АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
-1
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСИТЕ ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОНСВЕТAНАЛИЗИ
Македонците потрошиле 63 милиони евра за онлајн купувањa од јануари до септември 2016 година
22.12.2016 | 13:14
Извор: Точка
Прочитано: 2511 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Раст на вредноста на остварени трансакции преку персонален комјутер, но само 19,3% од 72% интернет корисници нарачале/купиле стоки или услуги на интернет во 2015 година.

Пазарот на е-трговијата во Република Македонија бележи континуиран подем и раст особено од 2011 година. Значаен удел во развојот на е-трговијата имаа сајтовите за групно купување, а особено Grouper кој започна со работа во Јануари 2011 година.

Grouper даде поттик за граѓаните да го направат своето прво купување онлајн преку атрактивните понуди со големи попусти и придонесе кон едукација за онлајн купување на корисниците од една страна и вклучување на голем број компании во е-трговијата, од друга страна.

Денес Grouper брои веќе над 130.000 корисници, а корисниците го користат и како водич за откривање на нови места, организирање патувања или едноставно наоѓање на посакуваниот производ.

Д-р Нина Ангеловска, основач на сервисот за групно купување и лидер во е-трговијата во Македонија – Grouper.mk

Растот на е-трговијата во Република Македонија до скоро го следевме преку остварените трансакции преку персонален комјутер кои ги објавува Народната банка. Најголема стапка на годишен раст во остварената вредност на трансакциите преку персонален компјутер се забележува во 2014 година споредено со 2013 година односно над 350%, што сметам дека не е реален пораст на пазарот на онлајн купување односно во голема мера се должи на лансираните кампањи за стимулирање на онлајн плаќање на сметки за телефон, вода, струја и др. Во 2015 година, споредено со 2014 година забележан е пораст од 61% во остварената вредност на трансакции преку персонален комјутер.

Извор: Народна банка на Р. Македонија

Има бројни фактори кои влијаат на развојот на е-трговијата како што се: наклонетост на населението кон готовински плаќања, политичките и економските фактори, брзината на адаптирање и прифаќање на нови технологии и трендови, компјутерска писменост на населението и др. Секако еден од предусловите за е-трговијата е интернет пенетрацијата. Според Државниот завод за статистика во првото тримесечје од 2016 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 72%, а 61% го користеле секој ден или речиси секој ден. Сепак само 19.3% од лицата кои кога било употребиле интернет, нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци, додека две-третини од интернет корисниците во ЕУ купуваат онлајн (Eurostat, 2016). Сметам дека имаме уште долг пат за да се приближиме кон развиените земји, како од аспект на страната на е-трговците, засегнатите институции и банките така и од аспект на крајните корисници.

Промени во методологијата од страна на Народната Банка кои отвараат нови можности за анализа на пазарот на е-трговијата

Согледувајќи ги потребите за анализа на растечкиот пазар на е-трговијата, Народната Банка на РМ во Април 2016 година, донесе одлука за промена на методологијата за прибирање на податоците за платните системи која во значаен дел е прилагодена на стандардите на Европската Централна Банка. Со новата статистика се отвори можноста за креирање на подетална анализа на состојбата на е-трговијата во Република Македонија и тоа пред се во поглед на тоа колку македонците купувале онлајн кон домашни трговци, колку нерезиденти купувале од македонски оналјн продавници и колку македонците купувале онлајн од трговци надвор од земјава. Во новиот извештај за Платежни трансакции со платежни картички според типот на уредот подетално се содржани следните типови на трансакции:

а) трансакции на уредите во земјата со картички издадени во земјата;
б) трансакции на уредите во земјата со картички издадени надвор од земјата;
в) трансакции на уредите надвор од земјата, со картички издадени во земјата.

Според досегашните објавени податоци од НБРМ заклучно со Септември 2016 година остварената вредност на транскации преку персонален комјутер во првите 3 квартали од оваа година е за 32% поголема од остварената во истиот период минатата година. Притоа значителен пораст од над 50% се забележува во јануари, и летните месеци: јуни, јули и август.

Извор: Народна банка на Р. Македонија

Колку македонците купувале онлајн од домашни онлајн продавници, а колку од странски?

Македонците потрошиле значително повеќе средства за купување онлaјн од странски трговци отколку од домашни трговци. Ако се земе предвид дека понудата од домашните онлајн трговци е се’ уште мала и уште повеќе ако се земе предвид глобализацијата и можноста за купување од странски трговци каде понудата е многу конкурентна истото е логично.

Извор: Народна банка на Р. Македонија

Во периодот јан-септ 2016 година од вкупно 63 милиони евра вредност на трансакции направени со картички издадени од домашни банки, 72.7% е вредност од направени трансакции со домашни картички кон странски трговци или 45.8 милиони евра, додека 18.9 милиони евра биле потрошени за купувања направени кај домашните онлајн трговци.

Колку домашните трговци привлекле купувања од странци?

Во периодот јан-септ 2016 година, 8% просечно месечно од вкупната вредност на трансакции остварена на домашните трговци преку виртуелен пос терминал (онлајн) е направена како разултат на купувања од нерезиденти или вкупно 1.4 милиони евра.

Правните лица повеќе купуваат од домашни трговци

Според тоа дали се работи за трансакции од физички или правни лица доминираат физичките лица и во двата случаи (кон домашни и кон странски трговци) со учество од 76% во странските плаќања и 82% учество на физичките лица во трансакциите кон домашни трговци.

Кога зборуваме за трансакции направени од домашни картички кон домашни трговци разликата помеѓу физичките и правните лица не е драстично различна како што е случај со направените трансакции кон странски трговци, односно правните лица учествувале само со околу 6,5% просечно месечно во првите 9 месеци од 2016 година во вкупно направените трансакции кон странски трговци.


Извор: Народна банка на Р. Македонија

Во однос на бројот на направени трансакции, домашните трговци учествуваат со 45%, додека 55% се трансакции кон странски онлајн продавници.

Извор: Народна банка на Р. Македонија

Колкава е просечната вредност на една трансакција?

Според графиците прикажани за направените трансакции и потрошената вредност од домашни картички кон домашни и странски трговци се наведува прашањто за тоа дали многу повеќе вредела една трансакција кон странските трговци? Просечно една трансакција направена од домашни картички во периодот јан-сеп. 2016 година изнесувала околу 1650 денари. Притоа кон странските трговци просечната трансакција вредела 2190 денари, додека кон домашните само околу 980 денари.

Постојат 669 регистрирани интернет-продажни места на пазарот

До пред промената на метдологијата на НБРМ и објавување на новиот извештај за период јан-септ 2016 година не постоеше официјален податок за тоа колку онлајн продавници постојат во земјава. Уште една добра вест е дека од сега ќе го имаме овој податок на располагање и ќе може да го следиме прогресот.

Во јануари оваа година имало 585 интернет-продажни места, додека во септември оваа бројка пораснала на 669 онлајн продавници. Сепак прашањето дали сите овие трговци се активни или пак се работи за вкупна бројка на регистрирани виртуелни продажни места останува отворено.


Кратка биографија за Д-р Нина Ангеловска

Нина Ангеловска e извршен директор и ко-основач на првиот македонски веб сајт за групни попусти, Grouper.mk, кој предизвика револуција во оналјн купувањето и стана лидер на пазарот на е-трговијата.

Дипломирала како најдобар студент на генерацијата на Економскиот факултет, Скопје на департманот по Е-бизнис. На натпреварот за најиновативен бизнис план организиран од NCDiel во 2010 година победува и добива парична награда со која го започнува бизнисот.

Нина верува во моќната синергија помеѓу теоријата и праксата и се стреми со стекнатото практично знаење да придонесе кон науката. Магистрира во 2012 година, а веќе во 2016та година станува Доктор на науки.

Нина Ангеловска се наоѓа на листата на 100 успешни жени основачи на старт-апи во Европа (100 Female Founders Europe) која ја состави еминентниот германски магазин The Hundert, а потоа ја сподели и Forbes.

Со нејзиното 5 годишно искуство во менaџирање на најголемиот сајт за е-трговија и успешната претприемачка приказна, Нина е говорник и предавач на бројни настани, конфенреции и тренинзи, а од неодамна и ментор на неколку академии.

НАЈНОВО ОД АНАЛИЗИ  
АНАЛИЗА
Што стои зад партнерството на Путин и Ердоган: Русите и Турците станаа „браќа по оружје"
Руските и турските воздухопловни сили на 18-ти јануари ја изведоа првата заедничка воена операција против Исламската држава во сирискиот град Ал Баб кој што се наоѓа во близина на Алепо.
20.01.2017, 12:11


АНАЛИЗА
Нештата по кои ќе се памети Обама
Американскиот претседател Барак Обама ја напушта, по два мандата, должноста а неговото претседателствување, со според многумина единствената вистинска суперсила во светот во моментов, ќе остане запаметено во прв ред по девет нешта.
17.01.2017, 09:07


АНАЛИЗА
Додека Трамп аплаудираше: Како Путин го победи Обама во нивната последна меѓусебна рунда...
Американскиот однос кон Русија за прв пат после долги години е пречекан во позитвна атмосфера во Москва – имено, поддржувачите на Путин тоа го препознаа како знак дека Русија е повторно светска сила.
11.01.2017, 11:07


АНАЛИЗА
Глобалната слика радикално се менува: Ваков ризик не постоел ниту во времето на Студената војна
Американските разузнавачки служби објавија извештај во врска со нивните предвидувања на ситуацијата на глобален план во идните пет години. Ситуацијата моментално во светот и тоа како е загрижувачка.
10.01.2017, 13:07


АНАЛИЗА
Дали Обама успешно му се спротивстави на Путин, или доживеа тотален пораз?
Американската администрација на чело со претседателот Барак Обама неодамна превзеде досега невидени чекори против Русија поради руската наводна вмешаност во американските претседателски избори.
05.01.2017, 11:37

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Мистерија стара 30 години: Девојчиња кои биле киднапирани во 1985 година, сега се пронајдени живи и здрави
Полицијата во американската сојузна држава Роуд Ајленд соопштила дека го решила случајот на киднапир...
ИТАЛИЈА
Лавина затрупала луксузен хотел во Италија: Има 30 мртви, а заробените молат за помош
АЛЕПО
Репортажа од Алепо од која ќе ви замрзне крвта во вените: Ова е место каде и децата се молат за смрт!
РУСИЈА
Заглавија на историското патување: Руски бродови останаа заробени во мразот, спасувачката мисија исклучително комплицирана
ШПАНИЈА
Прв пат по 90 години им паднал снег: Веднаш ги затвориле сите училиште

ВИДЕО ВЕСТИ

Чудо во Италија: Осум луѓе пронајдени живи под урнатините на хотелот затрупан од лавина!
Снежната лавина го затрупала во средата навечер малиот хотел, во кој, како што се претпоставува, имало околу 30 гости, меѓу кои и деца.
ВАШИНГТОН
Ни мува да прелета: Вашингтон како тврдина пред инаугурацијата на Трамп
АНАЛИЗА
Што стои зад партнерството на Путин и Ердоган: Русите и Турците станаа „браќа по оружје"
КИНА
Оружје на иднината: Кинески невидлив дрон кој може да понесе два тони бомби

ФОТО  
Дочекот на 2017-та низ светските метрополи

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ЦРНА ХРОНИКА
Снимка од почетокот на масакрот: Првите жртви биле убиени пред клубот!
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ!
Видео запис од утрово, на излезот од Скопје: Погледнете како не треба да се вози на замрзнат автопат!
ИСТАНБУЛ
Оваа убавица ги молела родителите да ја пуштат за Нова година во Истанбул: Прв пат патувала, но и последен
ТЕШКИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ
Блокиран автопатот Скопје-Велес во двата правци, над 200 луѓе заложници на снежното невреме!
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: