоќните фотографии од изминатата недела според Reuters

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ИТАЛИЈА
Филмска одмазда: Ја одмаздил својата сопруга на неверојатен начин
САД
Паника во Америка: Огромната дупка во највисоката брана во близина на Сан Франциско продолжува да се шири!
СКОПЈЕ
Страшна сообраќајка на Партизанска со Октомвриска во 4 часот изутринава
СФРЈ
ЦИА ги објави информациите за нападот на СФРЈ: Чекале Тито да умре, а потоа Брежњев да почне
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: