АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
19
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСИТЕ ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОНСВЕТAНАЛИЗИ
Одмаздата на Кинезите: Дали Пекинг може да им го возврати ударот на Американците?
19.12.2016 | 10:33
Извор: Точка
Прочитано: 5257 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Ниту едно од можните три сценарија не е невозможно да се оствари, а во сите три случаи главен адут на Кинезите е Северна Кореја.

Фактот дека Доналд Трамп зел за слобода да поразговара со тајванската претседателка Чаи Инг-Вен е значајна не само за самиот тек на разговорите, туку и за тоа што следуваше потоа.


За среќа на двете претседателски администрации во Соединетите Американски Држави, онаа на Обама која што е во заминување и администрацијата на Доналд Трамп која што наскоро ќе се всели во Белата куќа, Кинезите од двата учесници во разговорите, се фокусираа само на Тајванците.

Кинескиот претседател веројатно сфатил дека влошувањето на односите на Кина со САД поради десетминутен телефонски разговор не е во интерес на неговата држава. Поради тоа, според некои аналитичари, благиот одговор на Кина можеби е знак дека САД треба да одат чекор нанапред во односите со Тајван.

Но, ако Американците се одлучат на таков потег, тогаш Кинезите планираат да ја искористат Северна Кореја. Тој проблем без Кина едноставно не може да биде решен. Ова се трите сценарија за кинески одговор на провокациите од Соединетите Американски Држави.


Без резолуција во Советот за безбедност

Поради изолираноста на економијата на Северна Кореја, меѓународните санкции речиси и да немаат никаков ефект кон Пјонгјанг. Затоа, Советот за безбедност е местото од каде што се испраќаат заканите до Северна Кореја. Оваа година, Советот за безбедност два пати гласаше за санкциите кои што го погодија најпрофитабилниот дел од економијата на Северна Кореја.

Сепак, ефикасноста на санкциите кои што ги носи Советот за безбедност, па какви и да се, зависи од единството на постојаните членки на Советот за безбедност. Доколку Американците одобрат посета на тајвански високи функционери, Кинезите тогаш ќе го употребат ветото за идните санкции кон Северна Кореја.

Игнорирање на санкциите

Ако санкциите од март беа „снајперски погодок“, тогаш резолуцијата 2321 на Советот за безбедност при Обединетите нации е топовски удар за економијата на Северна Кореја. Членките на Обединетите нации не смеат да извезуваат или увезуваат стока од оваа земја и мора да ги ограничат дипломатските претставништва.

Извозот на јаглен од Северна Кореја (најпрофитабилен бизнис на режимот) е ограничен на 400 милиони долари. Извозот на другите метали е забранет. Се проценува дека севернокорејскиот режим поради ова губи дополнителни 700 милиони долари.


Овие мерки сепак имаат смисол ако сите ги почитуваат. Без Кина, санкциите нема да имаат ефект. Ако Кина одбие да ги почитува, тогаш се ќе се врати во нормала кај Северна Кореја.

Целосна промена на односите на Кина кон Северна Кореја

Ако Трамп се одлучи да има близок и пријателски однос со Тајван, Кина може целосно да го промени ставот за нуклеарната програма на Северна Кореја.

Токму ова сценарио на Кинезите им дава предност во односите со Соединетите Американски Држави. Целосното прифаќање на нуклеарната програма на Северна Кореја ќе претставува пресврт од 180 степени во меѓународната политика и токму ова би требало да ги загрижи властите од Вашингтон, иако е факт дека и на Кинезите им одговара Корејскиот полуостров да остане без тоа опасно оружје.

Иако разговорот на Трамп со тајванската претседателка беше окарактеризиран како „пријателски муабет“, новиот американски претседател мора да одреди какви ќе бидат односите на САД со Тајван. Дали поддршката на Тајван е поважна од целата безбедност на Пацификот и прифаќањето на фактот дека Северна Кореја ќе стане нуклеарна сила?

НАЈНОВО ОД АНАЛИЗИ  
САД
Дали нешто не е во ред со оваа фотографија од Белата куќа?
Демократите, групите на жени и либералците ја нападнаа фотографијата која во четвртокот ја сподели потпретседателот Мајк Пенс од состанокот на кој тој присуствуваше заедно со претседателот Доналд Трамп и членовите од House Freedom Caucus
24.03.2017, 11:29


АНАЛИЗА
American Thinker: Русија за Западот е земја-мистерија, но за народот чудо Божјо
Русија е земја во која туристот лесно може да влезе на московските аеродроми, бидејќи постојат забрзани процедури. Тоа на патниците им овозможува без одложување да се упатат кон центарот на градот и хотелите, а за тоа да не минат повеќе од еден час во такси.
23.03.2017, 11:54


АНАЛИЗА
Билт: Пред 100 години Принцип започнал војна во Сараево, а сега Балканот може да експлодира во Скопје
Некогашниот висок претставник на ЕУ во БиХ, Карл Билт, смета дека европските лидери имаат јасен избор за Балканот: или ќе се занимаваат со тамошните проблеми, или ќе чекаат балканските проблеми да почнат да се занимаваат со нив.
22.03.2017, 12:41


АНАЛИЗА
Се менуваат правилата на игра помеѓу Израел и Сирија: Опасен развој на ситуацијата кој што може да биде кобен за Асад
Разменувањето на проектили помеѓу Израел и Сирија кое што се случило минатиот петок, ги одразува обидите на режимот на Асад да ги промени „неслужбените“ правила на игра во таа војна.
21.03.2017, 20:00


ШВАЈЦАРИЈА
Колку заработуваат жителите на Швајцарија? Објавени платите на фризери, столари, наставници...
Кантонот на Цирих неодамна објави водич за плата од кој може да се види колку се заработува за одредени професии во Швајцарија.
20.03.2017, 16:51

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Сите ја знаеле Јованка, но... Ова е единствената жена која му го скршила срцето на Тито
Ова е приказната за Јосип Броз Тито и неговиот пропаднат брак со Русинката Пелагија Белоусова.
УНГАРИЈА
Интервју кое ќе го шокира Стариот континент: Поранешен шпион открил колку е всушност сериозна руската закана во Европа
СИРИЈА
Американски падобранци се спуштија зад непријателските линии: Се подготвуваат за почетокот на најкрвавата битка досега
ЛОНДОН
Се појави видео од дивеењето на терористот на мост: Жената се спасила со бизарен скок во Темза!
АНГЛИЈА
Исповед на сосетка на терористот од Лондон: „Беа тивко семејство, а потоа одеднаш исчезнаа“

ВИДЕО ВЕСТИ

Грозоморно видео од масакрот во Лондон: Луѓе останале под тркалата на автомобилот на терористот!
Се појави уште едно застрашувачко видео од терористичкиот напад во Лондон, моментот кога Халид Масуд излетал на тротоар и удрил со автомобилот "Хјундаи" во портите на Вестминистер палатата.
СРБИЈА
Србија одбележува 18 години од бомбардирањето на НАТО
МАДРИД
Па каде беше за Божиќ: Додека Македонија бележи високи температури во март, Шпанците ги изненадил снег!
ЛОНДОН
Снимка од евакуацијата на Тереза Меј за време на терористичкиот напад: Премиерката однесена во автомобил и пренесена на безбедно

ФОТО  
Оскаровската афтер-парти на Vanity Fair 2017 резултираше со портрети на славните од Mark Seliger

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ЕВРОПА
Мистериозни бродови пристигнуваат во Европа: Никој не знае кој ги испраќа, што носат, а радарите не ги регистрираат!
КОСОВО
Полицијата сопрела такси, а кога го отвориле багажникот се шокирале: Вакво нешто не сме виделе со децении
ЗАПАДЕН БАЛКАН
Сериозно предупредување: Русија е сè посилна на Балканот, можен е вооружен судир...
БАЛКАН
"Russia Today": Американскиот план за Македонија: "Држете ја Србија мирна, а Русија далеку!"
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: