АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
-1
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСИТЕ ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОНСВЕТAНАЛИЗИ
Турскиот парламент ја започна расправата за јакнење на претседателските овластувања
10.01.2017 | 10:15
Извор: Макфакс
Прочитано: 192 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Турскиот парламент во понеделникот ја започна расправата за уставните промени со коишто би се прошириле овластувањата на шефот на државата, должност која во моментов ја извршува претседателот Реџеп Тајип Ердоган, а неговите критичари мисла дека тој на овој начин сака да ја приграби целат власт во земјата.

Предлогот кој е жестоко критикуван од опозицијата, предвидува пренесување на извршната власт од премиерот на претседателот на земјата и би можело да му овозможи на актуелниот шеф на турската држава Реџеп Тајип Ердоган, кој во 2014 година надмоќно беше избран по трите мандата на премиерската должност, во периодот од 2003 до 2014 година, да остане на власт до 2029 година.

Со воведување на претседателскиот систем, по углед на САД, Франција или Русија, би се создала правна основа за сегашниот начин на кој функционира всушност Ердоган кој стана главен фактор на извршната власт ставајќи го во сенка премиерот, спротивно на уставот донесен по воениот преврат од 1980 година за кој се залага секуларната и левоцентристичката опозиција.

За текстот кој парламентарната комисија го прифати кон крајот на 2016 година, пратениците ќе дебатираат во две читања, што ќе потрае најверојатно петнаесет дена, наведува новинската агенција Anadolu.

Проширувањата на овластувањата на претседателот ги загрижува политичките противници на Ердоган кои го обвинуваат за авторитарност, во прв ред по неуспешниот обид за државен преврат со помош на фракција во армијата од 15-ти јули и чистите кои потоа започнаа во турското општество.

Ердогановата исламско-конзервативна Партија на правото и развојот (AKP) тврди дека претседателскиот систем е неопходен за да се обезбеди стабилност во врвот на државата, како и дека тоа на Турција ќе ѝ овозможи да има систем како посочените во САД и во Франција.

Доколку уставната реформа биде усвоена, претседателот по изборот нема да мора да се повлече од својата партија, ќе именува и сменува министри, и ќе има еден или повеќе потпретседатели.

За предлогот сега мора да гласаат најмалку 330 од 550-те пратеници за да може да биде ставен на потврда на референдум. AKP и десната националистичка опозициска партија Партија на националното движење (MHP) која исто така го поддржува текстот од предлогот, имаат заедно 355 пратеници.

Референдумот би требало да се одржи во првата седмица од април, изјави во понеделникот вицепремиерот Нуретин Чанили.

Уставната реформа наидува на решително противење од страна на Републиканска народна партија (CHP) и на прокурдската Народна демократска партија (HDP), кои го обвинуваат Ердоган дека ја користи вонредната состојба воведена по неуспешниот пуч за а го воведе претседателскиот систем.

НАЈНОВО ОД РЕГИОН  
ТУРЦИЈА
Ердоган го подготвува теренот: Останува на власт до 2029 година?
Дури ниту тепачката меѓу пратениците не го спречила напредувањето на пакетот закони преку собраниската процедура.
18.01.2017, 19:45


ЈУГОСЛАВИЈА
Документите на ЦИА ја откриваат стратегијата на Тито за Советскиот сојуз: Агресорите ќе платат страшна цена!
Американската разузнавачка служба ЦИА на интернет објави 12 милиони страници од кои што е симната ознаката за тајност. Во овие документи, на повеќе места се споменува Југославија и нејзиниот лидер Јосип Броз Тито.
18.01.2017, 19:01


РЕПУБЛИКА СРПСКА
"Гордоста" на Додик скапо ќе ги чини Србија и Република Српска
Политичарите и аналитичарите стравуваат од верижната реакција и санкциите од други земји, што може да има големи последици по Република Српска и српскиот народ.
18.01.2017, 16:23


СРБИЈА
„Рускиот“ воз ќе вози на релација од Краљево до Ужице
Контроверзниот „руски“ воз кој требаше да сообраќа на релација од Белград до Косовска Митровица, но во саботата беше спречен на последната станица пред да влезе во Косово, во следните десет дена ќе превезува патници на релација Краљево-Чачак-Пожега-Ужице, соопштиле во средата од компанијата „Србија воз“, пренесуваат тамошните медиуми.
18.01.2017, 15:45


ТИРАНА
Тахири бара доброволно предавање на нелегалното оружје
Албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири апелираше до населението кое поседува нелегално оружје од 1997-та година, кога во земјата беа отворени воените магазини и истото да го предаде доброволно бидејќи со законот кој е на сила предвидена е целосна амнестија.
18.01.2017, 15:27

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Документите на ЦИА ја откриваат стратегијата на Тито за Советскиот сојуз: Агресорите ќе платат страшна цена!
Американската разузнавачка служба ЦИА на интернет објави 12 милиони страници од кои што е симната оз...
САД
Дали ова е знак дека Американците се подготвуваат за војна со Русија: Еве што било снимено над „Областа 51"
РУСИЈА
Мистерија во Русија: Кој го ликвидираше телохранителот на големиот пријател на Путин?
ФИНСКА
Во Финска почнал најлудиот експеримент: Невработените секој месец ќе добиваат плата!
ИСИС
Како испружениот показалец станал симбол на злото

ВИДЕО ВЕСТИ

Лавина затрупала луксузен хотел во Италија: Има 30 мртви, а заробените молат за помош
Се стравува дека повеќе од 30 луѓе загинале вчера кога силна лавина се спуштила на хотел во италијанската област Абруко.
САД
Последното обраќање на Обама: Верувам во нашата земја и народ!
СИРИЈА
Путин и Ердоган заедно против ИСИС: Руските и турските борбени авиони за прв пат заедно ги нападнаа џихадистите
СКОПЈЕ
Ристески: И по 3 години од ветувањето, Жерновски не изгради училиште во Капиштец

ФОТО  
Дочекот на 2017-та низ светските метрополи

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ЦРНА ХРОНИКА
Снимка од почетокот на масакрот: Првите жртви биле убиени пред клубот!
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ!
Видео запис од утрово, на излезот од Скопје: Погледнете како не треба да се вози на замрзнат автопат!
ИСТАНБУЛ
Оваа убавица ги молела родителите да ја пуштат за Нова година во Истанбул: Прв пат патувала, но и последен
ТЕШКИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ
Блокиран автопатот Скопје-Велес во двата правци, над 200 луѓе заложници на снежното невреме!
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: