АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
16
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСИТЕ ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОНСВЕТAНАЛИЗИ
Комерсант: Планот на Додик би можел да доведе до нова војна во регионот
10.01.2017 | 11:46
Извор: Макфакс
Прочитано: 571 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Доколку би дошло до реализација на планот на претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик за излегувањето на овој ентитет од составот на Босна и Херцеговина (БиХ), тоа би можело да доведе до нова војна во регионот и засилување на конфронтацијата помеѓу Русија и Западот, оценува московскиот весник Комерсант.

Весникот потсетува дека Додик изјавил оти на босанските Срби им е подобро да создадат единствена држава со Србија и српските територии на Косово, кон кој потоа би се припоила и Црна Гора, додавајќи дека претседателот на РС и претходно давал слични изјави, но дека сега за првпат „отворено ја формулирал идејата за `голема Србија`“.

Комерсант пишува дека „сензационалната изјава“ Додик ја дал во пресрет на Денот на Република Српска, кој меѓународната заедница го смета за незаконски, а Хрватите и муслиманите пак го сметаат за дискриминаторски. Муслиманите, кои чинат мнозинство од населението во БиХ, како и претставниците на меѓународната заедница стравуваат дека после септемврискиот референдум Додик тргнал по патот на излегувањето на РС од БиХ.

Рускиот весник оценува дека најновата изјава на Додик само ги потврдила овие стравови, и дека сега настанува ситуација која предизвикува скоро неизбежно заострување на конфликтот на лидерот на Република Српска со меѓународната заедница. Весникот додава дека дипломатски извори во БиХ како најреална опција ја гледаат изолацијата на Додик и воведувањето на санкции за РС, а во случај да дојде до тоа, во конфронтацијата помеѓу Западот и Додик би можеле да бидат вовлечени и Србија и Русија, на чија поддршка смета Додик.

„Премиерот на Србија Александар Вучиќ избегна да присуствува на Денот на Република Српска, ограничувајќи се на честитки, а во пресрет на септемврискиот референдум јасно ставил до знаење дека Белград не го поддржува неговото одржување, но и дека не планира да се меша во одлуките во босанските браќа“, пишува Комерсант.

Весникот наведува дека ни Москва не сака да го поддржи Додик, бидејќи по неговата септемвриска средба со рускиот претседател Владимир Путин, Кремљ се огласил само со кратко соопштение во кое не бил спомнат нити референдумот, нити поддршката за неговото одржување. „Во спротивно, Русија не само што би добила нов повод за кавга со Западот, туку би заземала и уште посилја просрпска позиција отколку и самата Србија“, заклучува Комерсант.

НАЈНОВО ОД РЕГИОН  
РЕГИОН
Јункер: Земјите од Западен Балкан во ЕУ по 2019 година
Тие не можат да ни се приклучат до 2019 година, но ќе ни се приклучат подоцна, потенцираше Јункер.
22.02.2017, 15:42


РЕГИОН
САД: Косово заслужува да биде полноправна членка на ЕУ
Новата амбасадорка на САД во Обединетите нации, Ники Хејли изјавила дека Косово „заслужува да биде полноправна членка на ОН“.
22.02.2017, 13:46


СРБИЈА
Србија во понеделник отвора две нови поглавја од преговорите со ЕУ
Работната група за проширувањето на Европската унија (ЕУ), која ја сочинуваат сите земји членки, постигна консензус за отворање на две нови поглавја со Србија, односно поглавјето 26 кое се однесува на образованието и културата, и поглавјето 20, кое ги опфаќа претприемништвото и индустриската политика.
22.02.2017, 10:49


ЕКОНОМИЈА
ЕУ: На Грција можеби нема да и треба нова програма за спас
Доколку во следните 18 месеци помошта биде искористена правилно, уверен сум дека ова ќе биде последната програма што треба да ја спроведува Грција, изјави Клаус Реглинг.
22.02.2017, 09:55


КОСОВО
Објавена фотографија од таткото кој избоде бебиња на Косово: Сакав да ја заплашам сопругата, па ми падна мрак пред очи!
Бебето од 40 дена починало од повредите кои со нож му ги нанел неговиот татко во Штрпце, додека другото бебе во тешка состојба било пренесено во Клиничкиот центар во Ниш, било кажано во болницата во Грачаница.
21.02.2017, 17:37

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Објавена фотографија од таткото кој избоде бебиња на Косово: Сакав да ја заплашам сопругата, па ми падна мрак пред очи!
Бебето од 40 дена починало од повредите кои со нож му ги нанел неговиот татко во Штрпце, додека друг...
ЕВРОПА
Откриен е радиоактивен облак над Европа: Научниците збунети, не знаат од каде е изворот...
ОЛИМПИСКИ ИГРИ
Целосна пропаст на најголемото спортско светско натпреварување: Зошто никој не сака да биде домаќин на ОИ?
МЕЛБУРН
Застрашувачка снимка: Моментот на падот на авионот во Австралија забележан со камера
ФРАНЦИЈА
Нема да се покријам со марама: Француската десничарка Ле Пен откажа состанок со познат муфтија

ВИДЕО ВЕСТИ

Ова е убиецот од Охрид: Соседот од втор спрат со нож ја убил Спаса Бојоска, а еве што направил со парите
Тој честопати ја посетувал Спаса Бојоска при што од неа барал пари на заем, а истото го правел и со останатите соседи.
КАЛИФОРНИЈА
Калифорнија под вода: Поради страшните поплави се евакуираат луѓе, ситуацијата е сè полоша
МИНХЕН
Доктор Џекил и г-дин Хајд: Европа во ист ден ги виде двете лица на американската политика
СКОПЈЕ
Јанева и Фетаи казнети по 2.000 евра на рочиштето за „шлаканици“

ФОТО  
20 од најмоќните фотографии од изминатата недела според Reuters

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ИТАЛИЈА
Филмска одмазда: Ја одмаздил својата сопруга на неверојатен начин
САД
Паника во Америка: Огромната дупка во највисоката брана во близина на Сан Франциско продолжува да се шири!
СКОПЈЕ
Страшна сообраќајка на Партизанска со Октомвриска во 4 часот изутринава
СФРЈ
ЦИА ги објави информациите за нападот на СФРЈ: Чекале Тито да умре, а потоа Брежњев да почне
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: