АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
-2
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСИТЕ ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОНСВЕТAНАЛИЗИ
Анализа Макфакс: Ранливостите на сајбер просторот, човечкиот фактор далеку пред сите други
30.11.2016 | 12:46
Извор: Макфакс
Прочитано: 919 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Ранливостите во сајбер просторот и сајбер безбедноста се должат на многу работи, но еден од тие фактори е најкритичен, а тоа е човечкиот фактор, објаснуваат експертите на регионалниот форум посветен на сајбербезбедноста кои деновиве се одржува во Белград, во организација на швајцарската организација DCAF.

Секако дека софтервот и комуникациските протоколи имаат свои ранливости, но тука секогаш предничи човечкиот фактор, објаснува Владимир Радуновиќ, директорот на Фондацијата Дипло, која се занимава со е-дипломатија и сајбер безбедност.

„Ранливостите во сајбер просторот постојат во софтверот, протоколите и во умовите на луѓето. Постојат истражувања дека 90 проценти од сите сајбер напади имаат барем по една компонента која што е човечка. Нападите како што се phishing, односно страниците кои ги мамат луѓето да отворат некакви линкови кои потоа дозволуваат пристап до нивните податоци, мрежи во компаниите каде што работат и отвораат секаков вид на ранливости кои потоа се користени од страна на напаѓачите“, вели Радуновиќ.

Побарувачката на новите комуникациски уреди е често премногу голема за компаниите реално да можат да посветат време на безбедноста за нивните корисници додека ги користат, но се поголемите ризици и закани по приватноста во последно време успеваат да го променат ова, додава тој.

„Доколку постои голема побарувачка околу новите уреди како што се смартфоните, лаптопите итн, тогаш вниманието коешто е насочено кон безбедноста на софтверот е многу мало и е безмалку ничија грижа. Се додека ова се случува, тогаш кај индустријата и реално нема некаква иницијатива за фокусот да се ставен на безбедноста. Сепак ова се менува во последно време и луѓето почнуваат да размислуваат околу ризиците по нивната приватност, пред се користејќи ја енкрипцијата. Така што можевме да видиме како Епл воведе толку силна енкрипција што ни ФБИ не можеше да ја пробие, Фејсбук месинџер го направи истото тоа, Вајбер исто така, се повеќе и повеќе продукти инкорпориаат енкрипција како начин на заштита. Сноуден исто така се осврна на ова, односно на парадоксот дека луѓето наместо да се насочат кон институциите кои треба да ги заштитат, како што се ЦИА, ФБИ итн, тие се повеќе ја бараат оваа заштита од компаниите кои се во оваа индустрија“, вели српскиот експерт.

Војувањето во сајбер просторот, пак, односно новиот вид на „неконвенционални“ војни исто така ја зголемува потребата од еден тип на глобална сајбер безбедност, во која пак главниот збор повторно ќе го имаат големите воени сили како што се САД, Русија и Кина, смета тој. Самите методи кои се употребуваат и начинот на војувањето во сајбер просторот се исто така нешто за што во моментот преговараат големите сили.

„Меѓународното право има некакви права и механизми за тоа какво треба да биде учеството во воените дејства на конвенционалните војни, а во моментов има дијалог помеѓу главните земји во ОН и тие дискутираат за нормите на однесување во сајбер војувањето, но секако дека сето ова е необврзувачко и подложно на дипломатијата. Сепак постои некаков дијалог и намери за да се избегнуваат вакви инциденти. Има ткн „жешка линија“ помеѓу Вашингтон и Москва, уште од времињата на Студената војна, тие и сега ја користат и за нуклеарната соработка но од скоро започнаа да ја користат и околу сајбер инцидентите. Според неодамнешните наоди, таа беше искористена пред месец дена, кога САД и порачаа на Русија да не се „меша“ во претседателските избори“, објаснува Радуновиќ, еден од предавачите на регионалната конференција за сајбер безбедност во Белград, а на која учествува и Макфакс.

НАЈНОВО ОД АНАЛИЗИ  
АНАЛИЗА
Што стои зад партнерството на Путин и Ердоган: Русите и Турците станаа „браќа по оружје"
Руските и турските воздухопловни сили на 18-ти јануари ја изведоа првата заедничка воена операција против Исламската држава во сирискиот град Ал Баб кој што се наоѓа во близина на Алепо.
20.01.2017, 12:11


АНАЛИЗА
Нештата по кои ќе се памети Обама
Американскиот претседател Барак Обама ја напушта, по два мандата, должноста а неговото претседателствување, со според многумина единствената вистинска суперсила во светот во моментов, ќе остане запаметено во прв ред по девет нешта.
17.01.2017, 09:07


АНАЛИЗА
Додека Трамп аплаудираше: Како Путин го победи Обама во нивната последна меѓусебна рунда...
Американскиот однос кон Русија за прв пат после долги години е пречекан во позитвна атмосфера во Москва – имено, поддржувачите на Путин тоа го препознаа како знак дека Русија е повторно светска сила.
11.01.2017, 11:07


АНАЛИЗА
Глобалната слика радикално се менува: Ваков ризик не постоел ниту во времето на Студената војна
Американските разузнавачки служби објавија извештај во врска со нивните предвидувања на ситуацијата на глобален план во идните пет години. Ситуацијата моментално во светот и тоа како е загрижувачка.
10.01.2017, 13:07


АНАЛИЗА
Дали Обама успешно му се спротивстави на Путин, или доживеа тотален пораз?
Американската администрација на чело со претседателот Барак Обама неодамна превзеде досега невидени чекори против Русија поради руската наводна вмешаност во американските претседателски избори.
05.01.2017, 11:37

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Мистерија стара 30 години: Девојчиња кои биле киднапирани во 1985 година, сега се пронајдени живи и здрави
Полицијата во американската сојузна држава Роуд Ајленд соопштила дека го решила случајот на киднапир...
ИТАЛИЈА
Лавина затрупала луксузен хотел во Италија: Има 30 мртви, а заробените молат за помош
АЛЕПО
Репортажа од Алепо од која ќе ви замрзне крвта во вените: Ова е место каде и децата се молат за смрт!
РУСИЈА
Заглавија на историското патување: Руски бродови останаа заробени во мразот, спасувачката мисија исклучително комплицирана
ШПАНИЈА
Прв пат по 90 години им паднал снег: Веднаш ги затвориле сите училиште

ВИДЕО ВЕСТИ

Чудо во Италија: Осум луѓе пронајдени живи под урнатините на хотелот затрупан од лавина!
Снежната лавина го затрупала во средата навечер малиот хотел, во кој, како што се претпоставува, имало околу 30 гости, меѓу кои и деца.
ВАШИНГТОН
Ни мува да прелета: Вашингтон како тврдина пред инаугурацијата на Трамп
АНАЛИЗА
Што стои зад партнерството на Путин и Ердоган: Русите и Турците станаа „браќа по оружје"
КИНА
Оружје на иднината: Кинески невидлив дрон кој може да понесе два тони бомби

ФОТО  
Дочекот на 2017-та низ светските метрополи

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ЦРНА ХРОНИКА
Снимка од почетокот на масакрот: Првите жртви биле убиени пред клубот!
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ!
Видео запис од утрово, на излезот од Скопје: Погледнете како не треба да се вози на замрзнат автопат!
ИСТАНБУЛ
Оваа убавица ги молела родителите да ја пуштат за Нова година во Истанбул: Прв пат патувала, но и последен
ТЕШКИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ
Блокиран автопатот Скопје-Велес во двата правци, над 200 луѓе заложници на снежното невреме!
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: