Денеска на 75-годишна возраст, по кратко боледување почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на поранешна Југославија.
Зад себе ги остави сопругата Виолета, внуците Лара и Лука, но и единствената ќерка Милица, позната естрадна новинарка, која минатата година ја издаде книгата „Живот на коцка” посветена на својот татко.Веста за неговото испраќање ја објави неговата ќерка Милица, која се прости со него со зборовите:
- Чао Благојче мој, знам дека и горе ќе се снајде...