АРХИВА : CHAT : КИНО И ТЕАТАР    
Скопје
15
ВЕСТИСПОРТЖИВОТШОУ БИЗНИСПЛАНЕТААВТОМОБИЛИЗАБАВАЕРОТИКАФОТОВИДЕОИНТЕРВЈУ
НАСЛОВНАСИТЕ ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОНСВЕТAНАЛИЗИ
Погребување на жртвите од масакрот во Сребреница
11.07.2013 | 15:29
Извор: Tочка
Прочитано: 2648 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Вкупно 409 идентификувани жртви, од кои што 44 биле деца на возраст помеѓу 14 и 18 години, денес биле погребани во центарот Поточари. Се уште се трага по околу 1.500 жртви од геноцидот во Сребреница.

Илјадници луѓе денес се собрале во Меморијалниот центар Поточари за да ја одбележат 18 годишнината од страшниот масакр и геноцидот во Сребреница. Околу 13 часот денес започнало спуштањето на ковчезите во гробниците, додека биле читани имињата на жртвите и годините кога биле родени.


Најмладата жртва на геноцидот добила име

Бебето Хава и Јахрудина Мухич, најмладата жртва на геноцидот, денес и официјално добила име и извод на родените, па така, таа не била закопана неименувана, туку го добила името Фатима. Младинскиот хор Зеница ја отпеал песната "Srebrenički inferno", која и оваа година допрела многу срца и ги расплакала сите оние кои дошле на Поточари.


"Сакаа да ја скријат трагата на босанскиот народ на брегот на крвавата Дрина. Тука, во Меморијалниот центар во Поточари лежат и ќе лежат најдобрите од нас. Тука се коските на оние кои доколку не биле убиени, денес би биле полнолетни. Нашата порака е правда, вистина, достоинство и опстанок", изјавил градоначалникот на општината Сребреница, Чамир Ѓураковиќ.


"Срцето може и мора се да издржи!"

Рамиза Шиљаковиќ, која денес погребала два сина, изјавила дека пронашле само неколку коски од нејзините деца. "Ми се јавија дека пронашле неколку коски и ме прашаа дали прифаќам да бидат закопани. Ние прифативме. Барем да можам нешто да им направам додека сум жива", изјавила низ солзи несреќната мајка.


Санела Шалиховиќ, која го закопала својот брат, изјавила дека "малку и е полесно". "Сепак, сега знам каде тој почива и каде можам да дојдам. Срцето може и мора да издржи се!", изјавила таа.


Денес во Меморијалниот центар во Поточари биле закопани уште 409 жртви на масакрот. Најмладата жртва била бебето Мухиќ, а најстарата е Едхем Рахмановиќ, роден во 1919 година.


Четириесет и четири момчиња

Од вкупно 409 идентификувани жртви, 44 од нив биле момчиња на возраст помеѓу 14 и 18 години. Шест момчиња имале 15 години кога биле убиени, а се уште се трага по околу 1.500 жртви од геноцидот во Сребреница.


На денешен ден светот се присетува на страшното злосторство на српските сили кои што во кули 1995 година извршиле убиство над неколку илјадници лица, претежно мажи и деца од заштитената зона Сребреница од Обединителите нации, која што војниците требале да и ја предадат на силите на ОН, но тие им ја предале на единиците на Ратко Младиќ.


Масакрот во светските медиуми се опишува како најстрашното злосторство во Европа по Втората светска војна. Во овој геноцид биле убиени околу 8.000 мажи и момчиња кои што босанските Срби ги заробиле по влегувањето во заштитената зона. Светските медиуми пренеле дека околу 15.000 деца и мажи успеале да избегаат низ шумата и да избегнат сигурна смрт.


Водичот на војската на босанските Срби, Ратко Младиќ беше уапсен во Србија во 2011 година, откако цели 16 години беше во бегство под обвинението на Хашкиот суд. Тој е обвинет за наредување на масакрот во Сребреница и за својата улога во блокадата на Сараево.


Никој не смее да го негира геноцидот

Американскиот државен секретар Џон Кери "во името на претседателот Барак Обама и американскиот народ", во соопштение напишал дека им се придружува на граѓаните на Босна и Херцеговина во оддавањето на чест и сеќавањето на оние кои што ги изгубиле животите во страшниот геноцид во Сребреница, каде што умреле 8.000 невини луѓе.


"Како што знаеме од историјата, вистината и помирувањето се неопходни за движење кон подоброто утре. Ги поздравуваме оние кои продолжуваат да бараат правда за жртвите и работат на тоа сите луѓе да се вратат и да живеат мирно во своите домови од каде што биле протерани. Сите обиди за повторно пишување или манипулирање со минатото, негирање на геноцидот или негирањето на мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина го негираме", напишал Кери.



НАЈНОВО ОД РЕГИОН  
АТИНА
Грција со нова вонредна помош за бегалците тешка 353 милиони евра
Од почетокот на 2015 година Грција доби вонредна помош во износ од 353 милони евра за справување со бегалската и хуманитарната криза, покажуваат податоците објавени од Европската комисија.
29.09.2016, 10:17


ГРЦИЈА
Во близина на два грчки острови регистрирани се земјотреси
Слаб земјотрес со интензитет од 4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран североисточно од островот Алонисос, соопшти Институтот за геодинамика при Националната опсерваторија на Атина.
29.09.2016, 10:16


АЛБАНИЈА
Руски воени експерти во Албанија
Претставници на руската армија, во средата, пристигнале во Албанија за да извршат инспекција на оружјето кое е користено за време на заедничката воена вежба на Албанија, Косово и Велика Британија.
29.09.2016, 09:48


БУГАРИЈА
Бугарија ја истакна кандидатурата на Кристалина Георгиева за Генерален секретар на ОН
Бугарската влада одлучи да ја номинира еврокомесарката Кристалина Георгиева за кандидат за должноста Генерален секретар на Обединетите, нации соопшти во средата министерот за надворешни работи Даниел Митов на почетокот од седницата на министерскиот кабинет.
28.09.2016, 16:26


АНКАРА
До сега уапсени 32 илјади за време на истрагата за обидот на преврат во Турција
Во интервју за турската телевизија НТВ, Боздаг вели и дека против 70.000 се покренати постапки под сомнение за поврзаност со исламскиот проповедник кој живее во САД, Фетулах Ѓулен, а којшто турската влада го обвинува дека стои зад обидот за преврат во Турција на 15 јули, пренесе БТА.
28.09.2016, 11:41

НАЈЧИТАНИ 24чaса | 7дена | 30дена

Исповед на млада политичарка: Ќе си ја уништам кариерата кога ќе ги откријам овие скандали, но не можам повеќе да молчам
"Зошто повеќе не можам да молчам за сексизмот во мојата партија" е насловот на текстот кој Јена Бере...
ХОЛАНДИЈА
Холанѓаните не спијат мирно поради Сребреница: Нè испратија во невозможна мисија
ЛИБИЈА
Командантот на либиските вооружени сили му испратил писмо на Путин: Сакаме Русија воено да интервенира во Либија!
СВЕТ
Америка ѝ постави ултиматум на Русија: „Ќе ги прекинеме сите контакти околу Сирија ако не се запре бомбардирањето на Алепо”
УКРАИНА
Истражителите потврдуваат: Авионот MH17 е урнат со руски "БУК", кој потоа е вратен во Русија

ВИДЕО ВЕСТИ

Германски новинар: Западот знае дека неговото оружје завршува во рацете на терористите
ЦИА ја координира испораката на оружје на границата помеѓу Турција и Сирија, рекол германскиот новинар Јирген Тоденхофер, кој се занимава со терористичките организации.
ГЕРМАНИЈА
Исповед на млада политичарка: Ќе си ја уништам кариерата кога ќе ги откријам овие скандали, но не можам повеќе да молчам
ВЕНЕЦИЈА
Бесните жители на Венеција ги истерале крузерите: Нема туризмот да ни го уништува градот!
КИНА
Мајката неутешна: Се родило дете без очи, лекарите немоќни

ФОТО  
Започна 183-то издание на најголемиот фестивал на пиво во светот, Октоберфест во Минхен

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ
ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ
Снимка од безбедносна камера во еден супермаркет во Арачиново, за време на земјотресот
МАКЕДОНИЈА
Црниот сеизмички појас претставува голема закана за Скопје
МАКЕДОНИЈА
Лавина од коментари: Погледнете го целосното немонтирано видео од интервјуто со Катица Јанева
ОХАЈО
Полицијата никогаш не објавила вакви шокантни фотографии! Причината е повеќе од оправдана
 

Вести
Mакедонија
Регион
Свет
Анализи

Спорт
Фудбал

Кошарка
Ракомет
Мотоспорт
Други спортови

Живот
Здравје
Модаи убавина
Љубов и секс
Патување
Kулинарство

Шоу Бизнис
Филм
Mузика
Селебрити
МК Сцена

Наука
Технологија
Автомобили
Забава
Еротика

Најнови
Најпопуларни
Фото
Видео
Интервју

 
Designed by
  Copyright © Точка Медиа 2005-2016 Контакт    Маркетинг   Импресум    
 
Вашето име:
Вашиот email:
Има на пријател:
Email на пријател:
Коментар: