АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
16
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСИТЕ ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОНСВЕТAНАЛИЗИ
Ердоган предизвикува нова бура: Дали е можно Турција да го напушти НАТО?
10.01.2017 | 17:00
Извор: Точка
Прочитано: 2530 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Лидерот на руските Либерал демократи изјави дека Ердоган му сугерирал дека Турција би можела да го напушти НАТО, а еве и зошто...

Турскиот претседател Ердоган ја изненади светската јавност кога во 2013-та година додека беше премиер, во врска со Шангајската организација за соработка му рече на Владимир Путин: „Извлечи не од ова патење (обидите на Турција за влез во Европската унија). Сакаме да го финализираме договорот за слободна трговија со евроазиските земји. Разговарав за SCO со вас и претходно – ние сериозно сметаме на тоа“.

Тогаш, изјавата на Ердоган делуваше како шега или обична провокација со цел да биде испратена порака до Брисел – „Не сте ни потребни, имаме и други опции“ и може да се каже дека мал број на луѓе ја сфатија сериозно ваквата порака на Ердоган.

Три години подоцна, во ноември 2016-та година Ердоган уште еднаш проговори за турското учество во SCO: „Турција не треба да вели – „Ние сме за ЕУ, без оглед на се“. На пример, зошто Турција не би била дел од Шангајската петорка?“, изјави Ердоган.


Во овој случај, неговите зборови не беа дочекани несериозно. Многу работи се променија од 2013-та година и во меѓувреме односите помеѓу Турција и Западот ослабеа, посебно после обидот за државен удар во јули минатата година. Од друга страна, односите помеѓу Русија и Западот исто така се влошија поради руската агресија во Украина, анексијата на Крим и интервенцијата во Сирија.

Сите овие фактори ги зближија Анкара и Москва, со што членството на Турција во SCO е сосема реална опција. Таканаречената „Шангајска петорка“ (Русија, Кина, Казахстан, Киргистан и Таџикистан) беше формирана во 1996-та година, а во 2001-ва година беше преименувана во SCO откако се вклучи и Узбекистан.

Потоа, статус на надбљудвачи во SCO им беше доделен и на Монголија, Иран, Белорусија и Авганистан. Индија и Пакистан пристапија во 2016-та година и оваа година ќе станат полноправни членки. Од друга страна, Турција е „партнер во дијалог“ од 2012-та година.

Русија сака Турција да пристапи во SCO од три причини – да ги зближи односите со Анкара, поради економски причини и поради безбедносни причини.


Русите сакаат да ги зближат односите со Турција после соборувањето на рускиот авион од турските воздушни сили во 2015-та година во близина на турско-сириската граница. Од економска гледна точка, Турција може да ѝ послужи на Москва како енергетска централа за спојување на Европа и Азија, а од безбедносни причини, Турција ѝ е потребна на Русија поради актуелната ситуација на Блискиот исток.

Сепак, мора да се истакне дека голем број на експерти во Русија се скептични во врска со членството на Турција во SCO затоа што сметаат дека не е можно земја – членка на НАТО да учествува во нивната организација. Од друга страна, во Турција ретко кој што гледа на членството во SCO како алтернатива на НАТО и ЕУ, затоа што Евроатлантските организации имаат многу, многу поголема моќ во сите аспекти.

„Турција поради својата географија и култура, лежи во Азија и Европа, исто како и Русија. Поради тоа, SCO не е алтернатива на Европската унија. Ние не го користиме тоа за да ги уплашиме во ЕУ. Сепак, не можеме да ги занемариме заканите и шансите кои што ни се укажуваат. Немаме право на тој луксуз да речеме – ЕУ е нашата единствена опција и ќе правиме се што е потребно за да се приклучиме“, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим за време на неговата посета на Русија минатата година.


Русија досега на SCO гледаше повеќе како на безбедносно-политичка организација, отколку економска, па затоа шансите на НАТО земја да пристапи се сериозно намалени, иако напорите на Анкара се добредојдени во Москва.

Либерал демократот Жириновски после ноемвриската посета на Турција изјави дека Ердоган лично побарал Русија да помогне во турските напори за приклучување во SCO, по што јасно е дека Турција може да ја напушти НАТО Алијансата.

Но, дали Турција е подготвена да го ризикува членството во НАТО? Дали Ердоган навистина е подтотвен да се откаже од членството во најмоќната воена алијанса на светот, или сепак се „шегувал“. Најдобро ќе покаже времето, односно следните неколку години во зависност од тоа како ќе е одвива сириската криза.

НАЈНОВО ОД РЕГИОН  
РЕГИОН
Јункер: Земјите од Западен Балкан во ЕУ по 2019 година
Тие не можат да ни се приклучат до 2019 година, но ќе ни се приклучат подоцна, потенцираше Јункер.
22.02.2017, 15:42


РЕГИОН
САД: Косово заслужува да биде полноправна членка на ЕУ
Новата амбасадорка на САД во Обединетите нации, Ники Хејли изјавила дека Косово „заслужува да биде полноправна членка на ОН“.
22.02.2017, 13:46


СРБИЈА
Србија во понеделник отвора две нови поглавја од преговорите со ЕУ
Работната група за проширувањето на Европската унија (ЕУ), која ја сочинуваат сите земји членки, постигна консензус за отворање на две нови поглавја со Србија, односно поглавјето 26 кое се однесува на образованието и културата, и поглавјето 20, кое ги опфаќа претприемништвото и индустриската политика.
22.02.2017, 10:49


ЕКОНОМИЈА
ЕУ: На Грција можеби нема да и треба нова програма за спас
Доколку во следните 18 месеци помошта биде искористена правилно, уверен сум дека ова ќе биде последната програма што треба да ја спроведува Грција, изјави Клаус Реглинг.
22.02.2017, 09:55


КОСОВО
Објавена фотографија од таткото кој избоде бебиња на Косово: Сакав да ја заплашам сопругата, па ми падна мрак пред очи!
Бебето од 40 дена починало од повредите кои со нож му ги нанел неговиот татко во Штрпце, додека другото бебе во тешка состојба било пренесено во Клиничкиот центар во Ниш, било кажано во болницата во Грачаница.
21.02.2017, 17:37

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Објавена фотографија од таткото кој избоде бебиња на Косово: Сакав да ја заплашам сопругата, па ми падна мрак пред очи!
Бебето од 40 дена починало од повредите кои со нож му ги нанел неговиот татко во Штрпце, додека друг...
ЕВРОПА
Откриен е радиоактивен облак над Европа: Научниците збунети, не знаат од каде е изворот...
ОЛИМПИСКИ ИГРИ
Целосна пропаст на најголемото спортско светско натпреварување: Зошто никој не сака да биде домаќин на ОИ?
МЕЛБУРН
Застрашувачка снимка: Моментот на падот на авионот во Австралија забележан со камера
ФРАНЦИЈА
Нема да се покријам со марама: Француската десничарка Ле Пен откажа состанок со познат муфтија

ВИДЕО ВЕСТИ

Ова е убиецот од Охрид: Соседот од втор спрат со нож ја убил Спаса Бојоска, а еве што направил со парите
Тој честопати ја посетувал Спаса Бојоска при што од неа барал пари на заем, а истото го правел и со останатите соседи.
КАЛИФОРНИЈА
Калифорнија под вода: Поради страшните поплави се евакуираат луѓе, ситуацијата е сè полоша
МИНХЕН
Доктор Џекил и г-дин Хајд: Европа во ист ден ги виде двете лица на американската политика
СКОПЈЕ
Јанева и Фетаи казнети по 2.000 евра на рочиштето за „шлаканици“

ФОТО  
20 од најмоќните фотографии од изминатата недела според Reuters

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ИТАЛИЈА
Филмска одмазда: Ја одмаздил својата сопруга на неверојатен начин
САД
Паника во Америка: Огромната дупка во највисоката брана во близина на Сан Франциско продолжува да се шири!
СКОПЈЕ
Страшна сообраќајка на Партизанска со Октомвриска во 4 часот изутринава
СФРЈ
ЦИА ги објави информациите за нападот на СФРЈ: Чекале Тито да умре, а потоа Брежњев да почне
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: