АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
16
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСИТЕ ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОНСВЕТAНАЛИЗИ
Како да живеел во денешно време: Еве што напишал Тито за светските проблеми пред повеќе од половина век
20.12.2016 | 12:21
Извор: Точка
Прочитано: 11008 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Од бесмисленоста на постоењето на НАТО, до опасноста од поделбата на светот на сфери на влијание, Јосип Броз Тито уште кон крајот на 50-тите одлично ги разбирал проблемите кои што ќе го мачат светот половина век подоцна.

Во авторскиот текст „За одредени актуелни меѓународни прашања“, напишан за реномираниот американски магазин Foreign Affairs, поранешниот лидер на Југославија, Јосип Броз Тито го претставил манифестот на надворешната политика која ќе го одбележи неговото владеење во следните 20 години.


Уште на самиот почеток, Тито како приоритет ја дефинира цврстата решеност сите меѓународни проблеми да се решаваат по мирен пат и со соработка. Според неговото мислење, токму луѓето чија што должност е да го одржуваат мирот и безбедноста, најчесто самите го нарушуваат принципот на мирната коегзистенција со упорното делење на светот на зони на интереси.


„Потеклото на тензиите кои што денес го мачат светот може да биде проучено до времето на Техеран, Јалта и другите конференции за одредени меѓународни проблеми како што е поделбата на светот на сфери на влијание. За нив, светот е составен од три сили, сите други нации се гледаат како протекторати и нивните стремежи се игнорирани“, вели Тито.

Во неговите критики упатени кон големите сили, тој воопшто не ги поштедувал ниту западните земји, но ниту и Советскиот сојуз.

Тој Западот го обвинува за лицемерие затоа што го користи принципот за независност во пропагандни цели, додека во пракса го прави сосема спротивното – ја нарушува вистинската независност на помалите и послаби држави. Тито бил совршено свесен дека политиката на Сталин е одговорна за големата недоверба на Европа и САД во врска со намерите на СССР, но тој не можел да си објасни зошто таа недоверба не само што не исчезнала, туку продолжила да расте и по смртта на Сталин.

Анализата на Тито на односите помеѓу Западот и Истокот, поточно помеѓу Вашингтон и Москва, денес е поактуелна од било кога, пред се во разгледувањето на причините за тензиите и смисолот на НАТО Алијансата.


„Нема да ви откријам никаква тајна кога ќе ви кажам дека поставувањето на воени бази во Европа, на Блискиот исток и во Азија претставува трајна закана за мирот, затоа што тоа доведува до легитимна недоверба на другата страна, во овој случај на советските лидери. Советските лидери на ова со право гледаат, според моето мислење, како на политика на опкружување, воена закана и агресивен обид за изолација на Советскиот сојуз“, вели Тито.

Доколку ги споредиме овие ставови со соопштенијата на Кремљ во последните неколку години, ќе видиме дека клучниот проблем на релација Вашингтон – Москва во суштина не е променет. На него во меѓувреме се придодале други проблеми, како на пример прашањето за ракетниот штит на САД во Европа и Јужна Кореја.

Постоењето на НАТО Алијасата, според Тито, имало смисол само кога Алијансата настанала – за време на ерата на Јосиф Сталин. Со оглед на тоа што факторите кои што биле заслужни за формирањето на НАТО исчезнале, Тито смета дека не постои никакво оправдување и за понатамошното постоење на Алијансата, а уште помалку на експанзијата и развојот на НАТО.

Со оглед на тоа што Тито се противел на „блоковскиот систем“ кога е во прашање надворешната политика, сличниот став важи и за Варшавскиот пакт, иако според него за неговото формирање била неопходноста од противтежа на Алијансата.


Југословенскиот лидер предлагал колективен безбедносен договор кој би обезбедил мир и стабилност врз основа на довербата меѓу нациите и државите, а тоа би овозможило далеку поефикасно решавање на меѓународните проблеми. За тоа да би успеало, неопходно било принципот на решавање на меѓународните проблеми да биде независен од политичкото уредување на државите, односно дали на власт во одредена држава е комунистички или демократско-капиталистички режим.

Мешањето во внатрешните прашања, нешто што во денешната политичка арена најмногу им се замерува на Американците (иако истото во својата сфера на влијание го прават и Русите и другите европски земји), за концепцијата на меѓународни односи на Тито, претставува голема опасност и „може да доведе до нови катастрофи за целото човештво“.

Јосип Броз Тито многу рано ја развил својата политичка визија за светот која што освен по социјалистичките елементи, во многу сегменти се преклопува со денешните стремежи. Дипломатската зрелост на Тито била далеку поголема од онаа кај многуте државници кои што имале „студеновоен“ начин на размислување.


Во денешниот свет, повторно владее голема недоверба помеѓу Западот и Истокот, се зборува за втората Студена војна, а се почесто во најголемите светски медиуми се зборува и за потенцијална Трета светска војна.

Независноста и неутралноста кои што Тито ги истакнува како клучни за мирна коегзистенција, повторно се загрозени, а овој пат од нејасните граници помеѓу културите и нациите и новата „железна завеса“ помеѓу демократскиот и либерален Запад и „традиционалистичката“ Русија на Исток. Таквото незадоволство се манифестира со пораст на национализмот и популизмот низ расни тензии и големата недоверба на луѓето во нивните лидери.

Судејќи по 2016-та година, сигурно е дека оваа деценија ќе донесе бројни нови политички потреси и промени. Еден од нив можеби ќе пресуд и за тоа кој бил во право – Тито или, горе-долу, сите останати.

НАЈНОВО ОД АНАЛИЗИ  
АНАЛИЗА
Кремљ покажува загриженост околу Трамп: Дали Путин конечно сфати со кого има работа?
Може да се каже дека целиот руски државен врв се радуваше кога Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД, но се додека Путин не сфати со кого има работа.
14.02.2017, 12:11


МАФИЈА
Удар за мафијата преку семејството: Како Италија им ја одзема „иднината" на најопасните мафијаши...
Калабрискиот судија смета дека и децата на криминалците имаат право на нормален живот и слобода на избор. Од 2012-та до денес, околу 40 деца на возраст од 12 до 16 години се сместени далеку од лошото влијание на нивните криминални семејства.
13.02.2017, 19:00


ЕУ
2.000 евра е минимална плата во оваа земја - а еве колкави се минималните плати во остатокот од ЕУ
Брисел - највисоката минимална плата во ЕУ, во износ од 2.000 евра, во моментов се плаќа во Луксембург, а на дното на листата се Македонија и Бугарија со минимална плата од 235 евра, според Агенцијата на Европската Унија за статистика, Евростат.
13.02.2017, 15:14


АНАЛИЗА
Целиот свет учи од нив: Како Исланд се справи со тинејџерската наркоманија?
На Исланд, бројот на тинејџерите кои што консумираат алкохол, пушат цигари и се дрогираат драстично опадна во последните 20 години, а за тоа најзаслужна е националната програма. Зошто другите земји не го следат овој пример?
06.02.2017, 12:41


ЕКОНОМИЈА
Кога доларот ќе стане светски проблем?
Насоката на движење ќе биде едно од клучните прашања во 2017-та поради тоа што валутата, чија вредност во предходните години забележа раст за 20 проценти, сигурно ќе предизвика реакции кај главните актери на пазарот.
04.02.2017, 16:49

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Објавена фотографија од таткото кој избоде бебиња на Косово: Сакав да ја заплашам сопругата, па ми падна мрак пред очи!
Бебето од 40 дена починало од повредите кои со нож му ги нанел неговиот татко во Штрпце, додека друг...
ЕВРОПА
Откриен е радиоактивен облак над Европа: Научниците збунети, не знаат од каде е изворот...
ОЛИМПИСКИ ИГРИ
Целосна пропаст на најголемото спортско светско натпреварување: Зошто никој не сака да биде домаќин на ОИ?
МЕЛБУРН
Застрашувачка снимка: Моментот на падот на авионот во Австралија забележан со камера
ФРАНЦИЈА
Нема да се покријам со марама: Француската десничарка Ле Пен откажа состанок со познат муфтија

ВИДЕО ВЕСТИ

Ова е убиецот од Охрид: Соседот од втор спрат со нож ја убил Спаса Бојоска, а еве што направил со парите
Тој честопати ја посетувал Спаса Бојоска при што од неа барал пари на заем, а истото го правел и со останатите соседи.
КАЛИФОРНИЈА
Калифорнија под вода: Поради страшните поплави се евакуираат луѓе, ситуацијата е сè полоша
МИНХЕН
Доктор Џекил и г-дин Хајд: Европа во ист ден ги виде двете лица на американската политика
СКОПЈЕ
Јанева и Фетаи казнети по 2.000 евра на рочиштето за „шлаканици“

ФОТО  
20 од најмоќните фотографии од изминатата недела според Reuters

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ИТАЛИЈА
Филмска одмазда: Ја одмаздил својата сопруга на неверојатен начин
САД
Паника во Америка: Огромната дупка во највисоката брана во близина на Сан Франциско продолжува да се шири!
СКОПЈЕ
Страшна сообраќајка на Партизанска со Октомвриска во 4 часот изутринава
СФРЈ
ЦИА ги објави информациите за нападот на СФРЈ: Чекале Тито да умре, а потоа Брежњев да почне
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: