АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
-1
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСИТЕ ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОНСВЕТAНАЛИЗИ
Пари има, мостот кај Зрновци никако да се изгради
15.11.2016 | 10:01
Извор: Макфакс
Прочитано: 1084 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Жителите на селото Зрновци, кочанско, со години поминуваат по небезбеден мост на реката Брегалница, кој ги поврзува со Кочани, а мостот иако повеќепати било ветувано дека ќе биде поправен и оспособен за употреба, тоа не се случи.

Состојбата со мостот на реката Брегалница веќе неколку години претставува опасност за граѓаните, а функционерите од власта со години ветуваа нов мост на реката Брегалница при влезот во Зрновци, и за локални и за парламентарни избори, но по секои завршени избори ова прашање се забораваше.

Состојбата со мостот ескалираше за време на поплавите во февруари 2015 година. Тогаш мостот беше затворен и забранет за употреба, а граѓаните на Зрновци и околните села возеа по дополнителни 20 километри во еден правец за да стигнат до Кочани.

Во тој период се ветуваа брзи решенија, односно паднаа ветувања дека се чека да се подобри времето за да може да влезе механизацијата и дека веднаш ќе започне со решение на проблемот и отстранување на опасноста.

УНДП преку европските фондови финансира нов мост

Во април 2016 година објавен е тендер за изградба на нов мост на местото на стариот, а објавата е објавена во два македонски весници „Дневник“ и весникот на албански јазик „Коха“, обезбедени се пари за изградба преку УНДП, а на тендерот победува македонската градежна фирма „Гранит“.

Според договорот потпишан меѓу УНДП и „Гранит“, фирмата е обврзана од јуни 2016 година да почне со изградба на мостот, со рок на завршување на градежните работи и пуштање на мостот во употреба во јуни 2017 година, а вредноста на проектот е 800.000 долари или 43.907.479 денари.

Проблемот продолжува со тоа што „Гранит“ се уште нема почнато со градежни активности на мостот, а за да гради нов, најпрво треба да го урне стариот, за кој секако има забрана за употреба.

Но, граѓаните не се сложуваат да се урне постоечкиот мост, затоа што и покрај забраната за негова употреба, тие сепак го користат мостот, затоа што им го скусува патот до Кочани за 20 километри.

Тие бараат да се изгради времен, алтернативен мост во близина на овој, па потоа да се урива тој и да се гради нов.

Поради ова, на крајот на октомври одржан е јавен собир во Домот на културата во Зрновци, на кој градоначалникот Блажо Станков ги запознавa граѓаните со хронологијата на настаните поврзани со мостот.

Сите знаат за обилните дождови кои го зафатија регионот поради кои имаше висок водостој на реката Брегалница и поради ова мостот попушти и беше целосно затворен и забранет за сообраќај. Локалната власт за тоа ја известила Владата при што било задолжено Министерството за транспорт и врски да изврши увид на оштетениот мост. Од увидот, на кој присуствуваа и професори од Градежниот факултет, утврдено е дека мора да се гради нов мост.

Била ангажирана проектантската куќа „ГЕИН Г“ Скопје да изготви технички проект за изградба на сосема нов мост со две коловозни ленти. Откако се направиле геомеханички испитувања кои ја утврдуваат состојбата на почвата, пари се обезбедиле од фондовите од Европската унија, а се имплементираат преку УНДП.

УНДП распишува тендер, при што за изведувач на работите е избрана фирмата „Гранит“ со подизведувачот „Фресине“ со утврдени рокови за започнување на работите и тоа јуни 2016 година.

Но, како што појаснија од УНДП, работите се одолжиле поради тоа што наи[ле на теренски проблеми. Имено, требало да се отстранат инсталации, електрични водови, за кои требало да се потпишуваат договори со ЕЛЕМ, потоа имотно-правни односи со сопственици на земјишта, а сето тоа оди бавно.

Иако, било договорено да се постават бетонски премини, изведувачот известил дека тоа нема да може да го направи затоа што не добиле согласност од надлежните институции за поставување на ваков премин, со образложение дека таквиот премин би бил несигурен и опасен поради лизгање и нестабилност на почвата. Имено, од двете страни на мостот е мочурливо.

„Подготовките за започнување изградбата на мостот во Зрновци се приведуваат кон самиот крај. Одлагањето на почетокот на работите се должеше на повеќе фактори кои главно произлегуваат од големината и комплексноста на овој инфраструктурен потфат. Потребни беа дополнителни анализи на терен, обезбедување на различни дозволи и согласности од поголем број на надлежни институции, обезбедување на потребните површини за формирање на градилиштето, утврдување на решенија за постојните телекомуникациски и високонапонски водови и друго“, вели Димитрија Сековски, раководител на Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите.

Дополнително, заедно со локалната самоуправа се работеше на решенија за обезбедување на потребната комуникација на населението и бизнисите, како и осигурувањето на потребните социјални и здравствени услуги кои ќе бидат засегнати од подолгото време на патување по алтернативни патишта од Зрновци до Кочани за време на изградбата на мостот.

„Благодарение на залагањето на општината и големата поддршка на локалното население, и покрај првичното доцнење, се очекува мостот да биде завршен во рамките на предвидениот рок, т.е. до средината на следната година. Препознавајќи ја виталната важност на проектот во нормалното функционирање на животот во регионот, ќе бидат направени сите неопходни напори за негова навремена и квалитетна реализација, за што потребните средства се обезбедени во рамките на Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите. Од страна на изведувачот, конзорциумот Гранит – Фресине, почетокот на градежните работи е најавен за средината на овој месец“, додава Сековски.

Сепак, до објавувањето на сторијата, од „Гранит„ ако поставивме прашања за причинат на доцнењето, сепак не добивме одговор.

Граѓаните не даваат да се урне постоечкиот мост без алтернативен премин

Останува прашањето, и да почне „Гранит“ со изградба на мостот, најпрво треба да го урне, како што е планирано со динамит. Граѓаните остро се спротивставуваат на идејата да се урне стариот мост, без да се изгради нов, алтернативен, што лесно може да доведе и до протести и до нови одлагања.

Идеите за изградба на алтернативен премин до изградбата на нов мост пропаѓаат затоа што се или прескапи, или потполно неостварливи, затоа што ни една фирма не се нафаќа да гради премин кој е небезбеден, а од надлежните институции никој нема да добие таква дозвола.

Новото сообраќајно решение, односно алтернативни патишта кои ќе бидат користени додека мостот се гради се патот преку Виница или преку Теранци.

Граѓаните бурно реагираат на оваа алтернатива, па се прашуваат кој ќе им ги плати дополнителните патни трошоци, за такси, автобус или гориво во автомобилите. Сепак, сегашното користење на оштетениот мост не е законско бидејќи за него постои целосна забрана за користење дури и за пешаци. Тоа што жителите на Зрновци сепак поминуваат по мостот е на сопствен ризик. Општината неколку пати има поставувано барикади и знаци како предупредување дека мостот е забранет.

Жителите на Зрновци се разочарани и велат дека сега е доцна тие да се прашаат за мислење, откако се е решено, а во нивното мислење се бара покритие за лошите одлуки на локалната власт, која ја обвинуваат што се сложила со решение да се гради нов мост, без да се обезбеди изградба на алтернативен, евтин пат.

Ако, во меѓувреме се случи мостот да се урне додека го минува некој автобус или камион, а според градоначалникот, дневно по мостот минуваат и по стотина ученици и околу двесте работници, одговорноста ќе биде на властите.

НАЈНОВО ОД АНАЛИЗИ  
АНАЛИЗА
Што стои зад партнерството на Путин и Ердоган: Русите и Турците станаа „браќа по оружје"
Руските и турските воздухопловни сили на 18-ти јануари ја изведоа првата заедничка воена операција против Исламската држава во сирискиот град Ал Баб кој што се наоѓа во близина на Алепо.
20.01.2017, 12:11


АНАЛИЗА
Нештата по кои ќе се памети Обама
Американскиот претседател Барак Обама ја напушта, по два мандата, должноста а неговото претседателствување, со според многумина единствената вистинска суперсила во светот во моментов, ќе остане запаметено во прв ред по девет нешта.
17.01.2017, 09:07


АНАЛИЗА
Додека Трамп аплаудираше: Како Путин го победи Обама во нивната последна меѓусебна рунда...
Американскиот однос кон Русија за прв пат после долги години е пречекан во позитвна атмосфера во Москва – имено, поддржувачите на Путин тоа го препознаа како знак дека Русија е повторно светска сила.
11.01.2017, 11:07


АНАЛИЗА
Глобалната слика радикално се менува: Ваков ризик не постоел ниту во времето на Студената војна
Американските разузнавачки служби објавија извештај во врска со нивните предвидувања на ситуацијата на глобален план во идните пет години. Ситуацијата моментално во светот и тоа како е загрижувачка.
10.01.2017, 13:07


АНАЛИЗА
Дали Обама успешно му се спротивстави на Путин, или доживеа тотален пораз?
Американската администрација на чело со претседателот Барак Обама неодамна превзеде досега невидени чекори против Русија поради руската наводна вмешаност во американските претседателски избори.
05.01.2017, 11:37

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Мистерија стара 30 години: Девојчиња кои биле киднапирани во 1985 година, сега се пронајдени живи и здрави
Полицијата во американската сојузна држава Роуд Ајленд соопштила дека го решила случајот на киднапир...
ИТАЛИЈА
Лавина затрупала луксузен хотел во Италија: Има 30 мртви, а заробените молат за помош
АЛЕПО
Репортажа од Алепо од која ќе ви замрзне крвта во вените: Ова е место каде и децата се молат за смрт!
РУСИЈА
Заглавија на историското патување: Руски бродови останаа заробени во мразот, спасувачката мисија исклучително комплицирана
ШПАНИЈА
Прв пат по 90 години им паднал снег: Веднаш ги затвориле сите училиште

ВИДЕО ВЕСТИ

Чудо во Италија: Осум луѓе пронајдени живи под урнатините на хотелот затрупан од лавина!
Снежната лавина го затрупала во средата навечер малиот хотел, во кој, како што се претпоставува, имало околу 30 гости, меѓу кои и деца.
ВАШИНГТОН
Ни мува да прелета: Вашингтон како тврдина пред инаугурацијата на Трамп
АНАЛИЗА
Што стои зад партнерството на Путин и Ердоган: Русите и Турците станаа „браќа по оружје"
КИНА
Оружје на иднината: Кинески невидлив дрон кој може да понесе два тони бомби

ФОТО  
Дочекот на 2017-та низ светските метрополи

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ЦРНА ХРОНИКА
Снимка од почетокот на масакрот: Првите жртви биле убиени пред клубот!
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ!
Видео запис од утрово, на излезот од Скопје: Погледнете како не треба да се вози на замрзнат автопат!
ИСТАНБУЛ
Оваа убавица ги молела родителите да ја пуштат за Нова година во Истанбул: Прв пат патувала, но и последен
ТЕШКИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ
Блокиран автопатот Скопје-Велес во двата правци, над 200 луѓе заложници на снежното невреме!
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2017 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: