АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
5
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСИТЕ ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОНСВЕТAНАЛИЗИ
Лице в лице со убиецот: Исповед на командант на ИСИС
10.01.2017 | 19:45
Извор: Точка
Прочитано: 9481 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Тој ги организирал бомбашките напади во Ирак, но полицајците и разузнавачите го фатиле.

И самата ја преживеала судбоносната средба со автомобил бомба. Двајца нејзини колеги од новинарската екипа ја немале таа среќа. Во нападот загинал и еден американски војник. А, сега, имала прилика да разговара лице в лице со убиецот. Навистина, тој не ги убил нејзините колеги, но можеби е и полош. Тој е командант на баталјонот на ИСИС во Багдад.

Таа е Кимберли Дозиер и добила шанса да го интервјуира еден од ретките заробени команданти на Исламската држава. Само четири месеци претходно бил фатен командант на ИСИС, а ирачките безбедносни сили рекле дека се криел кај сопругата и петте деца.

„Го пробивме ИСИС подобро од ЦИА. Сопругите на високите команданти најмногу ни помогнаа во тоа. Тие без никакво размислување ги предаваа своите сопрузи. Сега среќно живеат во слобода“, раскажал еден ирачки офицер за фаќањето на командантот на ИСИС.


Во разговорот со заробеникот ѝ помагал поранешен преведувач за американската војска. „Како се викаш?“, било првото прашање. „Абу Таха“, гласел едвај чујниот одговор.

„Кое е вашето вистинско име?“, го прашала новинаркатаи заробеникот потивко ѝ одговорил: „Малик Камис Хабиб“. Завршил факултет, работел во државна фирма. Има 45 или 46 години, но не е сигурен бидејќи не знаел кога е точно роден.

Во неговото родно село некаде во ирачката пустина такви детали не биле важни. Знае точно колку години имаат неговите деца, знае и колку години има неговата сопруга. Таа била бесна поради него. Абу Таха тврдел дека неговата сопруга Надја немала поим за неговото „хоби“, пишува порталот Express.hr.


Сега кога тој е фатен, нема поим како Надја ќе се грижи за децата. Исламската држава има канцеларија задолжена за грижа за вдовиците, но Надја му раскажала дека не добила ништо. Зошто тој воопшто се приклучил во ИСИС? „Ми дојде еден познајник од квартот. Ми објасни дека мора да направиме нешто затоа што шиите ги убиваат сунитите. Лично не познавав ниту еден сунит на кого му паднало влакно од главата поради шиит“, раскажал тој.

Четири години бил во ИСИС и со тек на време стигнал до команда над четириесет или педесет луѓе. Тие не биле директно вклучени во борбите, но затоа поставувале импровизирани бомби.

Главна мета им биле војниците, но понекогаш убивале и цивили. Ни самиот не знае колку луѓе загинале во неговите напади. Сè што знаел им раскажал на ирачките власти, но и понатаму го следело чувство на вина.


После прашањето дали има некоја порака за Ирачаните кои размислуваат да се приклучат во ИСИС рекол: „Немојте. Не им верувајте на нивните лаги. Ќе ве уништат вас и вашето семејство“, рекол тој.

НАЈНОВО ОД СВЕТ  
СВЕТ
Нови детали за исчезнувањето на малата Медлин: Еве што се случило кобната ноќ
Нејзините родители Кејт и Гери сè уште се надеваат дека ќе ја пронајдат жива, а оваа година навршуваат десет години од нејзиното исчезнување.
22.02.2017, 20:31


СВЕТ
Миа Калифа ги сними најгледаните порно филмови, па поради тоа сега џихадистите ѝ се закануваат дека ќе ја убијат
„Моите филмови се сатирични и не го навредуваат исламот. Многу холивудски остварувања се понавредливи за муслиманите.“
22.02.2017, 20:08


МОСУЛ
Скандалозна грешка: Бомбашот самоубиец го ослободиле од Гвантанамо, и уште му платиле за да молчи!
Бомбашот самоубиец Абу Закарија ал-Британи, кој активирал автомобил бомба пред ирачката воена база југозападно од Мосул, пред 12 години добил 1,25 милиони долари отштета бидејќи "по грешка" бил притворен во затворот Гвантанамо.
22.02.2017, 19:22


ВАТИКАН
Папата го моли светот: Оваа земја умира од глад, направете нешто!
Папата Франциско побарал итна хуманитарна помош за луѓето од Јужен Судан кои гладуваат, велејќи дека милиони можеби се осудени на смрт поради глад, пренесува "Reuters".
22.02.2017, 19:00


ФРАНЦИЈА
Храбри орли за побезбедна планета: Ги дресираат за уништување на терористички дронови
Под француски воен надзор, четири златни орли родени во светот на машините и теророт се дресираат со цел уништување на терористички дронови.
22.02.2017, 18:14

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Ова е убиецот од Охрид: Соседот од втор спрат со нож ја убил Спаса Бојоска, а еве што направил со парите
Тој честопати ја посетувал Спаса Бојоска при што од неа барал пари на заем, а истото го правел и со ...
СВЕТ
Миа Калифа ги сними најгледаните порно филмови, па поради тоа сега џихадистите ѝ се закануваат дека ќе ја убијат
РУСИЈА
Рускиот министер за одбрана со остра порака до Британците: На грбот имате лав, но не се сите мачки - лавови!
СВЕТ
Нови детали за исчезнувањето на малата Медлин: Еве што се случило кобната ноќ
СКОПЈЕ
Јанева и Фетаи казнети по 2.000 евра на рочиштето за „шлаканици“

ВИДЕО ВЕСТИ

Нови детали за исчезнувањето на малата Медлин: Еве што се случило кобната ноќ
Нејзините родители Кејт и Гери сè уште се надеваат дека ќе ја пронајдат жива, а оваа година навршуваат десет години од нејзиното исчезнување.
ОХРИД
Ова е убиецот од Охрид: Соседот од втор спрат со нож ја убил Спаса Бојоска, а еве што направил со парите
КАЛИФОРНИЈА
Калифорнија под вода: Поради страшните поплави се евакуираат луѓе, ситуацијата е сè полоша
МИНХЕН
Доктор Џекил и г-дин Хајд: Европа во ист ден ги виде двете лица на американската политика

ФОТО  
20 од најмоќните фотографии од изминатата недела според Reuters

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ИТАЛИЈА
Филмска одмазда: Ја одмаздил својата сопруга на неверојатен начин
САД
Паника во Америка: Огромната дупка во највисоката брана во близина на Сан Франциско продолжува да се шири!
СКОПЈЕ
Страшна сообраќајка на Партизанска со Октомвриска во 4 часот изутринава
СФРЈ
ЦИА ги објави информациите за нападот на СФРЈ: Чекале Тито да умре, а потоа Брежњев да почне
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: